И жена му (не ми текнува како се викаше) го дополнува: ДА, жената на татко ти ти е мајка. Крај се бе, единствена серија која ја гледам со задоволство, за да се насмеам.
Искрено оваа серија ми е најомилена од сите останати,барем засега...Инаку морам да кажам дека Нико и Назли се прекрасни едноставно ги обожавам..Една работа не ми се бендисува а тоа е дека филмот го кажуваат како комедија ама во последните епизоди Назли ќе има рак и ќе и испадне косата ќе биде на болница ќе има тажни настани затоа ќе стане и досадно ќе има навистина многу трагични настани...А дедово Мемик се буни за Назли дека е со грк а тој самиот ќе ја направи истата грешка,ќе се земе со бабата на Нико...хахахахах..Сега за сега е интересно ама кога ќе дојдат последните епизоди нема да биде баш многу..Кадирче ќе сака да се венча со Ана ама пусти Океш нема да му дозволи ќе му најдат една Турчинка така да со неа ќе си остане..
Не ја следам редовно серијава ама вчера, останав дома и ја гледав со мајка ми. Како сум се смеела на тој дедото што го донесоа да преведува! “Сестрата го гуска братот“, па “Девојката е унистена, била бремена 7 месеци“... А тоа врска нема...ме пресмеа.
Многу ми е интересна серијава, а почне со мм пред тв и не се мрдаме се газиме од смеенје и двајцата посебно кога ке викне овој Караман хахахха комедија се брее..
Караман и татко му Мемик се живи легенди. Се помочав од смеење од нив. Посебно кога Мемик му рече дека не можел да го препознае, бидејќи му зборувал со грчки акцент. Е тогаш се праснав од смеење.
Леле ко ќе дознае Караман за ланчето од 6 милиони ќе биде интересно Спојлер Феридеееееееееееее А дедово е јак ко ќе дозне дека Нико му дал крв
Шур,Шур Ана..хахааххахахаха Ин чорч????? Вчера се скапав од смеење онаа Елени кога пееше Истанбул,Костантинопол...хахаахахха И сватот и враќа Добро бе госпоѓа Елени знаеш ли ти некоја друга песна???пуахахаххаххаах...А исто прејако беше во чаршијата Фериде кога се запна да и го купи ланчето ама кога и ја кажаа цената ќе се помочаше в гаќи..Сега јако ќе биде Караман кога ќе ја види сметката... ..А за вечер кажаа дека Нико ќе донира крв за дедото на Назли...Е можам да замислам што ќе направи ако му кажат дека крв донира Нико за негоо ќе се издупи со игли хахааххахха.....
И јас сум истата..Од ко почна серијава не излегувам од дома навистина е многу интересна..Се газам од смеење..Искрено подобро вакви серии да даваат комични отколку да ги трујат луѓето со тажни..Ова е добар избор на сител..Викендов и Караман почна да ми излегува на сон хааххаах Конечно утре понеделник
Лелее... едвај чекам следната епизода, ко ќе дознае дедото дека Нико му дал крв вероватно че рече: Во мене тече грчка крв!? Хахах... А најсмешни изреки во цел филм ми се: * Караман: Рушен ли е бремена? * Океш: О-Кеј, Бај-Бај, многу убаво зборуваш тарзански магаре едно. Хајрие: Не е тарзански, Океш. Детето зборува англиски како славејче (ОМГ ) Океш: Епа беше 15 дена на курс * Океш: Браво магаре едно... почнуваш да стануваш човек( Магарето почнувало да станува чоек. Ххиххихихи ) * Мемик: Од магаре како тебе излегува - магаре... Има уште 48659475046784 ама кој ќе ги пушува
Јас пропуштив добри 2-3 епизоди . Јаки биле овие со магарето. Се сеќавате кога татко му на Кадир му рече да и каже на Ана дека е многу убава. И овај Лајк, лајк!
ееее леле на ова сум се газела од смеење А смешен ми беше моментот Ставрос кога рече: -И после турците биле добри домаќини. Е нааааа. Едвај чекам вечер да почне, интересно ќе биде.
Серијава е баш за опуштање во вечерните часови.Ептен го погодиле глумецот што го глуми Караман,каков е кога ќе се изнервира Има доста смешни фрази ама оваа не ми излага од глава: Океш (на Кадир) : Магаре ни едноо Кадир: Taто не ме викај магаре,тоа ме повредува А англискиот на Кадир е за пофалба,што друго може да се очекува после 15 дневен курс
Додуша јас не ја гледам, ја слушам. Моите ја гледаат. Интересна е. Ама ноа: Шууур, Шуур, и нивните англицизми.. Али мајка им дефинитивно е најчукната. Гледав тогаш кога му кажуваше на мажот за 3те близначки.