хаха девојки сте и се сипале на назли, конкуренција јас не сватив зошто кадир и ана се скарале ама сепак на википедија пишува дека кадир ќе се оженел со Стела - секретарката на нико - денеска ја покажаа како шпиунира за Ефтерија или како и да се викаше грчката вештерка
^ Раскинале. Таа му оставила порака и му имаше напишано нешто во стилот биле од различни светови, нешто како збогување. Инаку и мене многу ми е лигава Назли. А го види Нико со женска побудалува, а немаше ништо да ги спречи да бидат заедно. Убав глас има, нежен, ама стварно ми оди на нерви. Си живее како газдарица, а сестра и како роб, заедно со Рушен. Па и семејствово појќе по неа, сеа богата е, нели. А Назире како гревче. Ама тоа е, кога ќе си земеш богат маж, не е исто. Назли преубава била бе, па и со шминка цртите и се истакнуваат, прекрасна. Јас баба му на Нико ја знам како Ефтелија, а не како што ја викате сите Ефтерија
Леле незнам што да кажам за серијава. Стварно цепки се сите . На почетокот не ја гледав многу, ама сега не ја пропуштам. Најмногу од се сакав да се венчаат Назли и Нико затоа што се сакаат толку многу што неможат еден без друг. Тие си се венчаа и сега оп - наеднаш бебе. Многу ја забрзаа серијава некако, Назли веќе во 7 месец со машко дете, близначките на Назире пораснати (веќе не се бебиња)... Исто така и на Доне и дојде редот - си се омажи за Хамид . Баш ми е срцка, душички се со Хамид. За бабата на Нико нема што да се збори - права вештарка бре! е ваква е -> Толку многу сакаше да не се венчаат Назли и Нико, а откако се случи тоа, сега сака да им го расипе бракот. Сакала да му најде на Нико некоја друга девојка, демек поубава и послаба од Назли (дека сега е бремена). Спојлер Кога прикажуваа што ќе се случи во следната епизода ми падна жал затоа што ќе излезе фотографијата со Нико и таа женската што ја донесе секретарката на Нико во весник и Назли ќе ја види. Дедото Мемик баш ми е интерен, стар прч - како што го нарекува грчава вештерка хахаха . Колку сакаше да му направи сунет на Нико и да го прекрсти во Наки, ама ете не му успеа. Тоа е. Овие малечкиве близначки какви се слатки, кај ги најдоа такви исти, срцки бре. Жал ми е за Рушен и Назире што си отидоа од куќата на Караман, но што е тука е. Караман си направи грешка и им се развика, па сега нека се кае што нема да може да ги гледа близначките како му се моткаат низ куќата. Фериде малце како забегана ми делува, ама ја жалам бре ни таа не знае што да прави со себе и со Караман, многу се плаши од него. Овие Рабије и Џелаир скроз забегале, сега ќе се земале ццц. Им посакувам среќа во бракот ако Џелаир не си го добие ќотекот од Рушен. Кадир и Ана, ете раскинале, оваа му пишала писмо демек биле два различни света. Ај, ќе си најде тој подобра, хахаха. На Мустафа Џан му се скрши срцето кога ја виде Зехра со тоа другото момче, а толку многу ја сакаше... Е, баш ме интересира, ќе се смират овие Океш и Караман?
Eлефтерија е правилно. Hего не ја можам Jас Hазли веќе Mислам дека кога ќе ја даваат нејзе ќе ја сменам, додека не сменат сцена па толку разлигавено мизерно суштество,со тој татко и се исти значи! Tоа па прасето, како му се испоразвика на Pукшен, а на Hико мора газот да му се лиже, па нели тој е богатиот зет Pукшен се има направено за нив така му прави, се на него му се дере. баш сакам да си отиде од дома. Cеријата е океј, и смешна и се, ама Kараман и Hазли нека ги снема само Eдит- A Kадир ќе биде со Спојлер оваа Cтела , ама Спојлер после со друга ќе се прежени , тој па женкариште да ти испаднал
Абе дечки ме збунивте сега Кога му се развикал Караман на Рушен и зошто? А оваа Назли и мене многу ме нервира Мочла една, се откажува на денот на свадбата бре бре. Па јас да бев на местото на Нико одамна ќе и раскинев. Лигла, кога ќе ги испрчи тие уста нејзини, уффф и сака се по нејзино да е. Btw таа нивна љубов и не ми изгледа кој знае колку голема, ништо посебно, сум гледала каде каде поголеми љубовни приказни.
Навистина на денот на свадбата иако знаеше дека случајноо бил во кафуле во танчерката и иако ја знаешее цела приказна и текна опп-нема свадба...
Мене некако многу ми е чудна серијава во однос на времето кое е поминато од свадбата на Назли и Нико. Сите се однесуваат како да не е поминато многу време, туку само неколку месеци (7-, сите ликови се исти, па дури и Мустафа Џан не е пораснат воопшто, а девојчињата на Назире и Рушен оп наеднаш пораснаа. Мене искрено тие деца ми изгледаат како да имаат 4-5 години, иако морам да признаам дека се многу слатки.
Караман му се развика на Рушен во вчерашната епизода затоа што неговите ќеркички беа немирни. Тие му ја искинаа фактурата на Караман и затоа тој им се развика и на нив и на Рушен. Овие го смируваа дека може да се залепи ова-она, ама после Рушен заедно со жена му Назире одлучија да си заминат од куќата затоа што неможат вака да продолжат и немаа каде на друго место да отидат, па отидоа кај мајка му на Рушен - Рабије.
Многу интерсна серија хахаха солзи ми течат од смееќе дома ,а имам читано по интернетов дека Спојлер Кадир ќе се женел со Стела, дека Нико ќе има сообраќајка и демо Мемик ќе му даде крв и Вештерката и Стариот Прч ќе се венчаат, Назли и Нико ќе имаат две машки деца (или 3) ама мислам дека две беа и првото изгледа ќе се вика Еге (не сум баш сигурна за името)
Хаххахахахаха не е гледав предходно епизодата Наки ко го правеа сунет,гледав денес.Абе смешки живи. Спојлер Иначе ме интересира,што ќе биде со Назли и Нико,ќе имаат ли некој пречки после венчавкава? а и да какви имња ќе имаат деците?
Хаха.. Серијава е ЗАКОН! Кога ја гледам неможам да не се насмеам.. Најјаки ми се старите .. Вештерката и Прчот хахахахаха...
Не го гледам ова ама пред некој ден вртејќи фатив кога таа Назли го пречекува овој Нико и му вика Добредојде мажу мој бизнисмену се изнасмеав , синхронизацијава е ОМГ хахахаха
Еве ви неколку сликички за да видите... Спојлер Назли со синот download/file.php?mode=view&id=76607&sid=EqTkVwzsS95Zh3SJi0McI0stdLJmAkTY Нико и Назли со синот download/file.php?mode=view&id=76608&sid=EqTkVwzsS95Zh3SJi0McI0stdLJmAkTY Еве една сликичка со целото семејство.Ако ве интеерсира видете ја керкиќката што ќе ја имаат. download/file.php?mode=view&id=76609&sid=EqTkVwzsS95Zh3SJi0McI0stdLJmAkTY