Раскажете случки кога сте биле многу засрамени што сте посакале да се отвори земјата и да ве голтне Па и да се насмееме малку
обично и не знам баш да се засрамам се смеам на моите киксови и така настанува смеа во која и јас учествувам сега прво нешто што ми падна на памет е една убава петочна вечер испадната со другарки, дотерана пицната ееееептен и во кафиќот во кој бевме имаше скали. и јас така ептен самоуверена главата горе, црвени усни абе одам и така ја замавнувам косата и одеднаш 10 скали надоле за секунда цел кафиќ во мене ама станав пак си се насмевнав и продолжив како ништо да не било, а уствари засрамена уфффф... не можам да опишам колку ме срамеше две недели да испаднам во тој кафиќ
Во седмо одделение ми се допаѓаше едно дете од осмо . И на час по музичко ја молев наставничката да побарам сунѓер . Отидов дуури на другиот крај од школото , за сунѓер да побарам И влегов кај него на час , се вцрвенив цела и сите по мене и по тој викаа дека сите знаеа дека демек се свиѓаме . Бев со другарка и пред да влезам се молевме која прва и наставничкава нормално посумња и искочи да не бара. И ни се дереше зашто се шетаме и дека ќе не кажела на класната Не само што ми беше страв од неа , ми беше после срам да се појавам пред тој што го свиѓав . Будала
Порано имам работено како келнерка. Тоа ми беше прва работа и немав некое искуство, а и бев прилично мала и затоа често ми се случуваа секакви глупости. Нешто на што ми текнува е дека на еден гостин му истурив цела чаша вода во скутот(баш во меѓуножјето ) и човекот срипа како попарен. Нормално се зазјапаа сите и јас Леле Извинете, извинете, ама ми идеше да се прснам од смеење. Башка што поцрвенев како пиперка. Исто така во автобус имам паднато, на нагло кочење, во скутот кај еден постар господин, иако мислам дека на него не му дојде лошо
Еден дечко кој ми се допаѓаше премногу и одиме на рандеву, и падна на муабет едно девојче и јас ни две ни три, ма таа ли викам "домаќинка", и дечково така тивко процвили - Мене она ми е прва братучетка.. И јас уште силна, е ако де викам, убаво, нема јас сега да сменам мислење за неа. На една свадба додека беше уште актуелен порничот на Северина го коментираме со еден дечко, јас бев до wc се враќам и што ми текна, го гледам седи на маса, свртен со грб, и јас му приоѓам одпозади, го гушкам и уште му шепкам - моето порно ќе се вика ... така и така, не знам што точно треснав, и кога се заврте - не бил тој типот!!!! Носеле само исти кошули, леле кога ме погледна манијачки, да ме нема, ни свадба , ни бутур....
Па вака,имам и јас некои можеби слични настани,како и на другите членки,може некој веќе знае,ама пак ќе кажам тука на темава.Немам многу,не ми текнува сега на друга,ама на оваа случка ми текнува,еднаш со другарка ми,така двете дотерани,излегуваме вечерта во град,на забава кај еден нејзин другар во неговиот кафич,отидовме,се собравме цело друштво и сега јас дека на високи штикли,а плус незгодни за носење, решив да си седнам на тие високите столчиња.Арно ама таман да се наместам да седнам,кога се сплеткав со нозете некако,а незнам како,штиклата ми се заглави на столицата,па кога паднав,се спружив колку што сум долга и арно што се потпрев со рацете на земја иначе главчево ќе си го удрев и сите од друштвово ме гледаат на почетокот онака сериозно,па после пукнаа од смеа покрај нив и јас си се смеев.Претпоставувам дека сите во кафичот ме видоа кога се спружив ама на почеток кога паднав,ми беше незгодно,оти знаев дека сите ме видоа,а не за друго во насоката каде што паднав,пред мене имаше едни дечки што си седеа,муабетеа нешто,а јас онака со моето паѓање ги изненадив дојдов директно пред нив,за секунда се најдов таму и само си се насмевнав кој знае во каков муабет сум ги прекинала
Си идевме со другарка ми од школо и јас колку размуабетена исперчена хахаха таман да направам чекор,оп,ногата ми се заглави во шахта и паднав на задникот.Сите што беа околу мене почнаа лудо да се смеат на цел глас.Едвај се измолкнав Цццц..ептен се посрамотив таму пред сите... Еднаш и во автобус се имам спружено на земја при нагло кочење ..
Едно лето како помали со другарките си гракавме по улици како и обично. Јас таква целата разгракана се раздрав ****** (Името на симпатијата што ми беше) Те мразааам! Кога се свртив ќе пропаднев во земја! Тој беше позади мене. И не само што нормално го слушна дерењето, слушнал и се што кажав претходно! Значи стварно во тој ммомент сакав да пропаднам во земја! Дечишта! А вака како повозрасна најголем срам ме има изедено при излегување од такси со торба со лап топ, лепенката од торбата ми се закачила за сукњата и додека приметив на 20 души им ги покажав гаќичките Брука!
Кога бев мала на училиште со наставничката пеевме или штознам што правевме и едно време наставничката вели: Ајде сега сите станете! незнам како мене ми се слушна: одете си. Јас грабање ташната и... шпринт! да ме нема! После ме бараа, ме бркаа по ходници, наставничката падна во смеење. Цел час за тоа ми зборуваа, јас потонав! Уште се сеќавам на таа случка, одамна беше ама не се бриши така од мозоков мој
Кога бевме во трета година на екскурзија, во Белград не пуштија да се прошетаме по продавниците да си купиме нешто. Ние чинам цела генерација се набутавме во Теранова. Со уште една другарка си купивме по некоја маичка и нормално - плативме. Но за беља кога излегувавме почна тоа свиралото да свири Веднаш ни се навртеа луѓето од обезбедувањето, почнаа да ни ги пребркуваат ќесите, како демек сме украле нешто, се собраа сите околу нас, гледаат сеир и очекуваат да најдат нешто што сме украле Леле резил невиден! На сите ни беше смешно освен на нас. Кога видеа дека ништо нема украдено ни ги вратија ќесите, а не се ни извинија. Некултура. Како и да со другарка ми ни криви ни дужни си го изедовме срамот
слично на трендафилка...седевме со другарка на кафе и дојде еден другар со некој дечко,не го знаевме.и стана збор нешто за изглед,за манекенки и тој дечкото не прашува демек што мислиме за сара леши.и јас и другарка ми кога отворивме уста,полошо не можевме да кажеме.а он одкога не ислуша ни вика само,онака ве прашав дека ми е сестра.леле кој срам беше и непријатно.и уште јас се смеам викам е како да не сигурно,а овој ми вди лична карта...
мене ми се деси еден резил у 7 одд . Уфф само колку сум се посрамотилаа. Свиѓав едно дете иста генерација со мене од школото.И цело време се глеаме на мали одмори , се насмевнуваме и еднаш на големиот одмор влегувам у продавницата да купам за јадење со другарка ми и додека стојам на каса влегува и тој.Ја се усрамив и одма да ме нема низ врата ама бидејки имаше гужва поминав меѓу едни девојчиња не сакајки бутнав едно девојче девојчето се лизна падна на една бабичка што стоеше позади неа а бабичката на возраст од седумдесетина години падна на соковите од продавницата и соковите распукалеееее.Засрамена излегов со трчање низ вратаа.Лелеее зини земјо голтни ме целата ситуација што е најтрагично се деси пред него а тој и помогнал на бабата да стане.Другиот ден беше прочка и другарките ме зафркаваа да одам да и се извинам на бабта за да ми прости.Не можев него да го погледнам од срам.До крај на година сите другарки ме зафркава.Ццц кој ако не јас. малер.
Завчера бев до ботони и си се изнакупив, и бев во кратко фустанче такво лелеаво и тука кај пролазот задува ветер (а ја сум ја бутнала главата во кесичката да не заборавиле да ми стават нешто )и ми се крена фустанчето и сите се изнасмеаа а од луѓе вриеше, и одма коментари, свиркања... леле во тој момент ми дојде стварно да се отвори земјата и да ме снема
Јас како помала мислам и ден денес повеке сум со машки отколку со женски...И така сите седиме во школото а имаше еден двор со ограда ама оградата беше со остри шипки и во дворот имаше дрво со зелени сливи, а тука беше и момчето што ми се свиѓаше...И он вика ми се јадат сливи и јас да се направам добра пред него ке одам да берам сливи ја прескокнав оградата набрав сливи ја наполнив маицата и на враќање од оградата ми се закачија хеланките на оградата и со се гаќите ги искинав и ми се виде задникот...сите почнаа да се смеат а јас посрамено веднаш избегав дома а ми се има случувано пред 3 години така подзагреани со другарите влегуваме во продавница и да земам на долниот рафт пиво во фриж... дигам нога и со штиклата бутнав кремчиња...потоа да ги наместам кремчињата бутнав со раката неколку млека...доаѓам до касата пред мене беше гужва и мене не ми се чекаше и да поминам напред на еден човек му бутнав сокови од рацете...кој резил од тогаш ми е срам да влегувам у продавницата...
Зини земјо голтни ме ми се деси оломнани на одмор Се капам така в море ама во подлабокото и кога се кренав да видам дали допирам со прстите кога купаќите ми се одврзале е тогаш мислев сите гледаат во мене и бев ваква , ама за среќа не виде никој, можда некој приметил ама во толку луѓе не верувам (никој не ми се смееше)