Добро, си заминав јас од Скопје. Туку, да се потсмирите и да не ја преполнувате темава со офтопици? Пошо кога ќе ја видам на почетна мислам дека има коментар дека имало нов земјотрес. Подобро за вакви дискусии еден групен разговор да се направи а овде само за битните информации да пишуваме.
Од кај знам јас ?? Само видов тоа што кажуваа и дека се купувал и дека се носи со себе така се знаело дури покажаа и како изгледа, значитоа за понапредни земји каде што земјотресите се секојдневие а Македонија далеку од напредна земја,а да решавам тука што и како и да се докажувам најмалку планирам искрено Паника не ширам воопшто ни пак ми е гајље искрено Направивте во форумот галама небаре цел свет се срушил и само полните оффтопици и муабети.
Кај ти е К-то бе друже Секакви неписмени квази научници. Земјотресот ноќеска факт е дека не беше јак. Така ни се учини бидејќи сите по дома, повеќето спијеа. Спиев и јас, ме разбуди, и само почекав да видам за колку време ќе се смири љуљањето и дали ќе се разбуди ќерка ми. После си продолжив со спиење. Дај боже само вакви мали да се следните додека да се смири земјата. 3 степени некој не го ни чуствува, посебно ако си во движење. Еден слаб земјотрес за 24 часа, тоа е добар знак.
Според информациите, последниот потрес бил регистриран околу 11:20 часот претпладнево, но бил со исклучително слаба магнитуда од околу 1 степен според Рихтер, па граѓаните воопшто и не го почувствувале. Тлото се тресело со исклучително слаб интензитет и во текот на ноќта.Експертите велат дека тоа е нормална работа по поголеми потреси, повредено да има и помали и дека нема простор за паника.
Чисто информативно, на моја колешка од работа и пиша една нејзина пријателка што работи во маркет. Се зборело дека денес околу 16 и 15 ќе има земјотрес. Не знам дали и колку е точно али пазете. За секој случај..
Се зборело на пазар/маркет....абе кој може да каже,да предвиди....Си праат муабет немаат друга работа луѓево. И да има, ќе смениме нешто?
па не гледам вака објавуваат најавуваат па дај да и искористиме видовитост и за некој себап да видиме.
ne ste normalni zosto?Zatoa sto temata ja citaat luge so anks,luge pod sedativi,luge so panicni napadi,luge koi vcera se onesvestile od nespienje so denovi citaat majki cii deca vo toj period se u skolo,citaat luge koi lezat vo bolnica i nema kaj da begaat. a vie pucate so tajming koga ke lupne nov zemjotres. mojata kerka e do 5 vo skolo.Da odam da gi predupredam decata ili da gi ostavam u skolo i da stravuvam celo vreme dali ke bide nesto sega ili ne?