Абе требa кaзнa дa имa рaди oние нa кoи им се смешни oвие рaбoти пa пo фејсбук ширaт пaникa и oд рaкaв кaжувaaт ...пишaл вo 4 сaaт ќе имaлo пoјaк мнoгу...aмaн секaквa слoбoдa и све експерти веќе!
Се сoглaсувaм сo Кечo. Не беше мнoгу јaк кoлку штo зaтресе. Дaј Бoже дa ги имa штo пoмaлку и пoмaлку.
Супер ми беше денот додека не отидов кај Господинот Павлов на фб да видам што има да каже. Некако автоматски се покајав 500пати што направив таков чекор. А плус мислењава ви се за во тема религија, мислам дека безвезе не давите со библии и делови од библии нас кои што ја немаме прочитано а и не ни е во план да ја прочитаме истата. Сето ова е природна појава која што не може да ја промениме и тоа е тоа. Земјата така решила, не Господ.
Јас ја разбирам паниката и стравот, во ред. Меѓутоа...Ако гледаме малку пореално на нештата, судејќи според постапките на луѓето деновиве, излегува дека никогаш повеќе никој не треба да спие, туку да се мачи. Дали треба да повторам дека природна појава, особено земјотрес - НЕ МОЖЕ да се предвиди. Сакам да кажам, тоа не се знае... Не сакам да делувам одвратно, ама тоа може да се случи и еден убав сончев ден , дали ме разбирате? Затоа, опуштете се. Тоа е работа на виша сила. Едуцирајте се како да постапите во случај на земјотрес и тоа е се што можете да направите, за жал. Како е речено-така ќе биде. Нема тука што да паничиме, да не спиеме или не знам...
Петрич, ни дијазпам ни магнезиум, ни Б витамини, ни чаеви, ништо не ме успива.. Сабајле од 6 до 8 дур не здрма склопив око и еве цел ден си лабавам. Не ми се ни спие шо е најтрагично... А немам ни капка кофеин ставено во мене денес.
Пред да им замерите на оние кои тераат на шала во ситуацијава, кои пишуваат разновидни досетки, се смеат, пишуваат статуси, не се паничат како повеќето од нас, сакам да ви кажам во неколку реченици, на најпрост можен начин, еден можеби малку познат факт, а многу важен: Организмите имаат развиено повеќе одбранбени механизми за време на стресни ситуации, а еден од нив е наречен "Лажен оптимизам". Механизам кој на некои им овозможува убедување дека ним тоа не може да им се случи,дека се безбедни, дека ништо не е страшно, па се смеат и ја користат шегата како средство за намалување на тензијата која телото природно ја произведува кога прави проценка дека сме загрозени иако навидум несвесно.Секој од нас е различен, со различен степен на интелигенција, како општа така и емотивна(ниво на зрелост),па затоа различно се справува со настаниве.Верувајте емоциите се оние кои го овозможуваат нашиот опстанок, а не разумот, ама таа тема поопширно друг пат. Плус постои и така наречен "мотив за припадност,дружба" што предизвикува луѓето да го прават она што би им дало чувство дека се исти како другите,во иста ситуација- оттаму пишувањето на еднолични статуси. За крај да кажам и дека не смее јавно да се кажуваат некои информации па да се разниша уште повеќе психата на народот, да не се создаде јавна паника која често пати има полоши последици од самата појава(Човечки стампеда, повреди, здравствени тегоби и сл.)барем малку да се намали тензијата и да не премине во невроза и псохоза!
Само дење мава, ноќе ок е, нема веќе да има земјотреси , се смири земјата, све е ок ... све е ок .... Готово е... завршено е... И земјотресот во стил на Тоа е тоа , пусти инат да докаже дека ќе работи и трета смена ако треба само да не држи будни Јас ќе си легнам, ако ме мава, барем наспиен да ме мавне.
Мислам дека прочитав некој прашуваше зашто има толку земјотреси на балканот, дури да не пишале ќе пишам јас накратко. Инаку , Македонија се наоѓа на европско-азиска тектонска плоча (ако добро памтам) и е во судир со Африканската тектонска плоча , границата помеѓу двете е некаде кај Турција и Средоземно море. Е сега фората е тоа што Африканската тектонска плоча многу ја сака Европа и настојува да и се придружи, и затоа се движи нагоре сантиметар по сантиметар. За илјадници години ќе го снема Средоземно море и ќе се спојат двата вљубени континента. Поради тој судир на плочите , кај границите (Турција) има почесто земјотреси... Бидејќи и Балканот е трусно подрачје(затоа треба да не се градат големи згради како во Америка на пример) честопати има земјотреси. Земјотреси има ги има по стотици ако не и илјадници секој ден на балканот , само тие се мали по 0.1-1 степен...и не се осеќаат... и од време на време ќе мавне некој појакичок... доволно да луѓето не спијат повеќе ноќи.
@Jovanaaa0301 Јас ако пеам или свиркам по пат, додека работам, или било каде рачунај дека ми е еден од полошите денови во животот и носам некаква тежина. Ноќва ја пеев Buddy Stuart - Sun shine on me За поплавата ја пеев и
Се покајав што дојдов Скопје. Господе ќе има ли крај?! Сама сум во станов, на 5ти, цимерките не ми се вселени. Што да правам што да чинам ќе ми пукне жолчка...
Нашиве ,,експерти,, поарно да ќутат, а зинат да кажат некоја глупост послем тоа има земјотрес, едно нешто не погодија али од купени дипломи и гзолижачки експерти толку, они увек имаат план, стратегија а стратегијата им се вика купи ден помини. Имаат цела студија на готово направена послем земјотресот од вистински експерти од цел свет за тоа каква е земјата во сите делови на Скопје, каде не треба да се градат висококатници, каде што како да се гради све што е битно за превенирање и џабе, бадијала плата земаат во тие институции.