Па оваа рецепта ми е од свекрва ми... 10 кг патлиџани ги лупам и ги сецкам како за салата онака крупно. Пипер 3, 4 кг везен црвен сечен на крукчиња. Е сега прво малку пиперот го прпржувам со сол и малку зејтин па хо тргам. Го ставам патлиџанот да се вари и после го ставам пиперот и се меша и пржи исто ко за лубеница. На оваа смеса ставив јаболков оцет 1 чаша, онаа од 250 мл, исто така шеќер и сол по вкус , на цела оваа смеса ставив 2 шољи зејтин. Се упржува убаво, мислам дека вака е повкусна пиперот е ибаво спржен, таа така правеше па и јас. Во рецептите по интернет не го пржат пиперот пред патлиџаните...оцетот го ставам во патлиџанот кога се вари на почеток и шеќерот исто... Јас 2 пати правев убаво ми излезе вкусно е...ајде па пиши како ти испадна...
Направено две тури малиџано, уште една треба, конзервирани пиперки со модар патлиџан неделава, едно кантиче туршија и то е то. А да и џем од сливи направив.
@andrejko82 Ги направив по твојот рецепт го испржив пиперот. Супер излезе ,малку сол повеќе сум му фркнала само. Пола доза направив се мислам уште пола. Друго што ќе правите? Јас досега направив Компот од праски Мармалад од кајсии Џем од сливи Апетитка Се мислам пеглана туршија уште.
Е супер. И јас ако имам пипер уште еднаш ќе направам апетитка. Јас ќе правам Ќечап и лутеница... Направив : апетитка, мармалад мешан од сливи и кајсии , ставив патлиџан во тегли само мелен и со сол и зовриена како компот.
За 12 кг зеленчук ( јас - 5 кг краставички, 4 кг пиперки банани, 1 кг морков и 2 кг зелен патлиџан). Во 1 литро вода се раствара 2 конзерванса и 2 винобрана, 1 бибер во зрно 250 гр ексенција, 250 гр шеќер и 250 гр сол. Со мешање да се растворат состојките. Сето тоа да се стави во 9 литри вода . Во пластичното буре да се нареди зеленчукот (некои имаат ред при редење,јас немам) и да се полее со 10те литри солило. Пробај го солилото..ако ти е кисело, додај вода.Ако не ти е,додавај бел 9% оцет. Секој има различен вкус ама ова е универзален рецепт.