последно си купив едно вакво шалче http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater и многу ми е убаво, си го користам и како перелина и како наметка, супер е
Освен капчиња и огромни, волнени шалови, манијак сум по капути и буквално со нетрпение чекам да дојде зима за да си го облечам омилениот. Најомилени ми се зимските капутчиња, ги сакам во сите бои. Ништо не ми е потопло и поудобно од добар зимски капут. Желба ми беше да си купам црвен или бордо, ама не најдов убав модел, па оставив за подобри времиња. Чинам, модата никогаш не им минува на овие две бои.