Јас спиев како топ и дека ја имам симнато апликацијата глеам свети за земјотрес...па зар пак си реков. Се наспав убаво и моите хрчат музика пуштена гласно,нити чули нити видели.
Конечно! Конечно да спијам и да не го осетам уствари јас легнав кај 1, не ни видов точно. Пуштен тв.. Сум се спасила.. За вечер си купувам нешто за смирување, само кажете што оди без рецепт
Кој ги знае што и како е, треба на јавноста да и кажат , вака некои трауми си добијаа не се спиени воопшто Овај на фб го лајкуваа го отворив и некако реално ми изгледа зошто да не излези некој и да кажи уште колку се предвидува земјотресу, бидејќи секако стое тим зад сето тоа кое следи се што се случува, сепак не треба да се крија
Луѓе земјотрес не се предвидува може да треси а може и да беше и тоа синоќа последица од оној од 11 септември. Упорно прашуваат на тв новинари ќе има ли уште и 100 пати му се кажа НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ЗНАЕ. Јапонија не го предвиди па ние.
Јас го осетив тој сношти.. Одма у секунда сум се разбудила и си седев на кревет и гледав што се случува
Може да предвиди еве баш на канал 5 кажуваат дека имало тајвански апарат кој покажувал околу неколку сек пред земјотрес доволно луѓето да се евакуираат од своите домови
Јакичок беше тој од синоќа. Јас од спиење се разбудив. А сега читав дека пред некој пола саат имало земјотреси во Измир и Прага.
Канал 5 Шала на страна смешни ми се порталиве и телевизииве, освен за паника ширење и глупости трескање друго ништо не ги бидуе.... само рејтинг да се кревало...
И како тоа апаратот ќе открие, ќе стаса информација до телевизиите, луѓето ќе прочитаат, и ќе се евакуираат, и сето тоа во рок од 3-4 секунди?
јас само да го имам тој апарат нема да стигнам моите до спална да ги известам и да се евакуираме камоли на целата јавност ххахахах