Споменик за Сашко! Златна Бубамара не би била иста без него и Џамбазов,а и дечките шо добија награда за млади актери беа интересни, си ја оправдаја наградата,Северина не мораше баш да ги собери сите награди но беше многу згодна А Катерина Ивановска дефинитино ме разочара со нејзиниот сиромашен речник, на толку шетања по светот, на толку договори со светски познати брендови мислам дека не и доликува. Но искрено мислам дека во последниве години Бубамарава си го губи онај шмек што го имаше порано.
Се сложив дека минатите години беше подобра. Но, атмосферата во голема мера зависи од публиката. Имаше некои, кои ради реда, колку да се видени дошле тука, цела вечер седат како намчори, им е срам да се насмеат (а, подмустаќ се смешкаат да не бидат заприметени). И се прашувам што е проблемот со таквата публика ??? Знаеш на што одиш. Ако не знаеш да се опуштиш и насмееш, седи си дома ти, остави ја картата за друг да ужива и да прави атмосфера. Зошто сепак, друго е да гледаш пред тв, а друго е таму, во полна бина, што се вели и на глупост ќе се изнасмееш кога се смеат сите.
Кажаа на Канал 5,ќе се одржи на 19 февруари,а за на телевизија можно е на 21 да ја дадат...е за карти не знам.
Пред неколку дена во вестите на Канал 5 телевизија, имаше кратко интервју со Ранко. Кажа дека Златна Бубамара ќе се одржи на 20.02.2015 (петок), а веќе на 22.02.2015 (недела) ќе има на телевизија. Јас барем вака слушнав и разбрав.
Ќе се оддржи вечер 19.02.2015 од 20:00 до 20.02.2015 02:30 значи четврток и петок а на телевизија Златна Бубамара ќе ја има во недела на 22.02.2015 само не ми е јасно и на тв ќе трае 6ипол саати?
Значи не сум сфатила баш најдобро. Добро, битно сигурно е дека во недела ќе го има преносот на телевизија, да знаеме барем ние обичниве смртници кога ќе можеме да гледаме, а кога ќе се одржува во живо не е толку битно.
Недела во 7 часот. Си ибале мајката, знаат дека недела се оскари па ќе им контрираат на Шител. Ќе ги фатиме вајда и двете.... ЕДИТ Грешка 8ипол саат било, грешно сум разбрала... Баш во недела мораше? Баш во недела нели од сите денови мореше во недела. Глуперди.
Ее,стварно глупости,ќе треба да вртам де на Канал 5,де на Сител. Значи овие телевизиите многу ме нервираат,мораа баш тогаш..