зимска дефинитивно Поубаво ми е кога имам на себе фармерки, блуза, дуксер, јакна, ракавици итн и ми е пријатно топло, отколку по шорцеви и маица а сонцето ме пржи. Во зима на пример ладно ти е, ќе облечеш нешто плус, ама во лето, најтенко ќе се облечеш, пак тие е жешко и онда трпи Башка родена сум само два дена пред зима, така да си сакам ладничко време и топла облека
Ја сакам зимската гардероба, бидејќи многу ми се допаѓа слоевито облекување, со џемпери, капи, шалови, ракавици, итн...Сакам да комбинирам и многу удобно се чувствувам во тие широки и меки блузички, но од друга страна ми требаат саати додека да се облечам....сепак, лето си е лето...многу е поедноставно, доволни се само едни кратки пантолончиња, блуза на прерамки, и тоа е тоа..
Уживам во летната гардероба.За комбинирање ми се интересни и летната и зимската.Но поголем предизвик ми е зимската гардероба.Сакам едноставни парчиња но да изгледаат софистицирано и убаво.