Хаххаха, како сум се изнасмеала вчера еј. Овие лудациве како го заврзаа Мемик па уште и химната му ја пеат. Леле леле
^Караман и Фериде сигурно знаат, нив ги прашај инаку јас незнам ама ми беа вчера интересни, колку се фалеа што биле заедно во авион, па демек таа ги повикала на кафе
Многу ме нервира оваа Стела. Што се глупира, за глупости го остава Кадир. Да го сакаше искрено ќе беше со него и во добро и во лошо. Многу ме нервираат вакви фацки кои се прават наивни и невини -.-
Џандан Ерчетин (Candan Erçetin) Инаку стварно беше кукавички потегот на Стела од вчера...ама и Океш па, малце ли и` е нејзе тешко, уште вика „на други деца ќе гледаме шо да праиме“...ко тоа да е плукни-залепи. Ај он нека роди да го видам. Дури како да им олесна кога оваа утредента замина...ги мразам ејјј и него и таа жена му.
Мака ми е, вчера не гледав. Денес реприза не можам да гледам. Ееееееееее, а серијава закон е. Што се деси?
Епа вака на кратко:откако никоа падна го однесоа во болница и докторите не знаеа што би можело тпчно да биде.сите беа многу тажни,плачеа и така,назли особено.докторите рекоа дкеа би можело откао ке стане да биде парализиран,да не може да зборува и така бидејки не знаат колкав дел од мозокота е оштетен.елефтеја викна некои доктори од грција да го проверат ама и тие го имаа исотот мислење. во мегуврме рушен и кадир и со семејствто освен назире се вратија во антеп таму сите се молеле за нико.по 48 нико се разбуди и ја стегна рааката на назли и сите беа многу срекни. во мегувреме стела го изгуби детето и кадир и океш и мајка му беа многу тажни затоа утредента стела си отиде затоа што не можеал да има роди дете и не може да ги усреки.а во истанбул дознаваат дека нико го изгумил помнењето и повторно се тажни. изгледа многу претерав и навлегов во детали али тоа беше горе-доле.
Нико душичка за греотка... И за Стела многу ми е жал.Кутрата не моѓеше да забремени а кога се случи тоа го изгуби Но,не требаше да го остави Кадир,ке ја поддржуваа.Не требаше вакаа да бидне. Леле сношти се расплакав кога гледав
Многу ми е жал за 2-личности: Нико и Стела Кутар Нико само за да да си ги зачува жената и детето се фрли заедно со Есра Колку за мислете и животот би го дал и јас сакам таков маж За Стела исто така ми е жал што овој Океш само и збори за бебе па бебе. Остај ја девојкава не раат малце ко божем светот ќе пропадне мн. ме нервира ко божем она не сака да има дете абе ај оди
Од се најмногу ме нервира синхронизацијата нема врска со оригиналот како прво насловот не е Зет Домазет туку се преведува странски зет а да не зборам за тоа што го преведуваат али ај. Инаку овој Рушен како успева да ме насмее алал нека му е па тоа како игра рацете горе сум прснала исто и на таа епизода кај што продаваше влечки на столот искачен со палтото на половина врзано алал да му е како се снаога во улогата ради него највеке ја гледам
Добро што и дојде крајот на оваа Есра, со неа серијава доби сосема друг правец. Место комедија бидна Езел или ми ти Долина на волците или како и да е... Се надевам со Нико нема да ја тапат многу додека да се опорави, сакам нешто смешно. Пак ќе кажам, Назире ја вади серијава секоја епизода! Ептен си ја сакам, колку што е грдичка-толку е откачена.
^ Да, стварно ја отупеа веќе со таа Есра. Ајде нека умре, нека иде у странство или незнам ти што, битно да се отарасат од неа. Не се толку интересни епизодите кога е вмешана она.
Овие од Сител пропуштија една епизода или така ми се чини? Сега баш проверив и на youtube 70та епизода не сме ја гледале на сител