Има реприза од серијава? Не ја гледав вчерашната епизода а на најавата ми се чинеше доста интересна па сакам да ја гледам.
хахаах леле како ја сака оној свршеникот на назли ке се убиел,па и имиџ смени ама да има некој што би сакал вака девојка
Да само Нико не е Грк, туку е турчин кој глуми грк, доказ дека и меѓу нив и нема некоја разлика нели, а башка сме виделе и грци налик свршеникот на Назли... Инаку Нико е навистина убав, ептен е секси, малку ми делува умислен, но за разилика од другите ликови во серијата овој е мелем за очи.
Никогаш не сум паметела лето само заради некоја серија, па нема и сега. Но, навистина серијава е интересна, онака, комедија и романтика А пак Никооо.. А овој Кадир никако да се откачи од Назли. И Ана ми е грдичка. Ама барем околу 18h да играше, вака летово нема да можам да ја гледам
Лесна серија, да си го пуштиш мозокот на пасење. Ја загледав деновиве, од пуста болест нигде не можам да излезам, и интересна ми е. Права комедија. Не ретко се смеам на дедото и на таткото на Назли . А тек сеа идат смешките. Што ќе ти прават Никооо, чувај се
http://www.youtube.com/watch?v=bMGyQoDQaFg Eдит- еве ја и Aна ја пее, Hаталија се вика, пеачка е http://www.youtube.com/watch?v=CZdDS7T6qpI
Cега читам Спојлер дедово на Hазли ќе ја ожени бабата на Hико бре,а цело време ќе се мразеле , Kадир ќе ја ожени некоја си Cтела таму, секретарка на нико. Hазли и Hико ќе имаат син глупости на квадрат бре
Серијава од ден на ден станува се поинтересна. Барем можеш да се опуштиш малце после напнатите сцени во ''Бурни времиња'' и да се замараш околу матурскиот испит.
Значи и Нико бил турчин а? Јас мислев грк дека е, дека и грчки нели збори, што знам. Инаку ја загледав серијава, ми изнудува насмевка на лицето. А и овие двајцава главни бааги убави, да ти е мило да ги гледаш какви се
Спојлер а како ќе реагира дедото кога ќе дознае дека нико е грк?Како ќе го прифатат? може некој што ја гледал серијава однапред што ќе се случува ме интересира
Ја гледав првата епизода, ама ништо посебно не ми се допадна. Мене ми беше иста како и секоја друга турска серија.