E kako sho placham od smeenje koa go slusham Sashko Kocev, nikad ne placham. Radi nego sum gorda da kazham deka sum od Makedonija
^И јас истото ќе го кажев,си го обожавам човекот,со солзи се смеев вечерва Не беше лоша годинава,мада претходните подобри беа.. Цацко и Сашко-убиствена комбинација Туку како бре Северина толку награди собра,уште сум во шок,само тоа ми штрчеше во манифестацијата.. Браво за Даниел инаку,како и секогаш сјаен беше..
Почетокот ми беше таман. Детски песнички, си пеев и јас. (до душа смајливо игра, а јас пеев, ама нема смајли што пее) Невр мајнд. Чат, пат гледав. Кога доделуваа награди, јас си играв по дома со топка, лумпував. А кога збореше Сашко, гледав. Онака. Имаше нешто интересно. Ама онака. Очекував нешто поинтересно со Џамбазов, нешто склекови вамте, тамте. Или сум испуштила? Ништо чудно. Па искрено и не знам што да кажам. Пола го испуштив. А која е таа Сара Мејл, Миле, Мојле, како и да се вика? Првпат слушам за неа.
^Хахаха исто и јас, си гледав само кога Сашко збореше, а кога доделуваа награди и кога пееја си бркав друга работа, ко на реклами. Иначе Сара Мејс се вика Еленке. Сашко и Цацко цареви, ме изнасмеаа за све паре, особено со делот за пензионерите, се послав. А, и Даниел си го гледав , добра беше песната со Тони Зен, ми се допадна. Видеата ги има ли на јутјуб да си се смеам пак, ги барав ама изгледа уште ги немаат ставено?
^После 5,6 дена би требало да ги стават Јас си ги збирам од секоја година,дефинитивно 2012 е најдобрата,а и не знам дали беше истата кога си ја запроси жената многу убав момент ми беше
^^^ Сара Мејс стана позната оваа година со песната ,,Врне, врне" што ја испеа на скопскиот фестивал, и ако случајно гледаш македонска телевизија односно собраниски канал, постојано ја пуштаат таа песна. Инаку Сара е исто така член во групата цимерки и имаат неколку песни, а исто така учествуваа пред неколку години и на ,,Јас имам талент". Инаку Сашко е ѕвер ме изнасмеа вечерва убаво. Ми сметаше тоа што Северина зема толку награди, јас ни една не би и дала Не беше лоша годинава, видовме од се по нешто
Златна бубамара за Сашко! Во глобала не сум нешто воодушевена, освен од монолозите на Сашко, тоа со старите им беше интересно смислено и вториот говор на тој глумецот од тие што ја делеа наградата за најдобар млад актер. Другото некако слабо. Цацко се забораи и изгуби малку. Многу од наградените прв пат ги видов/слушнав... Девојче, calma, животот и македонската естрада продолжија да постојат и после смртта на Тоше!
Мора да признаам,не беше како лани или прехлани ама ќе пројде Тоа со пензионерите ми беше најсмешно Инаку Игор Џамбазов не дека нема талент или слично туку јас мислам до вкусот ќе да е,он е повеќе накај блуз,џез...Како и да е,врвно шоу
1. Не знам дали приметивте после говорот на Даниел сите му дадоа аплауз, и камерата сврти кај Тамара Тодевска, седеше мртва озбилна, како намчор и не аплаудираше. А, потоа кога се смееше Сашко за песната Готово, таа замале од смеење. Многу ми е влезена во филм момичкава. ****************************************************************** 2. Катарина Ивановска, луѓе бе, што е она ? Два збора не знаеше да ги сврзи. Поарна си беше уста додека не отвори. Речник 0, чиста нула. ****************************************************************** 3. Еве слика од Сарам Мејс, баш од таа вечер, ја имаше по страниците, дали се гледало ‘мачето‘ ? http://hitportal.com.mk/Show_Bizz-detai ... -bubamara/
Убаво ми беше и се смеев ама искрено најубав дел од цела манифестација ми е кога збори Сашко Коцев ах беее го обожавам човекот Туку гледам повеќе награди земаа луѓе што се надвор од МК отколку некои овде кај нас Северина па лелеле И таа певаљката прва шо пееше со белиот фустан како спавача шо и беше цц страшно значи ... како од спална да избегала и дошла на сцена Ме изнервираа и тие 2цат глумици пред крај што беа што без врска се глупираа 10 минути на сцена ... Искрено не сум многу воудошевена од оваа што се случувало годинава на Златна Бубамара океј не напаѓам беше добро но имало и многу многу поубави години каде што било се тип топ соврешено Толку од мене
Тамара не да е отидена...Прочитав дека стварно сакала да не пее, и дека не најавила дека не сака. Затоа Сашко се затрча од позади и ја викна назад на сцена. Многу почна да се понаша. Не да е влезена во филм... Катерина бе...и јас истото го реков за неа...И после си викам, па менкенска е бе, не е да биде паметна, она е за да биде убава, и така
Не ми остави некој впечаток оваа година бубамара,од толку што не ми беше интересна ни до пола не ја гледав.
Веќе видено.Пола од смешките што ги кажуваше Сашко се твитови кои што ги имам прочитано на твитер.Нека бидат малку креативни со нешто нивно,а не со крадење на твитови. Инаку оваа Тамара многу почнала да се занесува бе.Што е она?! Култура еднакво на нула,со ругање не е единствен начин за да станеш забележана,па уште се филма демек еј која сум јас тука да пеам?! Мислам хеллоу. Сара Мејс ми е приказна за себе,премногу антипатична и просто органски неможам да ја сварам.Ме нервира многу,она па што не се соблекла гола кога веќе решила да го покаже нејзиното маче.Исто поради винамине.Ужас. Сашко како и секоја година,интересен беше не викам не.Но,не како што беше предходните години. Северина.Алоо луѓе три награди.Што ви е? Нормални ли се? Нема врска не ми е таа нешто посебна,очекував да и дадат награда и за најдобро порно само ништо,до година здравје сигурно и тоа ќе биде. Ќе го одвојам Игор Џамбазов. Ете зошто е единствен човекот.Затоа што е незаменлив.Настапот му беше перфекција,совршенство! Тие двајцата актерите што цело време патеа за внимание,изгираваа кловнови и со нивните смешки едноставно ми делува повеќе и од глупо.
Јас си гледам само кога Сашко збори..абе цар ми е човекот. ..и тоа со пензионерите беше јако..наградите..нешто видов нешто невидов ама повеќето не припаѓаат на вистинското место..
Не знам дали некогаш ќе сфатиме како нација дека треба да го ценимe и вреднуваме она што е made in Macedonia.Некои фаци не ги наградиле во државата каде припаѓаат,а ние паѓаме во транс од нивното музичко дело.Ова само кај нас се случува.Типична македонска работа.А од друга страна па некои наши т.н.ѕвезди се преценуваат како да без нив македонската музика би била помалку слушана.Ова се однесува на Тамара и нејзините вулгарно-лигави изјави за кои е наградена...
Се согласувам.И мене таа година ми беше некако најубаво претставено се. Многу ме изреволтира тоа што повеќето награди ги зеде Северинчево.Ај една,ај ама половина? И Даниел кога пееше англиска песна,истото. Еднаш не испеа македонска. Ај на Х фактор,ај ама овдека? Можеше барем Сонце не ме грее да ја испее. Божем Македонец,ама ништо. Хуморот на Сашко ме расположи,али можеле помалку со твитовите. Па и Цацко кога дојде. Експлозија.
Да не знаете реприза дали ќе има случајно деновиве? едит: Јас за волкот, волкот на врата. Само што пуштив Канал 5, гледам даваат Бубамара Ај некој што ја гледаше веќе нека ми каже до кај е, пак на крај ли фатив како и првиот пат. Ама сум баксуз Ама изгледа е на почеток според моја проценка, хохо
Сашко е цар! А и многу убаво пее. И актерите ми беа интересни. Поздрав до девојка ми, многу те сакам. Поздрав до девојка му...