1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зимници

Дискусија во 'Рецепти' започната од sesilija, 10 септември 2010.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Денес се прави ајварот, но јас сум далеку од него. Од оправдани причини не успеав да полупам некоја пиперка, а обожавам да лупам.
    Утре сабајле рано, рано ќе отидам да ги посетам со сирењето и топло лепче и се надевам дека ајварот ќе биде готов, ако не го направиле до сега.
    Не сме пропуштиле година, а да не направиме зимница. Посебно не ајвар, а со ајварот и лутеница, пиперки во кеси такви печени, туршија обавезно, цвекло купуваме, феферонки (никогаш не ми е доста од нив, особено зимно време со гравче и топло лепче .. :mm: ) и разно разни компоти/слатко (сливи, праски, пекмези, смокви обавезно, праски - без нив никаде, вишни).
    Рецепти и не знам баш, сеуште сум во фаза на учење кое како се прави. :)
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Сокот од праска е мое експериментално дело, за среќа успешно.
    Досега не сум правела, а немаше кој да ме подучи, па се решив да одам на ризик, иако нема којзнае што да згрешиш. Земав 6кг. праски ги измив, изчистив од семките и ги ставив во PоwerJuicer-от. На сокот што излезе му ставив 2,5кг. вода и 400гр. шеќер. Ставив да се вари, додека да зоврие, па во стаклени шишиња. Малку благ ми испадна, ама со малку водичка е супер. И сопругот се изненади :lol:
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ај, ако може малку подетално??
    Значи треба повеќе шекер? Соков за растворање е, така? :$
    Шишињата ги вареше на крај за да се затворат убаво, или... :?:

    Знае некој рецепт за сок од дренки или од друго нешто...???
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Не е за растворање, се пие како џус.
    Ако сакате за растворање ставете повеќе шеќер, а помалку вода.
    Шишињата ги мијам убаво и во рерна на 100 степени неколку минути, па ги полнам со топлиот сок.
    Значи едно по едно ги вадам, нели за додека едното го полнам, другите да не се изладат.
    Кога ќе ги наполнам сите шишиња, ја исклучувам рерната и ги редам сите шишиња, затворам и ги оставам таму да стојат до следниот ден. Не ми се случило да не е затворено некое шише, или да се расипе.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    купи некој капини за зимница,многу се скапи.Ама сепак изгледа ќе купиме оти многу убав џем од нив излегува
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Правењето зимница ме потсетува на едно време кога бев мала и кога како Зоко Поки душкав под капаците од тенџерињата за да ѕирнам што се крчка, што се подготвува.
    Сега зимница веќе не правиме. Јас сама дома не се нафаќам за подготовка на некоја зимница. А со мајка ми заедно да ја правиме некако не ни иде, кога гледаме колкав е изборот во продавниците. За џабе толку работа...а и онака немаме време.
    И некако ми е жал. Како порано сме наоѓале време за се?! :doh:

    Сепак љубител сум на се! Ајвар, лутеница, малиџано УФ! Туршија и кисели краставички. Цвекло и кисела зелка - едвај чекам да си правам салата со кисела зелка, да ја исецкам на ситно и да и ставам одозгора луто буковче. Мх мх.

    Многу сакам уште една зимница која ја правевме порано со мајка ми, изгледа како сок од патлиџан но не е баш така. Основата е патлиџанот, потоа има и нешто кромид и магдонос, а течно е. Јас така си го пијам евентуално си го пропржувам со јајце. Ако знае некој за што зборувам нека ми каже - затоа што не знам како се вика :lol:
    Исто така обожавав една друга ствар - исто не знам како се вика. Основата е повторно патлиџанот и цели, неизлупени печени пиперчиња - лути и тоа. Абе уф!

    Македонија е среќна земја со толку преубави работи, а зимницата е сигурно на првите 3 места.

    Инаку загледав некаде дека некои пекате за ајвар - ако не сте стигнале да го правите годинава, во Тинекс има mama's food ајвари и лутеници, предобри се! Навистина како домашните. Ги препорачувам.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Си правам секоја година, редовно :!: . Ставам тоа што јадеме и од се по малку, не претерувам да потоа расипувам и џабе труд и мака. Основно, кечап - сос од патлиџани, пинџур и ајвар се неизбежни во умерена доза. Потоа следуваат кисели краставички и руска салата. Претходно обавезно се прави џем од модри сливи и тоа оној запечуван тој ми е најубав и некоја тегла компот од праски - малиот го обожава.
    Сокчиња правам претежно од капини, малини, рибизли и вишни кога има. Секоја недела цедам од цвекло, морков и лимон.
    Потоа следува неизбежната кисела зелка (мажот ми ја обожава).
    И вака подготвени ја дочекуваме зимата :D (како да во зима нема што да се јаде, ама ете останало она традиционално кај нас ) а и голема е зимата :lol: и желбата да се вкуси таа пуста пиперка и патлиџан
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ние оваа година (како и секоја ;) ) направивме најубаво малиџано на цел свет. Не знам како да го опишам, вкусот не се опишува, таман е солен, таман е лут, мириса на везен пипер дури без леб го јадам со лажичка, како што јадам сладолед 8) Мислам дека сенфот му дава многу убав вкус а и песната додека го мешаш треба да ја погодиш у ритам и тон :rock:
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јас не ја сакам толку зимницата, колку што го сакам процесот на нејзиното подготвување.
    Го сакам моментот кога татко ми набавил пиперки, па сите заедно во кола одиме кај баба ми да ги преработиме.
    Сите се мрштат, демек годинава е последна како прават зимница, догодина никако, ама тоа се заборава до следната есен :lol:
    Помагам во сите фази на подготвувањето на ајварот- ги чистам пиперките од семките, печам, лупам, мешам и додека сето ова се прави ги зафркавам моиве- го нервирам татко ми со шеги за мама, ја гушкам баба ми, ја гледам колку е добра и нерасипана душа и само се смеам, онака со сјај во очите и среќна сум што сме сите собрани, што сме тука, заедно, обединети, што сме СЕМЕЈСТВО.

    Затоа не сакам да купам тегла зимница од продавница-не и ја знам историјата, не знам што се крие зад неа.
    Не е како домашната тегла ајвар зад која се кријат многу семејни анегдоти, насмевки, па и кавги- јас сакам да ја отворам теглата и додека јадам да имам спомени, да се навраќам на мигот и да јадам со притаена насмевка, да знам дека таа зимница е од рацете на баба, на мама, на тато, од моите.

    Сакам еден ден, и јас така да го собирам моето семејство, и да креирам нова, семејна историја.
     
    На Anturium, izaaaaa, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ги замразев зимниците, зашто мајка ми, наместо како секој нормален човек на ќумбе, дома на шпорет ми ги праи :devil: 20 дена слатко од смокви вари,па малиџано,па мармалади пусти праи, абе се, бог да чува |( абе едно кафе не можам на рингла да си сварам :D ебате тоа, на ќумбре само ајвар напраи, не ми дава ни да го погледнам, камо ли да го јадам :( за зима бил, коа ќе сум праела тогаш во есен ќе сум јадела :rofl:
    инаку највеќе сакам ајвар, (иако морам само да го гледам сега за сега) малиџано, слатко од смокви и јагоди ако може да се вброи во зимница, мармалад од модри сливи и туршија 8)
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Значи за компот од капини се ставаат 4 лажици шеќер, а ако се поблаги може да пројдеш и со 3. Инаку за вриење нека вријат 15-20 мин. и после остај ги во тенџерето со топлата вода, само тргни ги од шпорет.

    Едит: Сега гледам дека е од август прашањето, ама ајде за догодина може ќе послужи :tmi:
     
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Минатиот викенд правев руска салата и веќе ја севтосавме :D
    Супер како и секогаш, според стариот проверен рецепт на баба ми и дедо ми!

    Еве рецепт ако на некој му треба...
    1 кг. моркови
    2 кг. краставички
    2 кг. карфиол
    1 кг. зелка
    1 кг. зелени домати

    за пресол:
    1 кг. оцет
    250 гр. шеќер
    1/2 кг. зејтин
    160 гр. сол
    2 пак. црн бибер во зрно
    ______________________________________
    Пресолот се зоврива, па се попарува ситно сечканиот зеленчук, се прецедува пресолот, се става пак на оган да зоврие и по втор пат се попарува зеленчукот, потоа се остава да стои 24 часа. Се собира во тегли, пресолот не се става.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Оваа година постигнавме рекорд во однос на претходните во поглед на подготовката на зимница дома.

    Досега имаме - ајвар, италијански сос од патлиџани со зачини, ѓувеч, пиперки на 101 начин :D ,
    компот од праски, слатко од смокви, цвекло, во план е уште туршија од моркови со лути пиперчиња (ова јас не го јадам), кечап со зачини, слатко од дуњи и кисела зелка. И уште нешто ако искрсне, :wasntme: .

    Домаќинка станав, ама не сум очајна, може ќе станам дополнително зимава од прекумерно хранење :D .
     
  14. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајде денес си направивме и кисели
    краставишки [​IMG]
    и туршија [​IMG]
    Остана уште зеленце во бидонче и вариво. Другава година ќе оделиме повеке време и за други зимници. :P
     
    На eli25 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Еве еден убав рецепт за љубителите на пукани љути пиперчиња.
    [​IMG]
    4 кг љути пиперчиња се печат. Посебно во еден голем сад се прави марина од 3 литра киселина, 1 глава изчистен и насецкан на крупно лук, сол-2 кафени чаши, шекер-4 големи лажици, магданос- пола врзка и пола кило моркови ситно изрендани.
    Марината се меша убаво, шекерот и солта да се разтворат колку е можно повеке. Се стават пиперчињата внатре, се остава цела ноќ да престпои, да си поемат од марината и на наредниот ден се стават во тегли. Ако има останато малку од марината, се разпределува во теглите. Се затварат убаво.
    Можат да се јадат веднаж. Немат потреба од конзерванси, нито од варење на теглите.
    Тоа е рецепт од татко ми и се преубави. Марината може да се става во чорби,супи и др. по време на јадење. Мен лично ми се омилени!!! :P
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Права туршија
    10кг вода
    300 гр сол
    250гр ексенција
    10гр конзерванс
    20гв винобран
    ________________________________________
    Туршија од црвен пипер
    40кг лонец
    6 л вода
    3 кг бел оцет
    1 кг сол
    1 л масло
    Сето тоа се става да зоврие и врело се се сипува врз пиперките и се става камен за тежина.
    ________________________________________
    Пеглани пиперки
    50- 60 КГ ајварски пиперки
    250 гр шекер; 250 мл масло
    150 гр сол;2 китки магдонос
    1 чаша за кафе ексенција
    Од оваа смеса се полни секоја пиперка по 1 лажичка и се редат во тенџере и се натискаат со нешто тешко.
    Следниот ден се собираат во тегла а сосот кој ке остане се полива во теглите.
    По потреба се стават и лукче.
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Кога ќе дојде време да се прави зимница jaс сум највредна :D правиме секаква зимница лутеница, ајвар, печи гмечи чушки, салата од домати, туршија, зелка...
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Девојки знам дека е рано за зимниците но уште од лани и прнкам на мајка ми да направи пиперки печи гмечи еднаш пробав кај една колешка и многу ми се допаднаа :) дали можете да ми дадете рецепт :)
    Еве вака треба да изгледа само мислам дека не се прави со бабури туку со обични пиперки

    [​IMG]

    Знам дека прво се печат пиперките, се лупат се додава лук, магданос и незнам што друго и колку :)
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Аааааа од секогаш сум го сакала есенскиот период и времето кога се подготвуваат зимниците.
    Го правиме во гаража, мајка ми прави ајвар, па стандард се збираат комшивки, стрини, текти за да помагаат во лупењето. Околу 40 тегли ајвар ми се чини ни излегуваат на едно правење или се лажам, точната бројка не ја знам, ама знам дека има преку цела година, ене в подрум има уште останато од есента и може да се јаде. Мама прави и туршија во буре. Става краставички, моркови, карфиол, зелен домат и сето тоа го остава да одстои и тура тоа киселина што се става специјално де за туршијата да стои.
    Обавезно се ставаат и зелки(расол) за сарма.
    Правеше едно време и пеглана(така ја вика) во тегла се ставаа црвени пиперки една над друга со малку лукче и магдонос.
    Правеше и цепкана(нешто слично како ајвар) ама место да ги мелат пиперките, ги сецкаат на парчиња и после истата постапка како ајварот, се пржат пиперките, ама помалку време.
    Уште една зимница правеше со лукче и другото не ми текнува што беше, знам го сечкаше на кругови и го редеше во тегла нормално.
    И цела зима готово јадење имаш.
     
  20. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Еве една салата (зимница) која лани прв пат ја правев пола доза, оваа година планирам пак да ја направам ама во поголеми количини. Бидејќи сакаме луто, пиперките ги ставив пола благи пола лути.

    Салата од везен пипер и цвекло

    2 кг. везени пиперки (потпечени и исецкани на тркалца)
    4 кг. варено цвекло (исецкано на коцки)

    1 чаша шеќер
    3 филџани оцет
    400 мл. зејтин
    1 пакетче бибер во зрно
    сол и лук по вкус
    може и магдонос

    Стои покриено 12 часа и се собира во тегли, се притиснува смесата за течноста да излезе на површина и се затвараат теглите.
     
    На mal.ecka и Hortenzija им се допаѓа ова.