што јадете во зима која храна ја јадете?тешката или лесната храна? на пример јас ја јадам лесната х а понекогаш тешката храна во зима Декември е месец на здрава исхрана Храна која освежува и дава сила е идеална за ладните месеци кои ни претстојат. Погледнете го списокот на производи кои се богати со витамини и антиоксиданси Калинка Семките од калинката се богати со полифеноли, билни хемикалии кои се борат против воспаление. Измешајте ги семките со зобни лушпи за вкусен и здрав оброк. Калинката спречува воспаление Прокељ Киви Цвекло Завиткајте го цвеклото во фолија и печете го на 180 степени додека не се испече. Исечете го и ставете го во салата од спанаќ и растурено козјо сирење. Додајте малку маслиново масло. Цвеклото го зајакнува имунитетот. Грејпфрут
Многу сакам калинкиии од овошје јадам киви, портокали, мандарини мушмули, а од зимницата обожавам кисели краставички. Многу ја сакам зимата мислам тогаш е најбогата трпезата ахааххаха
Ја сакам зимската храна поради свежите портокали, мандарини и киви. Се давам во ова овошје во зима како и во печена јаболка со ореви. Цвеклото ми е бр.1 салата на масата во зима како и киселите краставчиња, карфиолот. Го сакам и прокељот, малку го сварам, зачинам и добивам фантастична салата. Од зимската храна не ги сакам оние тешки јадења, сарми, вариво, растурена сарма и сл. ама признавам дека имам периоди кога убивам за сушено домашно свинско месо. Зимата си бара покалорично и потешко јадење кое јас и не го многу сакам.
Во зима многу јадам суви смокви, урми, костени и портокали, кисели краставички, и секако, мевце Обожавам кога надвор има мразови и снегови, а јас прегладнета влегувам дома и од кујната ме опива мирис на нешто вкусно ...
Најпрви ми се портокалите , најмногу ги сакам,па мандаринии,смокви,калинки,од зеленчук зелката ми е омилена ,а од зимница сакам само салатата со морковите друго не толку , освен корнишончињата на мајками тие ги јадам
Едвај чекам да дојде зима заради портокалите. Ги обожавам, се давам во портокали. Покрај нив од овошје сакам и грејпфрут, мандарини и киви. Ниските температури налагаат малку покалорично јадење нели , ама сепак не сум многу по сармите, подвароците и сл. Може само мевце, секакво на најразлични начини. Плус тука е и туршијата. До пред некоја година не сакав да видам туршија, сега ја јадам ептен. И ајварот секако - незаменливото студентско јадење.
Немам некоја строга поделба на зимска и летна,освен сладоледот. Ама зимно време сакам домашни јуфки,ајвари,пинџури,домашен кечап,портокали,јаболки,грозје...А пак зимските круши,аххх Совршенство! Киселите краставички,цвеклото,туршијата...Мх,мх,мх!
Зимска храна... Подварок, сарма од кисела зелка - посна или со месо, чварки, пастрамајлија, ајвар, лутеница, туршија, торта со јаболка, кадаиф, баклава...
Мандарини, киви, калинка, брокула, цвекло, морков, јаболка, костени, тиква, компир... Понатаму, кисела зелка, туршија, пача, различни зимници и др.
Печена тиква, костени, мандарини, портокали, калинки, и нејзиното височество - сарма. На туршии и таква зимница не сум љубител, повеќе сум за свеж зеленчук.
Од зимска храна највеќе поштувам сарми ( и со месо и посни), туршија стандард, кисела зелка разбира се, печени костени, печена тиква.
Јас сакам надвор да врне снег и за ручек пита пастрмајлија, сакам гравче со туршија, сакам чварки но не смеам да ги јадм, сакам сарма, сакам толчен пинџур сред зима со убаво сирење, лутеница, пинџурче од црвени пиперки со компир и повторно убаво сирење.