Го имам истово само беж боја. Го купив многу солено, го носам само за излегување за викенд и свечени настани.
Бунди мразам,капути сакам и имам,си носам капути ии бидејќи прашав на друго место,не ми одговорија,би сакала да ве прашам вас каде да најдам убав крем капут ... не можам да пронајдам Или како овој ,само крем Фала однапред
Имам и носам се Оваа сезона си земав кратка бундичка на кафени нијанси со бело,а бидејќи имам крзненки чизмички во иста боја си се заљубив во таа комбинација,а и најмногу топли Имам и капутчиња и јакничка,па си менувам зависно со гардеробата.Не сакам секој ден во исто да одам Па до душа и не е толку ладно,па уште си шеткам во палтенце со елек или мантилче...има време за зимо ледено
Бунда не би носела, барем не природна, а и тешко дека некако би ми личело на 22 години бунда да носам. Многу дамски ми се бундите, така да не сега за сега. Капутчиња имам 2 црно и крем, кремот е пренежно и преелегантно. Бело никогаш не би си земала, незнам одбивно ми е бела боја на капут, кичесто ми делува. Сакам кафено темно и тегет, здравје годинава кафен, догодина тегет. И еден да штрчи сакам зелен капут, незнам зашто, ама во последно време ептен ја сакам бојава. Црвените се убави ама не на мене, јас не носам црвено, и се мислам дека лошо изгледам во него. Имам ние многу убави домашна изработка капути и пелерини и во макпримат и во бела и во тетекс за не многу високи цени, ама капут во права смисла на зборот, волна и кашмир, да те стопли во нашиве сибирски температури. Пелерини има преубави и во пошарени варијанти, но повеќе ми се од стилски аспект убави него практични, не топлат многу како капутите. Премногу сакам еден долг до глужд, али сметам и дека за тоа ми е рано, некако посеризно изгледам во таков. И имам едно сивко како јакничка е, џубретарец ама не е џубретарец во поспортска варијанти го носам. Ептен сипатични ми се и двобојните, ракавите во една боја, а остатокот во друга.
многу ми се допаѓат ови горе ^ кога барав слики за во темава според мојов вкус само овие ги пронајдов
Капут? Дали почнаа да се носат капутите?.. Ладно е, некако ми се носи или само кога ке падне снег и дали преферирате долг или краток?
Сум видела неколку девојчиња со капут. Јас искрено, не би носела уште сега. Средина на ноември почнувам со капути, а доколку би носела сега би избрала краток. Сепак сметам дека тоа е личен избор. Доколку сакаш да си носиш, можеш уште сега. Секако времево е ладно.