Значи насловот на темата доволно зборува Нашиот народ и менталитет се такви што неможеме ако не направиме зимница. Иако во денешно време, во зима има речиси секакво свежо овошје или зеленчук- сепак ние си правиме зимница- да има за во зима нешто да се јаде Но тоа е наша гордост- нешто со што се фалиме пред многу народи- посебно оние од Запад. Инспирирана од пријатните мириси на ајвар кои се шират овие денови решив да ја отворам темата- за да споделиме овде како вие ги правите вашите омилени зимници- без разлика дали благи или солени? Ајде пишете некој рецепт- можеби вашиот рецепт ќе послужи некому за вкусна зимница
Драга Сесија еве јас како млада домаќинка да ти одговорам на темава Правиме многу зимница од ајвар, до слатко од сливи,слатко од кајсии, до пеглени пипирки, но јас најмногу си го сакам компотот од праски ммм убавина Во секое големо тегло ставаш 1 исечена праска на 4 дела , можеш и на 8 ( сакаш излупена сакаш не ), ставаш 3 лажици шекер, ги редиш теглата во релна на 200 степени околу 1-2 часа и компотот ти е готов
Кисели краставички Потребни состојки: 2 кг. краставички 2 л. оцет 1 л. вода 30 гр. шеќер 2 главици кромид 1 врзоп копар Сол Бел, црн и зелен бибер Краставичките ги миеме и ги оставаме да се исцедат, потоа со игла ги дупчиме на неколку места и ги редиме во тегли. Во теглите додаваме сечкан кромид, копар и од трите видови бибер. Во тенџере на оган ставаме да зовријат водата, оцетот, шеќерот и солтта, ако има потреба додаваме уште сол. Со зовриената течност ги прелеваме краставичките, ги затвораме и ги ставаме во рерна околу 30 минути да се издинстаат на температура од 90оС. Теглите ги чуваме во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница.
Којзнае од кога не превеле моите зимница. Никогаш не ни било традиција, најмногу затоа што немаме каде да ја правиме. Ама се сеќавам дека како мала, кога правеа еднаш-двапати, бев толку среќна што трчав на сите страни и после не можев да се дојадам ајвар Инаку еднаш гости од странство кога пробаа ајвар не можеа да веруваат колку е вкусно. И кога им кажаа како се прави се фатија за глава.
Мајка ми прави само слатко и лутеница, за останатото купуваме или пак ни носат роднините, но најчесто купуваме, а и тука е по некоја тегла што ќе размениме со комшиите и кога ќе видиш снабден си за цела зима. Кај мене зимото не може да пројде без ајвар и лутеница.
Не си Македонец ако немаш ајвар бре Јас обожавам наши традиционални подготвени јадења, мезиња....зимници Да јадам секако, околу подготовките скоро секогаш сум со обавези Еве еден рецепт, лесен, едноставен а многу вкусен. Не пишувам грамажи зашто појма немам колку точно треба, меѓутоа по некоја моја логика би требало кој колку милува, т.е. зависно за колку луѓе спрема. Потребни се домати кои претходно се лупат, се сецкаат на ситни коцкички и се пржат да се добие смеса слична на кечап. При крај на пржењето кога ќе испари сокот, не во целост секако, се зачинува со сол и се става ситно сецкан магдонос. Тоа се трга на страна и следниот чекор е пржење на пиперки, но цели. Откако ќе се испржат и тие се полни во тегла сосот и низ него пиперките... не сум само сигурна дали се прави нешто за конзервација, али у секој случај многу ме бендисува, њам њам
Нема година а да не правиме зимница, јадам се што ќе се направи . Најмногу го мразам делот лупење пипер, после рацете ми корнат на пипер чинам ќе ги исечам. Во 7мо одд. преку фолклорниот клуб бевме за Турција и на луѓето кај што седев им однесов тегла ајвар, се испотепаа колку слатко им било, на едно јадење ја испразнија и цело време ми велеа ммм ммм.. делиш`с . Имаше и Босанци со нас, ми велат тоа е наш специјалитет -мислете па дека е ваш.
Домакинќи ај ако знаете писете ми рецепт за компот од капини,колку лажици шеќер се става и колку треба да вријат.
Истово и јас го правам, ама за јадење свежо, не за зимница. Во доматите кога се пред крај со крчкање ставам и лукче, на крај магдоносот. Пиперките не ги пржам, туку ги печам, па се додаваат во сосот онака цели, само излупени. И навистина е ммммммм А навистина ме интересира делот со конзервирањето, дали би требало уште нешто да се направи за да издржат преку зима. Ако знае некој, нека напише pls.
Комотно можам да си се пофалам дека ги правам најубавите модри патилиџани - зимница, кој не верува бујрум да проба 5 кг. модри патлиџани ги мијам добро, не ги лупам, ги сечам на кругови. После ги редам во кофа, ред модри па ги посипувам со едра сол, па пак модри итн. Ги оставам преку ноќ. Утредента приготвувам смеса од 600 мл. оцет, 800 мл. вода и 1/2 кг. зејтин, значи на оган се става да се загрее. Откако ќе се загрее се ставаат модрите, само 3-4-5 мин. и се полнат во тегли (загреани нели во рерна), ред модри малку лукче и магданос, па пак модри итн. Не се полнат теглите со смесата од зејтинот и оцетот, тие сами си попримаат. Друго од зимница што правам? Руска салата ја викаат, онаа мешаната морков, зелени домати, карфиол, зелка, се ситно сечкано. Краставички во тегли. Компот од праска. Сокови од свашта, баш денес правев од праски (6 кг) и за синчето од сливи, круши и јаболки (4кг), капнав! И тоа е тоа. Ајварот не го јадеме не го ни правам.
Правиме како не, иначе ќе се умри зимава за јадење Озбилно, правиме со мајка ми, ама не се и не многу. Значи, ајвар, колку да има, кисели краставички доматен сос, и евентуално со време ако сме правиме слатко од сливи. Друго не сме направиле едно десетина години, ниту се јади, ниту имаме време. Мармалад брат ми што си бара, краставички татко ми, тоа мора да има. Што ќе си го матам јас умот со денови да направам слатко од смокви, кога на секоја полица по продавници го има. И немој некој да рече не е исто, оти за мене е баш исто. Толку работа само за некој кој буквално нема што да прави. Јас посебно не сакам такви конзервирани зеленчуци, во цела зима една краставичка дали ќе каснам или не И плус, алергична сум на конзерванс и винобран, а во се се додава па се вадиме на тоа А бе оди, колку само работа имаме сега, зимници ќе делкаме Еве, пошто подфорумов е „Рецепти“, како ние го правиме слаткото од сливи да не е смотано и едноставно: додаваме ситно сецкани оревчиња и рум Вкусно
Леле колку е празна темава..... Ајде, дајте некои рецепти за зимници, на салати, и што и да правите......
Еднаш пишав претходно и пак ќе кажам, правењето зимница во поголеми количини е измачување за жената. Едно да имаш епизодна улога, да прољупиш некоја пиперка со ред муабет, а друго е да почнеш од миење на пиперките, а да завршиш со миење на лонци и се помеѓу. И од лоок ала Миле (од рекламата за Брилијант), да се прешалташ утредента за на работа во лоок ала госпоѓа. Не благодарам. Вкусно е, но не за мене. Во помали количини си спремив неколу слатка, компоти, модар патлиџан во тегла, малу салца, но два дена околу ќумбе, не фала. Денес купив една одлична лутеница од една струмичка фирма, скоро е како домашна.
Ајвар, ајвар ами како Ако преку зима нема ајвар, тоа не е МАКЕДОНСКА куќа. Така да си знаете Потоа, ТУРШИЈА. Краставички, доматчиња, карфиолче, морковчиња. Мх мх Кисели краставички. И домати во тегла, како се викаат не знам. Да живее ЗИМНИЦАТА!
Леле, колку многу сакам ајвар, би го јадела во неограничени количини. Мислам дека дома само јас јадам половина (може и повеќе) од направената количина. Инаку, годинава доцниме со ајварот, нешто ко да не им се прави на моите.... Други работи од зимница не обожавам баш многу. Сакам туршија (секогаш прави мајка ми), особено карфиолот многу го сакам Лутенка не сакам, не сакаат ни моите, затоа и не правиме секоја година. Ама затоа секоја година имаме во изобилство компоти (од многу овошја-сливи, праски, дуњи, кајсии......), мармалади исто така....Повеќе сме по благото , но со оглед на тоа што моите последниве години не смеат да конзумираат многу благо, посебно татко ми (од здравствени причини), многу голем дел од овие работи одат кај сестра ми. Уф, како ми се пријаде ајвар кога ја видов темава.....Одам да ги убедам да се купат пиперки што е можно побрзо!!
Ние не правиме, ама купуваме. Знаеме каде може да се нарача добар ајвар, а и од купечките кои се добри, иако малку има такви. Сопругот и ќерката многу сакаат ајвар. Особено ќерка ми, може да јаде секој ден по пола тегла, и око да не и трепне Сака и кисели краставички, па и нив ги купуваме редовно. Јас и син ми не сме љубители на зимници. Ајвар јадам многу ретко, а туршија речиси никогаш. Единствено цвекло сакам, иако повеќе го сакам свежо, ама тоа во тегла е посоодветно за современи домаќинки