Зимска приказна (Winter's tale) [2014]

Дискусија во 'Филмови' започната од strawberry06, 22 февруари 2014.

  1. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Од 14 фебруари во киното Синеплекс почна да се дава нов филм. Филмот е со романтична содржина,исполнет со магија и борба меѓу доброто и злото.Изборот на глумци е навистина добар: Колин Фарел,Расел Кроу,Вил Смит и други. Филмот ме воодушеви бидејќи имаше одлична приказна полна со чувства :)
    Инаку филмот е адаптација на книга со истото име.
    Доколку има тема со исто име може слободно темава да оди во канта.
     

    Прикачени фајлови:

    На Boshkoska2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    "Приказната започнува со задишаниот крадец Питер Лејк (Колин Фарел) кој се обидува да избега од група луѓе предводени од Перли Соумс (Расел Кроу). И токму кога ќе помислите дека нема каде да продолжи, ќе се појави магичен бел коњ кој ќе го извлече од неволјата и ќе го одведе на сигурност. Од друга страна, приказната нѐ води и во животот на Беверли Пен (Џесика Браун Финдли), девојка која има неизлечива болест. Таа постојано се обидува да биде силна поради нејзините најблиски, а во болеста успева да најде и една позитивна страна. Кога има треска, таа вели дека насекаде гледа светлина која ги поврзува сите нешта околу неа.

    Питер Лејк подготвен да си оди од градот засекогаш, ќе биде предомислен од страна на коњот. Поради некоја причина, неговиот коњ ќе застане покрај една куќа и нема да сака да продолжи по нивниот пат. Питер ќе го сфати ова како знак, како последно ограбување пред да си оди и ќе се упати кон куќата велејќи си на себе дека не знае што е полошо, дали коњ кој не си го слуша својот сопственик или пак, сопственик кој си го слуша својот коњ. Но, токму ова застанување ќе испадне дека е најдоброто нешто што може да му се случи. Тој ќе ја запознае Беверли. И тоа што ќе се случи понатаму, едноставно не може да биде објаснето со зборови."



    ^ превземено :!:
    Пред малку го гледав и сеуште сум под импресии. Филмот е исполнет со драма, фантазија и мистерија, а романтика има во мали дози. Глумците се совршено скроени за улогите. :clap:
    Еве некои цитати од Беверли како наратор:

    What if we are all unique and what if the universe loves us all equally and it bends over backwards to help us all and we are just lucky enough once in a while to see it?

    Nothing has been without purpose. Nothing.

    When true love is lost, life can bleed from meaning. We are left blank. But our destiny remains. What we are meant for may yet be discovered.


    Од мене има чиста 9ка. Ви го препорачувам. :)