Не само Турција...Италија, Јапан, Аљаска, Калифорнија, островските држави како Фиџи, Хаваи, Тајван... Што да кажат тие кутрите што буквално секој ден ги тресе! И тоа не мали, по 4-5 степени по Рихтер земјотреси. Има еден сајт за следење земјотреси преку мобилен, па скоро секој ден го отварам. Тоа е дечки...во котлина сме, опколени со планини, мора да се прилагодиме дека цел живот ние Скопјани ќе бидеме стресувани
Само без паника и трчање по скали да се излезе надвор. Ништо страшно ајде. Ќе биде се во ред, јас верувам во тоа
Абе да ни каже дека е тука, да не го заборавиме... Како бившиот/бившата , таман ќе ја заборавиш ќе ти пише дека уште жив/а Веќе не се интересни земјотресиве, тогаш тој од 5 степени беше оргазам, овие сеа тури им пепел.... Ама за секој случај , слободни денови за зимање спремни , шаторот е спремен, колата е пуна со бензин и тоа е тоа. А тој катастрофалниот што го најавуваат сите гатачи , икони или незнам кој , нека почека да догледам турската серија Украден живот на Канал 5, сакам да видам Бахар дали ќе се фати со симпатијата....А после што сака нека прави.
Кој е то земјотрес најавен за во иднина бе? Нели му помина рокот на оној ''закажаниот'' на дваесет и седми (ваљда на дваесет и седми) од Павлов?
За на 27 предвидоа - немаше. За на 29 предвидоа - немаше. Уште се обидуваат да погодат... ко за апокалипсата што најавуваа за во 2012, па 2015 или кога беше...е арно ама
Aбе јасно, ама следниов што ќе се ''случи'' за кога е? Да знам тој ден да не одам у тоалет по голема нужда...
Блазе нас , секоја година преживуваме катастрофални апокалипси , а секој втор ден катастрофални земјотреси ..
Decki, sinokja okolu 2:30 imalo ohrid ,struga a I skopje mislam...jas samo sto bev zaspana pa ne osetiv. Ima nekoj so osetil ili lazna vest e
И јас сега ќе кажев дека во Грција имало, па може се осетил и во Охрид. Јас во Скопје ништо не осетив.
Ајде, ајде не се жалете. Вие не го почувствувавте тој од 5.3 и тоа епицентарот да ти е одма под гз што се вика.
Само се прашувам што беше тој земјотресот во вторникот... можно ли е после толку време да биде афтершок?