Зет- Домазет и првата сезона на Бурни Времиња беа последните турски сапуници кои ги гледав. Сега немам намера повторно да почнам. Но, Зет-Домазет беше навистина смешна и не беше баш класична сапуница.
и јас мислам дека беше една од најинтересните турски серии зошто беше мн поинаква од другите..и би ја гледала повторно репризно и никогаш не би ми здосадила..
Леле колку ми фали серијава...најитересна беше од сите турски серии, и да се насмееш и се, а не другиве сапуници
Најинтересна серија гледав и реприза па ми се здосади.. Барем да има уште една сезона... MУУ ЌЕРКО МУУ хахаххахахахаххахаха
Леле кога ќе се сетам на серијава. Најубава ми беше од овие турските, а секако и ,,Кога лисјата паѓаат", ама оваа е најсмешна. Рушен и жена му најјаки. Уште го памтам тоа му ќерко муууууууууу. Лошото е тоа што ме стрвеа со баклавите.
Серијава ми беше и остана моја омилена. Ја гледав уште кога ја емитуваа на сител во 2012, репризите во 2013, и сега повторно си ја гледам на интернет сихноризирани од 1ва и до 31 сум сега. Дефинитивно ова е серија која никогаш нема да здосади. Само многу ми е криво кога гледам колку ликовиве од серијава се поразлични во реалниот живот, поготово Фериде.. Само да ја видите, ороспиште невидено *извинете на изразов* ама како некоја проститутка е.. Ужаас И да, Нико е совршенство од човек, иако сега е мнооооогу сменет
А да им пишиме на Сител да ја емитуваат пак? Што мислите, ќе ја пуштат? Е многу беше интересна, смешна
Ги шалтав темиве и налетав на оваа... веднаш ми текна на серијава. Баш и кога ја даваа на сител онаа баба му на Нико мислам Ефтелија... Баш ме потсеќаше тогаш на мајками и дури така ја завикавме и така си остана кутрата . А на работа уште кога се играше Кога лисјата паѓаат, и го дадоа именцето Џеврие... уште ми се лути кога ја викам Ефтелија... пцуе вика по мене и сестрами комедии