Прескокнете ме и скролајте надолу оф топик Спојлер Луѓе и мене страшно ме нервира серијава, ама што да правам, мајка ми ги пуштила двата телевизори со сестра ми и се се слуша, па и да не сакаш да гледаш. Сакам да бидам во времето кога ги давале наше маало и некои други интересни серии, а не сега вакви ама ете следам, колку и да се откажувам исто ко сеир да фаќаш, толку глуперди собрани на едно место.
Мемиk и Ефтелија,Назли и Нико,Рушен и Назире,Ставро и Елени ми се срцина....срцки... Караман и Фериде откачени ,на момемнти ме нервирааат ама смешни се бе... ^^Хахаа како ќе им се ОДМАЗДАТ Хахах,офф леле серијаваа е за отепување од смееење,абе сега се скинав од смеење Фериде:Елени чувај си го ти тој твојот а јас на овој очите ќе му ги откорнам (смајли што ти ги пика прстите в очи)!!!!! И му ги забоца прстите в очи....
Ми се гади од Назире..Просто неможам да ја гледам...Саможивник,проклетник,дебил,вол,ретардо...ми се гади човече од нејзе...Начукала 40 години се однесува како 3 годишно дете и тоа со посебни потреби..Па и таа Фериде уште поодвратна ми е бе...Каква мајка таква ќерка...Не дај боже да ти се дома има да полудиш.. Назире+Фериде=Комбинација смрт...
Назире мии е смешна ,Назире ми е срцка... Фериде понекогаш кон нејзе се однесува какоо кон магаре. Назирее е срцка. Очила ,Евее за Нико: Спојлер Нивниот сметководител има направено веројатно големи трошоцина сметка на нивната фирма и затоа ке го притворат Нико.Незнам како но ке го ослободат. Подоцна ќе го изгуби памтењето.
Очигледноо ќе имаат доста сведоци,мислам дека и Назли ќе се замеша и затоа ќе го ослободат.Ништо повели и друг пат.
мн јако со кучето кога го бараа караман и рушен караман: чикитааааааа, чикитааааааааааа каде си чикитааааааааааа рушен: чикии, чикииииииии, чики кадее сии, тато не грижисе ќе го најдеме караман: дада рушен како се викаше чикииииииииииииии, чикитааааааааааа хаххахаха замалев не беше баш вака ама слично
Не знам дали нема да ја даваат, мислам дека ќе ја даваат, би требало да дојде на свадбата на Ефтелија и Мемик. Иначе да, и мене ми е омилен лик, многу се разликува од другиве, се си е смирена, за се наоѓа решение. А овие другиве од мравка слон одма прават.
Фала богу оваа Назли почна да работи не само што правеше дома се излежуваше. Ако завршила факултет не знам зошто го губи времето дома и онака ништо не правеше
колку ме нервира оваа Назли...што е да се јави во Атина...место на Ставро да му се јави, таа на мајка и и се јавува.... и врвот....Фериде:Мустафа џан се породи... ле-ле свашта
Леле умрев од смеа со Фериде и Назире кога ја пееа оди си пред Караман..Ме потсети на песната од ГУЛАБИЦА-Оди си..За Нико ми е многу жал ни крив ни должен го наместија,а овој Мемик го претера..Претерува со неговата љубомора како да има 20 години,за ништо и се налути на Ефтелија Иначе добро е што Назли почна да работи,да види како се заработува леб,не само по цел ден дома да се излежува и по телефоните да збора Назире исто така ме нервира кога се понаша како дете,се бунеше за едно куче..Па редно беше и Мистик да добие нешто,мал знак на внимание..Таа доби кола незнам што сака веќе...Исто така ми е и глупаво со Есра,одма ги залажа докторите за да и поверуваат.Па какви доктори се тие???~Не можат да спречат една психопатка
Добро бе мајка му стара, онаа Назире мора ли сегде да ја има?! Ќе оди некој некаде, оти и она не оди?! Рушен ќе работи, ајде и она да оди на работа, Фериде почнала на хор, зошто она да не одела. Аман бе, за се ли те бива жено. Да, за секаде да се избламира ја бива најмногу!