Кое место го препорачувате за зимски одмор? Поделете го искуството со нас. Дали престојувавте во изнајмена викендица или во хотел? По која цена? Како се движеа цените на жичарите, скиите, угостителите?
Ако работи жичарата јас би ти препорачала одење на Пелистер во Битола, а ако сакаш да се учиш да скијаш може на Ниже Поле таму има ски лифт. Ако сакаш подалечна дестинација можеш на Вигла во Грција стазите се феноменални има пострмни има и за почетници само пази на малите дечиња со санки
Дали знаете колку се движат цените.Имате ли некоја препорака, доколку сте биле некаде. Пример викенд петок,сабота,недела да се отиде во во Маврово,Крушево?
колку се движат цените за попова шапка и маврово? ( сместување , изнајмување скии и колку е карта за на жичара? )
Дали знаете колку чини викенд-аранжман во комплексот Аурора во Берово? По тоа што имам гледано на нет,тоа ми е дестинација од светски ранг.
Ние порано си одевме Маврово. Преубаво си врвевме Маврови анови бевме сместени . Имам навистина добри спомени.Жичарата не беше баш евтина колку што памтам На сите им препорачувам да тргат за Маврово-секако кога ќе има снег. И да си имате незаборавен одмор! Ние за оваа год планиравме да одиме ама ништо ,на мама и заврши одморот тато зеде не можеа бе да се спогодат . Ај повеќе да не ве тупам со глупости Поз
Одамна не била активна темава ајде малце да раздрмаме зимата ни доаѓа Од дестинации во Македонија, омилена зимска ми е дефинитивно Маврово. Веќе некое време размислувам за купување некое куќарче таму ама треба да го испитам пазарот убаво. Крушево е исто убава опција меѓутоа таму не сум била со спиење туку еднодневно на шетање. Пелистер ми е на последно место. Од балкански дестинации сум била во Банско 2 пати и навистина е баш зимско, би рекла со слична атмосфера како некои светски ски центри. Снегот последно беше вештачки, не знам дали секогаш е така. Не би одела повторно поради високите цени за ски лифт, храна, пијалоци. Бугарската храна не ми се допаѓа воопшто. Се сеќавам дека лани за да купиме карти за ски лифт чекавме околу 2 часа. Јадењето во рестораните на ски терените е прескапо, а ништо посебно. Иначе како град е супер и најмногу ми се допадна што цело време имаше музика по кафулињата, а туристите по скафандери си пиеја и си се забауваа - доста е опуштено. Многу убав впечаток ми остави ски центарот Вигла во близина на Лерин. Цените не беа многу високи ама ми се виде некако далеку од сместувачките капацитети. Мораше да се оди со кола, пред теренот едвај имаше простор за паркинг. Оваа година здравје, ми доаѓа во опција Боровец. Некој со импресии од таму?
За викенд во јануари. Дали можете да ми предложете местенца, можеби цена, искуство со што отидовте таму?
Јас би пошла на зимски викенд-викенд-одмор само за да се изизнаспијам да се изнатоплам и да се релаксирам. Не ми треба ни скијање ни жичари ни ништо
За зимски одмор би го избрала Маврово во Мк, а Златибор во Србија. Може и Копаоник. Не сум љубител на класично зимување, ама сепак сакам шетање на убаво планинско место, кога нема големи снегови.
Јас лани го избрав Дојран за зимски одмор и си седев сам со птиците покрај кејот во цел Дојран. Почна да ми се суши грлото, да ми се пие нешто, немав каде да купам. Не препорачувам во Дојран во зимо. Сега оваа зима сакам да одам во Маврово.