Назирела is my idol „Ќерко тоа зеленото на кое седиш е блу“ „I am ... Welcome“ „Татоооооо, не тепаат тато“ Само поради неа вреди да се гледа серијата
Ех мори Назире, секогаш успеваш да ме насмееш. Ама прво ти да научиш дека за зелено е грин, а не блу, па потоа да ги учиш и ќерките.
Ѓуле Рушенн, абе се пославввввв Најакото, Караман вика, ќе ја викниме на вечера старата вештерка и ќе се куртулиме од неа Феридe: Како тоа? Зар ќе ја отруеме?
Серијата баш ми се допаѓа и стварно е интересна, но Назли стварно претера за се се луте и само оди кај мајка и
Абе Нико, Нико шо мајка те роди толку убав. Ама оваа Назли, антипатична колку ми е...уфф.. Назире ми е срцка бре. Стела може вода да и носи за англискиот. То црвеното топче е ред, тоа зеленото и блу. Така е ма срцка
браво за нико убаво и покажа на назли, неќам да бидат раздвоени ама назли треба да свати дека претерува со нејзината љубомора и да и текне да си оди а кога ќе посака да се врати кај нико и да и прости оти згрешила, епа сестро секој ден не е велигден, не може се да биде по твое арно и направи нико,па му се смачи на човекот толку да не му верува дека ја сака а ефтелија и мемик се срцки караман не требаше така да постапи, греотка, многу ми се слатки,таман почнаа да се сложуваат и со е најважно не се веќе против бракот за да ги разделат нико и назли, туку да ги спојат,срцки
Леле Назире значи стварно забегала бе Назире: Ајде ќеркички, сега мајка ви ќе учи, а вие слушајте и учете (нешто во таа смисла) ајде ќерко, ред ред.. Сафијее Ццц, се згазив од смеење
Што ти значи љубов бреј.Цело време мисли си читаа еден со друг,во исто време се јавија и двајца на телефон еден кон друг.Срциња тие. А Нико,си го сакам дома да ми седит Која убавина е имат бре..
Ајде некој да ме просветли, зашто мајката на Назли ја синхронизираат како да е лупната со мокра чарапа по глеава? И оној Караман, аууу дерење човек полека бре , полека. Инаку убаво и направи Нико со разводот. Едно две трча кај мајка и . Е па еве ти го на. Мој мој до мојега.
Стварно, искрено и мене ми е мило за Назли. Браво Нико Епа госпоѓата нека си ја научи сега лекцијата! Мамина и татина ќеркичка, бре бре... Јас разбирам дека на никој нема да му е сеедно да си го види мажот на слика со друга жена, ама чекај малку бе, како прво повеќе верува на една обична луда девојка одколку на мажот. А како второ, се спакува и право кај мама, без разговор без ништо, па каде го има тоа?! Рушен и Назире ми се комедија. Такви простички ама интересни, па и добра душа имаат што... Овој Рушен кога ги построи сите да им раскажува пред некоја епизода- многу ми беше интересен. А вчера... А Назире со тој англискиот, со тие фаци, абе секогаш ме развеселува нема што. Идеален пар се, баш убаво си се нашле. Караман и онака многу ме нервира, ама вчера посебно. Стварно ја мина границата. Малку што во се се мешаат со жена му, па сега уште и ова. Нема почит кон татко му! И само вика, вика, вика, досаден е веќе. И овие Ставро и Елени јака им душа како го трпат...
Ајде во среда ќе се смират.... И мене многу ме нервира Назли, премногу, ама жал ми е за Еге да расте без татко поради глупости. И двајцата не успеаа да нараснат во бракот, да го разберат бракот, но ќе биде... Назирела ееее ЗАКОН, исто и Караман многу вика ама колку ми е смешен кога ќе се вцрвени цел, и во средата емисијата кога си се извинуваа со Ставро демек пошто рекле лоши зборови (иако Караман многу поише не штедеше на зборови а и во криво беше) и му се извинува Караман на Ставро демек извинете за лошите зборови и Ставро му вика да да си кажавме лоши зборови и Караман одма А ПРИЗНАВАШ ДЕКА ЗБОРЕШЕ ЛОШО Се утепав од смеење... Врв ми се сите освен лиглата Назли ама ај може ќе се опраи
Жити се ,ве молам најмногу кој ке може да нјаде линк од епизодите од понеделникот до сега епизодите и со превод Неможам...скапав од смееење каде што ве читам камо ли да ги пропуштам епизодите ...Ај ве молам најмногу ако моооже некоја да ми даде ,па мајкуми и јас да се насмеаммм тро.... Ај ве молам.
5дена ја немам гледано серијава и незнам што се случувало...може ли некој да ми каже од се по малце на кратко? :geek:
на нели отидоа во грција и оваа есра скрос полуде и кажа на селаде од медиумите до ефтелија дека е во врска со нико.... и назли си отиде кај мамичка и татичко и поднесе тужба за развод и двајцата кажаа дека сакаат дас е разведат но судијата гоодложи судењето за 3 месеци со изговор дека се сакаат премногу и дека тоа им се гледа во очите....
Назире ја прекрстивте сеа? Луѓе бе, заразна е серијава, реков не ја гледам, ама моиве ја гледаат се смеат, и како да не седнеш да се насмееш со нив ? Таленти се бе, Назире(ла) сигурно одела со Кадир на курс.
Да, таа ги киднапирала како што можев да прочитам во претходните мислења, а иначе не сум гледала што ќе се случи допрва. Како и да е ваљда се ќе биде во ред.