http://www.emsc-csem.org/#2 Овде нема нигде, незнам, што ви тресе вас, ама малце претерувате. Не сте единствени што ви се причинува, ама малце имајте осет. Проверивте тука http://www.emsc-csem.org/#2 Зошто мора да пишете. На вести немаат ништо кажано, ни па на страницава евидентирано.
Значи нема земјотреси. Халуцинирате најверојатно. На шести спрат сум , ниту сега сетив ниту ноќеска, ова си пишувате безвезе веќе.
Може не кажуваат во јавноста да не ги вознемираат граѓаните,кој да ги знае а дека имаше земјотрес имаше и јас осетив.
Можеби ти е до психата бидеќи деновиве на сите му поминаа во страв и исчекување да се случи следен земјотрес.
Е така ние, кога Скопје лежи на смртоносен јазол од тектонски плочи, и што е најтрагично има баш на тоа место издигнато згради. На крај викаат сите дека се смирува, ама ова пак нешто 3 4 ми оди.
Луѓе бе дајте малце посмирено Не паничете, ова се афтершокови, сосема нормално е по таков силен земјотрес. Овој во 5 јас не го осетив, кажаа дека бил 1.6 по Рихтер. Баш вчера зборував со една познаничка, ми кажа за силниот земјотрес во Валандово 2009 година, две недели по него имало афтершокови скоро секој ден. Значи нормално е ова. Само смирено, зашто паниката е најголемиот непријател во такви ситуации. Да не се случеше ова од неделата којзнае и дали ќе им обрнувавме внимание на овие помалите. Веќе влијае на психа. Ви посакувам убав и мирен ден на сите
http://skopjeinfo.mk/izutrinava-pochuvstvuvan-zemjotres-vo-skopje Да не ми излезеше на фб дека имало врска ќе немав. Глупости.
Јас,нешто слабо го разбирам овој човек Да,имало сабајле во 04.30 ч,ама тие се слаби и ретко кој ги осеќа
дали имате чуено дека некој се јавил кај јанко јади бурек ден - два пред 11 септември и му рекол да знаете дека на 11 септември ќе има земјотрес и јанко му исклучил и после тоа му се јавил истиот и му рекол кога се јавив тогаш виде дека е тоа вистина, следниот голем земјотрес ќе го има на 27ми септември. несфаќам дали стварно се јавил таков човек? и ако е вистина од кај би знаел