Сакам да правам руска салата од таа во тегли. Сега рецептот што го имам е со оцет, ама не пишува каков оцет се користи. Може со јаболков или вински?
Руска салата не сакам, повеќе сум за сечкан зеленчук се тоа измешано во голема туба заедно. Кога ќе се измешаат вкусовите совршено. Убава е салатата од везени потпечени пиперки, цвекло и морков. Пишете ми рецепт за пинџур со кечап ако имате.
Совет ќе ве молам. До сега туршијата ја правев со ексенција, сега гледам само 20%. Со оцет бел како да ја направам? Или од таа што е 20%да ставам?
Со оцет. 8л вода 520гр едра сол 750 шеќер винобран и конзерванс по 10 гр 1.600 оцет Кристал, ако е Киско 100мл помалку тој е покисел. Ова да зоврие да се растопи солта и шеќерот, на крај на вриење се додава оцетот и се попарува зеленчукот и бурето ќе го замоташ во некое ќебе старо. За 2-3 дена е готова. Мене оваа ми е најдобра и најпроверена, може течноста да ја собереш ако остане и после пак да зоврие и да ја искоритиш за друго.
Da ve prasam , od kade da kupam najevtini kapacinja za tegli , posto sekoja godina kupuvam i stavam novi kapaci na teglite. Blagodaram
Којзнае... Читав на нет дека со овие цени, тегла ајвар во домашни услови правен ви чинела 400 денари најмалку. ..па и во домашни услови...во рерна, со оваква струја не е исплатливо.
Се рачуна тоа што замрзнав неколку ќесички свежо овошје? Искрено многу ретко јадам зимници. Повеќе ми значат сезонските овошја да ги смрзнам и да ги имам во залиха за на зимо. Кајсии, сливи, праски, боровници, јагоди, малини и сл. Замрзнувам и печени и лупени модри патлиџани. По потреба си правам малиџано или пинџур од нив вон нивната сезона. За турлитава замрзнувам бамји. Да имам повеќе место би смрзнала бабурки и пиперки за полнење ама немам простор за нив, за жал. Најмногу јадам цвекло од тегла. Ама домашното ми е гадно. Купечките ми се повкусни и се доста ефтини. Користам понекогаш салца и кисели краставички, кога нема свежи краставици. И двете ги имам блиску во продавница за пристапни цени и супер квалитет. Немам намера да ги правам. Не се исплати, а нема ни да бидат така вкусни како купените. Ајвар и други зимници јадам многу ретко, само во сезона кога се прават. После не ни имам желба. Така да ни тоа не правам. За тегла две не се исплати. Или купувам или добивам од некој на поклон и тоа ми е доволно. Сега како ми е забрането да јадам конзервирана храна и слатки, стварно немам потреба од зимници, мармалади, џемови и слатка. Планирам скроз да ги исклучам од мојата исхрана.
Многу ретко кој прави зимници веќе.. се сеќавам порано се собиравме цело маало 2 недели се правеа триста врсти зимници Моите дома не прават, а и поблиските никој не прави. Поисплатливо е да си купиш готово, веќе скоро се има низ продавниците. Мајка ми ми вика, ако зимате и вие за вас ќе правам, ако не само за нив 2 тегли што ќе изедат поарно да си купат. Јас сигурно нема да ја мачам за мене да прави и плус да макнсм по граници картони тегли.. си купувам готово. Не е исто како домашното ама не вреди за маката
Јас почнав да правам, направив апетитка - тоа е со везен пипер и патлиџан, ќе правам и лутеница, ајвар и ќечап. Ама се ова од домашна бавча, греота е да не се искорити кога се родило. Е сега колку излезе толку, да купувам дополнително пипер пример за ајвар не планирам, а немам доволно пипер..