Лелее да бе мајкаа, Мелек била шала на страна, серијава катастрофа стана (според мене).. не ја гледам најчесто бидејќи во исто време ја гледам Leverage ама многу досадни ми станаа Назли и Нико со она - ќе се разведуваме,нема да се разведуваме, ќе се разведуваме, нема да се разведуваме, Нико ме изневерува, сега пак се сакаме, Назли е љубоморна па затоа се разделуваме, аа не, сега пак се сакаме.. аман веќе Make up your mind, people!! а и мајка и на Назли ми е многу антипатична, веројатно поради гласот кој и го дале, ко ќе почни да се кези - аааа хах ха ха Назлии, Назли е на телефооон, Кар - а - аман!! ко некое ретардирано дете а за каква болест зборувате, од што е болна Назли ??
Офф леле, Назире мори Како се нашлапала со карминот, па тоа образите црвени, а Стела беше вистинска катастрофа, како лаур бре иста... Назире мене ми се однесува како разгалено детиште, и воопшто не ми се допаѓа нејзиното кенкање, дерење, кикотење.
Еве неколку сликички од мене Фериде и Хајрије не се нормални,ќе се пријават на натпревар за пеење Спојлер
Спојлер Еве што треба да се случи следно Овој Џелаир ќе ја изневери Рабија и тоа ќе го прикажат на Тв ама со замаглени лица ама оваа ќе виде дека е маж и и ќе го избрка и овие сите Фериде,Назирела и Хајрие ќе отидат кај неа после разделбава и знам дека ќе се згазат од смеење иначе ова кловнот е Есра тука Еге многу ќе плаче и нема да сака да проба торта па Назли ќе го земе внатре ко божем да го пресоблече да го смири за тоа време оваа Есра ќе му даде роза на Нико и тој ќе мисли кој/а е оваа али нема да му текне и Есра ќе влезе внатре. Назли ќе ја виде дека е влезена и ќе мисли онака ама додека Назли го гледа Еге оваа ќе извади нож ама имаше огледало и Назли ќе ја виде од огледалото и ќе ја бапне на плакарот, ќе и ја фрли периката ќе види дека е Есра,ќе вика и прва ќе протрча Фериде ќе ја види Есра ама она ќе побегне ќе ја бркаат а Назли само ќе биде исечена на раката и Еге ќе биде добар. Иначе ова случката со Џелаир и роденденов мислам дека се различни епизоди, зошто ова го имаше на Алсат меѓутоа на албански и не се разбираше а другово на јутуб
Едно нешто не ми е јасно Спојлер Како Есра ќе биде кловнот кога требаше или да ја затворат или во лудница да биде, ќе побегне само за да и впери пиштол на Назли?
Јас сум на страната на Есра. Ова е само серија и не се притресувам многу за Назли, многу ме нервира, и затоа си ја сакам Есра. Можеби изгледам лошо, а и што ќе му ја секирам за една серија. Go Esra, Go... растури ги сите. Да се разбереме јас не го оправдувам нејзиното однесување да упропастува семејство, знаете сепак љубов е, нема врска што е љубов, ќе се преболи кога знае дека нема шанса, дека не го сака и дека е женет ќе се откаже, ама па таа крива е што семејството Баклаваџиоглу е шакнато, сите се луди, не знаат што сакаат, паничат... па таа е шлагот на тортата. А и впрочем таа е интересна, друго што ќе гледаме? Кај што одат на бајачки, кај што лапа ко вол што не видел храна Караман или каде што Стела се мршти ? Ако не е таа, тие ќе бидат среќно семејство, вака сепак возбудливо е со Есра, и онака никогаш не ги гледаме среќни.
Онаа Назире,мајка,како празна воденица меле.Само збори,кога треба и кога не треба. Ги снимаа девојчињата и и рекоа да престане да збори,таа во филм влегува. А леле оној Караман нервозен колку е,само му се дере.И најлошо е што не дозволува никој ништо да му објасни,се по негово.А Грцине колку се стрпливи, некако помирни од семејството на Караман .Назли им се јавува им цимоли овие без да знаат ајде одма ќе одат ќе ги тепаат,Нико им ја грабнал ќерката.А и Назли колку е само разгалена и лигава,Нико колку ја сака,а таа... Спојлер Есра е вистински психопат,колку злоба во нејзе,ауу Инаку серијава е супер,барем засега
еве го тоа со Kловнот Eсра понапред значи кај нас се до 65 епизода , а колку што памтам 100 и некоја има, па се ближи крајот http://www.youtube.com/watch?v=BEezW5vy2Gc и пишувајте почесто што се дешава во серијава Eдит- Eве ја Eсра пак на поседната минута од видеово, со Спојлер пиштол ќе и се избаци на Hазли, болесник! http://www.youtube.com/watch?v=h-6uplUT ... re=related
Можит досадна су, ама некој во 5-6 реченици да ми кажит што се случи денес, не бев во можност да вклучам телевизор.
Серијава ми е омилена досега не е како обичните,оваа знае во секоја епизода да те изнасмее..Посебно последната епизода колку е пресмешна! Најсмешни ми се Караман и Фериде,Мемик,понекогаш и мајката на близначињата..
Серијава не ја гледам, ниту сакам да ја гледам. Гоце Делчев се превртува в гроб кога ќе слушне што гледа народов. Циркузанти се овие, поточно кажано.
Мемик и Ефтелија се смирија и Мемик даде услови за да се врати во куќата на Караман и Караман прифати полуде кога ги виде девојчињата во рекламата кога си одеше Ефтелија со другите Мемик и подари прстен потоа се договараа кај да седат дали со Грција или во Антеп едниот несака ваму другиот таму ама се договорија и отидоа на едно место Рушен го плати долгот кој Џелаир потоа жената на Муарем отиде кај Караман и кажа дека Муарем е коцкар и конечно Караман дозна го фати на дело и Муарем му вети дека повеќе нема да се коцка Океш купуваше лекови за бебето и Рабија го слушна и на сите кажа дека е од швалерката на Океш и дека ја присилува Хајрие да го чува Мустафаџан донесе дома куче а Назире била алргична на мачки и кучиња и штом го внесе одма почна да кива Океш го викна семејството на Караман за да каже за бебето и толку се надевам дека не пропуштив нешто ако ми текне друго ке напишам
Серијава знае да насмее, но не е нешо голем квалитет заради луѓето шо ја праеле, нема врска шо сме биле така како шо сме биле со Турците 500 години... И аман таа фраза „Гoце Делчев се превртува во гробот“ коа ќе стане демоде више? Не сте интересни!
Мене серијава ми е ужасна,со извинење на тие што а гледат. Толку прост,малограѓански хумор на едно место неам видено одамна. Од дневна го слушам како се дерат како волетани со беснило... Тоа смешно е на некој? Урлање? Незнам и концепт и реализација се на се,одвратно ми е.