Поплави никаде не предвидел. За земјотрес не кажал ништо конкретно... Значи на човек доволно е да му кажеш еден збор за цела приказна да измисли. Како може да верувате дека овој човек има некаква врска со Бог? Значи не е логично. Земјотреси има скоро на цел балкан. Која е логиката баш во Скопје да има земјотреси од религиски аспект? Прочитав дека пишал како земјотресиве биле затоа што сме биле злобни и сме требале да шириме љубов. Сериозно? Ако е така, до сега Сирија требаше да ја нема. Можам да кажам дека нашава земја е толку за жалење, што и да сакаш на некој не може многу зло да му помислиш. Дај опаметете се! До вчера ќе се потепавте во темана Дали Господ казнува, сега тука ќе верувате на некој за кој вчера слушнавме.
И јас го читав некое време Павлов, и заклучив дека човекот себе си се смета за петтиот елемент! Петтиот елемент-љубов кој се бори против злото (ветер, вода, оган и земја се другите четири) и демек кога ќе се појават сите знаци за апокалипса, он е спасителот, или така нешто...Чакнато, нели? Ниту се разбирам од религија, ниту од астрологија па ако има некој да го објасни ова, нека пише. Може треба посебна тема да отвориме за "јасновидецов"
Сериозно уште се замарате со тој? Па ќе имало на 27ми, па било божја казна па не знам уште какви тракатанци кажавте. Убаво вика еден мој професор - таква нација сме што секој си кажува што му текне, и сите му веруваат, многу слабо ги гледаме работите од научен аспект, не се цени науката воопшто. Сфатете веќе - Земјотрес не може да се предвиди со ниедна направа и ниеден фактор не може да укаже дали ќе има земјотрес или не. Дознаваме тогаш кога ќе затресе, претходно не може да се знае. Дури и животните не можат да го предосетат, односно можат само секунди пред да затресе.
Потполно се согласувам со сè што кажа @Ketchup во врска со неговиот пост и тој Владо. Вратете си го филмот назад малку. Во 2009 година имаше серии земјотреси во Валандово, Гевгелија и Дојран и околините. Луѓето имаа потреси цел месец, па ете ги живи и здрави. И Кримсон убаво си кажа - земјотрес не може никој и со ништо да се предвиди. Така да олабавете малку со Владо.
Цело време ве читам овој или оној што кажал зарем тоа е битно кој што кажал,битна е реалноста а таа е дека не престануваат земјотресиве а тоа е многу лошо,
И што ќе смениме ако 100 пати го пишеме тоа дека не прекинуваат земјотресите? Кај ќе бегаме? Ако е пишано нешто кај и да сме ќе стрефи. Ај доста дигате паники и галама без потреба, јас трудна па сум поприземна .
Abre luge,posle takov golem zemjotres sto go imavme na 11ti normalno e uste nekoe vreme da ima poslabi zemjotresi.Loso bilo pa loso bilo.I dosta so tie predviduvanja od luge sto nemaat popametna rabota nego da sirat strav i panika kaj narodot.
Сосема нормална појава е. После силниот земјотрес на 11-ти сосема нормално е да следуваат помали афтершокови се додека не се смири земјата. Не е ниту чудно, ниту нешто ненормално. Дека е непријатно и страшно, да, ама дека е нешто невидено до сега не е. Мајка ми ми кажува за 63-та дека ги тресело еден месец после земјотресот.
Искрено не верувам дека ова се афтершокови ова премногу трае,ми е страв да на случи многу посилен земјотрес,многу е лошо и ова веќе е нормално да се паничи и да биде човек исплашен.
Не кревај паники за џабе и информирај се малце,нормално дека се афтершокови затоа што и сама приметуваш дека стануваат послаби и поретки.
А која е причината што од Скопје се "преселиле" во Карбинци? Чистиот воздух? Големата преселба на народите? Или земјотресиве ги следат скопјани.. И онака скопјани фатија магла кога тресеше, сега и другите градови ли?
Можеби звучи нелогично но можно е земјотресиве да се поврзани со подземните нуклеарки на корејците?Два дена пред земјотресот на 11ти септември си тестираа.Вчера пак.
Која е логиката подземното нуклеарно тестирање во Северна Кореја да е поврзано со земјотресите кај нас? Пјонгјанг и Скопје да не се збратимени градови?