Спојлер да да ќе се земат, баш пред некој ден ја фатив епиозодата од свадбата на алсат, таму се многу понапред...многу беа смешни
Јас гледав Спојлер Нико ќе биде нешто како во кома, овие сите ќе плачат, ќе жалат, па после ќе се освести, ама колку што разбрав нема на ништо да се сеќава. Близначките ќе бидат пораснати девојчиња, исто така ќе има едно мало машко дете (тоа изгледа е од Назли и Нико). Кадир ќе има некоја жена дома, Стела, ама ќе го остави. И таа ќе му напише писмо. Него кутриот сите го оставаат по писмо.
^^ Не знам стварно, јас барав на нет нешто да гледам, со превод ама немаше ништо ,пуштив нешто на Youtube, али ко ќе не знајш турски нема ништо да разбериш. Инаку сега засега ми е ептен јака серијава, за понатаму незнам
Што се случи во петокот? Не го гледав. Инаку преска фатив на алсат и тие се многу понапред од нас, штета што незнам ни турски ни албански па според сликите разбрав дека Спојлер Назли е бремена и покрај Нико и Назли имаше едно дете, можеби им е прво дете или незнам и да колку што разбрав од сликите бабата на Нико и дедо Мемик бараа стан изгледа заедно се или не, нешто слично, а овие нашиве најмногу му го доловуваат гласот на Караман тоа разбрав од сликичките, се ѕверев во телевизорот како теле во шарена врата али ајде како да ми поминеше времето
Ле-ле ме иритира гласот на Фериде мислам ќе го скршам екранот и ќе и ги извадам гласните жици Спојлер демек до глумицата е
Спојлер Бабата на Нико и дедото на назли ќе се земат. Потоа на НАзли нешто ќе и се случчи дали ќе боледува од леукемија нешто така, но ќе се опорави,Ана и Кадир ќе бидат заедно. Абе циркус ќе се!
Јас и оваа серија ја загледав Не ја гледам од прва епизода и сеуште не ги знам сите имиња, така да не ми замерувајте ако пишам нешто безвезе... Назли и Нико не ми се толку убави колку што се слатки, baby face двајцата имаат. Ама убав пар се, совршен. Исто така и Кадир и Ана баш си одговараат. Инаку многу ми е смешна серијава, во секоја епизода има по нешто што ќе ме насмее. Сестра и на Назли многу ми е смешна, посебно пред да се породи, таква огромна, со рашчепени нозе, а и во фацата ми е смешна некако, какви гримаси прави. Мажето си го вика бебе, а мајка и на Назли Караман го вика МАЈКА. "Ајде мајка те молам" И цело време се смее жената кога зборува. Од почеток не гледав редовно, ама баш помнам наслушнав нешто околу оној сунетот кога го наговараа Нико. И некој од неговите кога му кажа: "ќе те измамат синко немој, ќе ти ги смкнат гаќите и оп- ќе ти го исечат" А овој па лудиов старец денеска, кај Океш што работи, баклави со вијагра, кој ги јаде на 20 кокошки може да се качи- така ли нешто беше??? Спојлер Жити се? Мислам за дедото знаев, некако си претпоставував уште првпат кога се скараа, ама зарем Кадир нема да биде со Ана? Ама веројатно ќе оздраве м?
Рушен:Добро еве доаѓам со светлосна брзина Караман:Не се знае дали со светлосна брзина или со брзина на запрежна кола