1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зимска vs летна гардероба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кој повеќе период во годината го сакате во однос на гардаробата? Зимски или летен?

    Некои едноставно уживаат во летни фустанчиња, сукњички, белата боја, цветни дезени, откриени нозе, раце, кратки панталончиња, светли бои, сандали, римјанки, очила за сонце, сламести шапки и одвај чекаат пролетно време за да ја извадат и испеглаат летната гардароба.

    А останатите па уживаат во капутчиња, кожни јакни, марами, шалчиња, ракавици, качкети, потемни бои, џемперчиња, волнени и плетени парчиња гардароба, чизми, чадори ....

    Која гардароба повеќе ја сакате?
    Која повеќе сакате да ја купувате?
    Вашиот орман има повеќе летни или зимски парчиња?
    Која гардароба дозволува повеќе комбинирање?
    Која е попријатна?
    Зимската или летната гардароба повеќе ја сакате? ;)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Зимскиот период ми е некако по омилен во поглед на гардеробата.. Капутчиња,чизмички, џемперчиња шалчиња..Мислам и летната ми е ок..И таа и таа можам да ја искомбинирам,Но мене повеќе ми лежи зимската на срце..А во однос на тоа која гардероба преовладува,можам да кажам дека ја имам скоро исто :)
    [​IMG]
     
    На Isidora-Veles му/ѝ се допаѓа ова.
  3. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Лето и само лето! И во однос на гардероба и на се, обожавам лето и летна гардероба и многу повеќе ја имам во споредба со зимската. Уживам да носам лесна летна облека, а не во зима кога сум натрупана со милион парталишта и пак ми студи :D :*
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Летната!
    Не затоа што сакам лето, туку затоа што можностите ми се неограничени. Куси, долги ракави, бретели, шорцеви, панталони, фармери, сукњички, сандали, отворени и затворени штикли. Има многу модели бои за комбинирање, да се заборавиш...
    Во зима пак мора повеќе слојно да се облекувам, мразам дебели џемперишта и капути. Од друга страна па сакам чизми , слатки капчиња и баретки. Ама реално, во зима неможе и не оди да се облечам во шорц и некоја секси отворена маичка.
    Затоа повеќе купувам летна гардероба, особено маички. А другиве работи ги купувам по потреба, не се може без нив.
    Јас лично едвај чекам да запролети...да облечам балетанки, сандалки, римјанки....и да се печам на сонце!

    А , и морам да го спомнам битниот факт, заради кој не сакам зимска облека- мразам да носам чорапи! :D
     
    На musicgirl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Дефинитивно летната! Таа и повеќе ја купувам,и имам поголем шивоњер со маички по кратки, по прерамки, отколку некои маички по долги ракави. Полесна и ми е за носење..
    Подобро би носела 1,2 маички на мене,отколку дуксери, јакни, чемпери. На мене се збиено. |(
    Добро сега , во зима,може подобро да искомбинирам парчиња... Но како и да е , дефинитивно Летната гардароба ми е попријатна!
     
  6. pinky05

    pinky05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Дефинитивно летото го сакам повеќе и летна гардероба сакам повеќе да си купувам.
     
  7. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Дефинитивно летна гардероба! Ем имам за комбинирање колку сакам, ем некои работи си ги комбинирам и преку зима :clap:
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Повеќе ми одговара летната гардероба од проста причина што ми е многу попријатна и полесна исто ко да не носам облека во лето.
    Од друга страна пак и зимската гардероба не е лоша, само сум зиморлија и треба повеќеслојно да се облекувам , а и мразам ролки (ме дават во врат) затоа само полуролки си носам.
    И немаш голема комоција во зима си постегнат, боди, ролки, џемпери, елечиња, шалови, марами, ама сепак ако е искомбинирано тоа убаво може да изгледа поубаво од некои летни парчња облека.
    Сепак кога би бирала би ја одбрала летната гардероба.
    Фармерките се неутрали (тие се носат во сите сезони ) така да се прават комбинации. ;)
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Обожавам нозете да ми се голи. Не ја сакам зимната облека посебно поради делот - хулахопка :D уф колку одвратно нешто, неможам да носам ич, а во зима морам, нема каде. Исто така ролки ме гушат, коа ќе натрупам облека на мене на крај не се осеќам, нема комоција, коа е ептен ладно не мрдам од страв да не ми излезе некаде гола кожа брррр. Друг минус за зима ми се темните бои, црно, сиво, кафеаво....аман :(
    Лето и онака си обожавам, а па облеката плус, летни фустанчиња, маички, шорцеви, се шарено, еден куп бои и комбинации, очила за сонце....Се на се, колку помалку облека иам на мене, толку подобро се чувствувам :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    498
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Повеќе пари трошам за летна гардероба затоа што никогаш не ми е доста од сандали, шорцеви, шешири, фустанчиња, маички и слично. Иако и зимската гардероба може многу убаво да се искомбинира, ама ја одбирам летната затоа што повеќе уживам со малку облека на себе :wasntme:
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Летна!
    Летна!
    Летни!
    Летна!
    Летна!
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Лето, златно лето.. Ја мразам зимата поради тоа што морам да се наоблечам џемпери, хеланки па фармерки па капути па шалови па ладно се тоа ме нервира... Уживам во летото, сонцето, кратки панталончиња, сукнички, маички, летни фустанчиња што прават да се чувствувам удобно и лесно.. Едвај чекам да дојде летооо!!! :rofl:
     
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Дефинитивно ЛЕТНА гардероба бидејќи Летото ми е најомилениот период од годината! :)
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Повеќе ја сакам летната облека. Убаво и комотно се чувствувам кога сум лесно облечена.
    Маичка, пантолона и шибај. Фустани... ах, милина бе. :inlove:

    На зима ме мрзи треба толку работи да облекувам, и на крај само ќе изгледам подебело. |(
    Ајде уште малку пролет, ќе се фрцкаат газиња и голи ци*иња на сите страни, оу јеа. :D 8)
     
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Летооо!! 8) Ах едвај чекам :P
    Најубаво ми е кога носам нешто лесно на себе, една маичка панталонки и сум готова. Го мразам сето ова наоблекување со 100 алишта на мене.

    Ги сакам летните фустанчиња и си го чекам летото!
     
  16. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Повеќе ја сакам летната гардероба. Ги обожавам летните (тенки) матријали, разиграните дезени и колорични и свежи бои....
     
  17. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Дефинитивно летна. Поудобна за носење и одма се суши. Зимскава ајт што џемперите што ги носам тежат повеќе од мене кога ќе ги перам по 4 дена чекам да се исушат. И поинтересни комбинации се прават со летна гардероба.
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Летната, со светли и прекрасни бои, башка најубаво ми е во лето :D
     
  19. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    Летооооо и само лето!!!
     

    Прикачени фајлови:

  20. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    ЗИМСКА VS ЛЕТНА гардароба

    И двете :$
    Ја обожавам летната гардероба поради прекрасните бои, разиграноста, шарените дезени, интересни маички, сукњички, фустанчиња (не викам дека не се носат и во зима!) и моето омилено сандали .... Едноставно кога ќе го погледнам плакарот преполн со бои сум срекна и секој ден ми е интересно да правам нови комбинации. Во однос на летната гардероба секоја година одново и одново купувам безброј маички! :D
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    А зимската гардероба е сосем друга приказна, иако боите на мојата зимска гардероба не се толку разнолики (најмногу црно, кафеаво, сиво...) сепак ја сакам модата во зима заради можноста за слоевито облекување. Толку многу комбинации, па дури и некои основни летни парчиња можат да се искористат. Со кардиган, некое слатко џемперче или болеро, со чизмички, дебели хулахопки. Можностите за комбинирање се безбројни! Па тука се и капутчињата, јакничките, капи, шалеви, ракавици.... Ја обожавам зимата :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]