aко сакаш можам торент да ти испратам, малку споро иде, 3/4 часа ми се симнуваше. Ако не ја имаш на јутуб поделена низ клипови ама цела е
[СДК] Сакам да кажам... Шоо ти е ма Калиопи? Шо ти е ? Се испонашала синоќа СТООП СТОП! Џоа најглавна на свет е. Како може на златна буба мара на сите и светла и монитори се да им одговара само на тебе не?! Ехехе ај ним да ги спомнам твоите некои ,,фил лајк а фиш'' моменти па да видиш до каков СТООП ќе ти дојде. Го гледав сеа клипот, абе шо , занес потрес! Не си најдобра певаљка ма не си! Бог да чува! Па дури изнапишале, скандалот на Каљопа не беше прикажан. Ко си мислиш многу јако нешто за видување е, да видиме колку е јака. Ехехехе секако да! Аај да ве просветлам ако не сте виделе http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Bn_62LJaoQ
Конечно и јас стигнав да коментирам на темава!! мене лично лани ми се допаѓаше појќе од сега! Саше е Цар!! А оваа Зевзекманија веќе 1000 пати победува А овој Сашко Се скинав!! А потоа кога излезе во индиско издание.. Лелеее!! Ц, ц ц!! А после кога почна - она со политичарот!! хехе Ко некој од лудница свежо излезен - или свежо пратен, исто! А овие Фјори ли беа од кај да знам какви, оние жените што пееја германска\руска\француска\македонска\2 српски песни до глава ми се качија и назат.!! ПЕЈ ПЕЈ ПЕЈ!! И ја ќе си запеев од мака ради нив Па, шо гледаме, буба мара, или на некакви си типкици кои мислат дека пеат убаво концерт, мајке му!? Мислам.........стварно! А после не коментирам - заспав Спојлер а мене више ми стана навика да ставам 11 смајлиња, (овојпат 13 во мислењето) По ЛП како!
Врв беше Субрата Рој и споменикот на Браќа Миладиновци - едно тело две глави, а фамилија Гаро - три тела една глава. Спојлер
Не може на другите да им смета слабиот мониторинг зашто не се пеачи.Али затоа секој кој е пеач ќе се испонаша баш како неа.На место и коректно.И онака универзална е стара,па и уште да и наместат некои крш монитори.Не коментирајте безвезе ве молам.А и не ме чуди,пошто за тебе сигурно Лоба е врвот на пеењето.
Мене Бубамара ми е баш терање ќеиф на Ратко. На кого сака си дава награди, кого поштува го вика, дава шанси на непопуларни пејачи и тоа е тоа. И да, фокусот е на водителот кој треба да направи смешно шоу. Никогаш не сум давала значење за наградите, дека тој што зема, заслужил. Годинава беше слабо со музичките изведби тоа можам да го потенцирам. Сашко беше поопуштен, конечно. На претходните беше стегнат, со финти на памет учени, и со желба да го надмине или да биде како Тони. Од целата манифестација Субрата Рој беше најдобра. За жалбите на Калиопи и колку не му е гајле на Ратко за условите, зборува фактот дека се одржува во Универзална Сала. Која денес манифестација сеуште се одржува во Универзална?
Од сите таму што се појавија од пеачите дали ти виде некој со поголема кариера и поискусен од неа.. Калиопи е пејачка од врвот и таа сака да пее на нејзин начин.. Блеењето на Лоба за неа не се нарекува пеење !! Таа сака да излезе таму и да ги искрши сите а не да се мачи со да не кажам расипаната матрица и лошото озвучување . И реакцијата не беше прелоша зошто нејзе ако и текне може и полошо да направи.. Се испонаша солидно (од она што се гледа на видеото) нагласувам можеше и полошо да биде.. Си ја кажа замерката и испеа уште еднаш што е всушност за почит!! :geek: поздрав и до тебе
Мене ми е најмило што и на Гораст му дадоа малку простор годинава. Многу е луд дечкото, и мислам дека со хумор може одлично да му парира на Сашко. Еве го уствари делот со Охоооох и ѕвонењето телефон, од каде потекнува: http://www.youtube.com/watch?v=zlC9GJftRrk Луд е до бескрај. Ау танга, ова летово ќе ме убие.
Овогодинешнава Бубамара ја гледав пред некој ден, и за премиерното прикажување и за репризата бев на планина. Патем, ја има на тракермк, може да си ја симнете ако сакате. Мене солзи ми потекоа од смеење кога Сашко кажуваше за оној во публика што се издишал на сред претстава со Охоох... Претпоставувам дека се работи за сцена на Ѓорѓи Јолевски и за претставата Бесови, затоа што таа претстава е таква тешка и трае 4 саати. А Ѓорѓи има еден монолог каде што стои таков замислен на работ од сцената и е сам. За него баш некаде читав дека доаѓал во театар 3 саати пред да почне претставата за да се припреми. И таков е, многу се внесува во улогите. Што вика и самиот Сашко: Мисли којзнае каде игра
Вчера на тенане ја изгледав, фала им на Т-мобиле за тоа опцијата снимање. Иако имаше по некои смешки не беше толку интересна како онаа лани. Почеток на пример, со Кили и тоа попското благословување не ми е јасен. Сашко беше смешен/реален ама делот со Гораст малку го отупеа, да траеше малку пократко би ми бил поинтересен. Викторија Лоба не знам зошто се нарекува пејачка, типката нема глас. Симпатија не можеше да ја испее, на ништо не и личеше изведбата. За облеката не коментирам, тоа што го носеше не беше фустан туку маичка. Премногу ми се допаднаа четирите девојки од Хрватска мислам беа и ако му текнува на некои како се викаа може да ми каже? Го избришав снименото без да проверам. Одлични гласови, преубава изведба, и со задоволство би им отишла на свирка/концерт, многу убава енергија имаа. И да ве прашам нешто, освен Зевзек манија, некој друг ја има добиено таа награда, мислам за најдобра хумористична емисија е или нешто слично? Секоја година се они, досадно стана веќе.
Frajle се вика групата на девојките. И мислам дека се од Србија, не од Хрватска. Сеедно, многу добро звучат!