За мене нејзиниот глас е иритирачки, кога ќе допре до моите уши ми доаѓа да ставам памук. И не ги разбирам луѓето кои мислат дека Тамара знае да пее.
Очекував премногу од БубаМара годинава па можеби и затоа не сум задоволна.... тоа па тоа Секоја чест за Сашко другото ништо посебно ...а тие двајцата како негова замена што беа ме иритираа многу ,дали е до мене или до нив незнам
По досадна Бубамара амин...незнам дали е до мене, до периодов или пак до нив..:/ За Тамара убаво пее,но не совршено, има малечки фалшови..ама за Даниел и Трајче едно големо БРАВО ! Тука се и кубанците.. Се на се,само тоа ми се допадна
Не дека немам мое мислење, меѓутоа водителот Огнен кажал се што мислев јас па затоа ќе го копирам статусов тука зошто е поврзан со манифестацијава, што е чиста вистина. Морам да признаам една работа. Гледајќи ја #ЗлатнаБубамара вечерва, првите два часа мислев дека е лоша и досадна годинава. Сега, конечно сфатив дека манифестацијата овогодинашна, не е лоша и досадна, туку не ми е смешна. А не ми е смешна, зашто оваа ситуација во која се наоѓаме тековно, во државава, не е за сеир. Не е за смеење. Ми се плаче на против. Досега се' си теравме на сеир, секогаш. Затоа можеби сме стигнати до ова дереџе. Вистина е дека треба на грижите да возвратиме со веселба, но, некогаш мора да се погрижиме веселбата да ни биде безгрижна. Оти, ни купи ден-помини веќе не ни го бива. Државата ни удирала сеир толку години, сака да не' сотре... Не сум расипувач на забави, но, веќе не ми е смешно. Ич! Ама ич не ми е смешно прислушувањето, притворањето, затворањето новинари, укинувањето хумористични емисии (пр. К-15), Скопје 2014, патните трошоци (пр. на Силванева Бонева), техничките прегледи, снимањето по кабинети, ударот врз образованието (пр. окупациите на Студентскиот пленум), вработување преку "пушење", умирачките на деца и пациенти, поради немање квалитетен и за сите достапен здравствен систем (пр. Тамара), манипулативната биполарна моќ на медиумите, дискриминацијата, поделбата на предавници и патриоти... Не, не ми е смешно. Затоа не се смеам на годинашната #ЗлатнаБубамара. Не оти Сашко Коцев не е достоен на својот хумор - тој е достоен. Музичката програма ми е како за поздрав... како да ќе нема веќе... нека не биде така, оваа ластовичка секогаш ме смеела. Но, дали смеам да се смеам? Не сакам ни да помислам на таква конструкција јазична, па камо ли да се прашам себеси. Но, знаете што е црн хумор? Е па, ова ми е сето црн хумор. И болно ми е. И тажно ми е. P.S. Златна Бубамара си е достојна на својот имиџ. Но, државата веќе не е достојна на и за ништо.
Навистина беше просечна. Незнам зошто ама некако ми доаѓа преку една де е супер, па здравје одгодина... Него сакав да прекоментирам што е со децата од 5-10год. во публика. Мислам немам јас проблем со децата туку не мислам дека Буба Мара е настан на кој тие треба да присуствуваат. Што се разбираат тие од сеир и шеги основани на политика. Јас колку што знам во 22ч. во кревет треба да се а не во публика во први редови на Буба Мара.
Супер ми беше Буба Марата, и новите дечки што водеа на почеток ми се бендисаа. И како и секогаш реално ги отсликува актуелните настани.Едино Тамара и Маријана ми бодеа очи. Едноставно се антипатични. Марјана е убава, со добро тело, но штом отворе уста јасно ти е дека џабе и е сето тоа. Тамара не ни мора да отвори уста за да ти стане антипатична. И ме радува тоа што Кили го нема више у Буба Мара.
Зошто ја игнорираат Каролина Гочева?Па барем годинава сјаеше со проектот Македонско девојче 2,а богами долги години мислам дека ова се случува.Исто и Некст тајм можеа да земат награда за Ја излези Ѓурѓо,барем се очекуваше.Кога сме кај најдобра пејачка и Елена Ристеска не е присутна многу.Мислам,квалитет има и покрај Тамара со Тажна љубов,среќна песна.
Тамара лично не ја знам ама е докажана пејачка .. ако некој не ја слуша не значи дека не знае да пее!! Последнава година посебно се пронајде себеси и испеа вистински хитови, едно е вкусот на песни, релативно е тоа, ама не може талентот за пеење кој е очигледен да е релативен. Не пеела убаво ... Боже сачувај
Сашко е цар. Ка да стигнум ду Вашингтон. Освен ова за СилванЕВА Бонева, имаше ли нешто друго со Сашко?
Od cela bubamara koga ve citam deka ste se fatile samo za Marijana,se cudam. Ubava bila ama usta koga ke otvorela.. Aman be luge,Marijana ne izleze da prezentira intelekt.. Kaj i da se pojavi Marijana,nejzinata uloga e jasna.Razlepsuvanje i tocka.Sto sakate kazete,taa uloga sovrseno si ja odigruva. Ne bila ubava bez sminka,neznam ti kakva bila..E aj 'kuklite'za takva namena od drugite drzavi se polni i so intelekt i se najubavi koga stanuvaat od spiene. Prosecna bubamara.No sepak manifestacija broj eden vo Makedonija.Nie veke nemame ni emisii a kamoli manifestacii. Tamara pee,toa i go priznavaat site samo nie ne. A so ocekuvame da si go priznaeme svoeto koga nie duri i na Tose maani mu naogavme. Od tolku sto sme dobri kriticari,nemame vreme da se osoznaeme samite sebe si. Ubavo e napisano pogore,ne e do bubamarata,do situacijata vo drzavata e. Alal vera na site vo cilina sto ja pravat bubamarata takva kakva sto e.Ako ne e bubamarata site podzaboraveni vrednosti ke ostanat celosno zaboraveni. Oti site neli stanavme politicari. I glumci i peaci,more site umetnici.. Vaka barem Ranko gi potsetuva koja im e primarnata dejnost vo zivotot,koja im bila de..
Ме разочара оваа година манифестацијава. Од убава и интересна манифестација ја направија лигава, неинтересна... Најавуваа долго траење а си траеше нормално, па дури и ова нормалново е предолго...колку повеке ја разводенуваат, толку подосадна станува. Имам замерка кон Ранко. На Вести пред Универзална сала изјави дека карти нема, дека не се ни продаваат и дека ова е забава од ПОЛУ затворен тип...а синока во публиката дечишта помали од 10 години.. Прашање - зошто да нема карти во слободна продажба ??? Обичниот смертник несмее да ти влезе?? Или мора тато или вујче да има врски за да добијам карта?!? Ни од познати политичари немаше во публиката како минатите години во ложа што седеа Фаците во публика беа веке видени и изгостирани.Досадно.Се тие едни исти едни на други си доделуваат награди.Мала е нашата земја, неможеме топла вода да измислиме па и нови пеачки имиња, ама каде е Калиопи, Каролина,Елена Р,Некст тајм... Аман секоја година-Тамара (значи таа девојка дефинитивно мора да се огледа на што личи),Влатко Стефановски, Игор Џамбазов, Бубо Каров.....луѓето си се супер и се ОК, ама дајте и нови имиња.... Единствено Сашко Коцев им ја вади забавата...мислам дека ако не се појавеше синока, оние двајца (беа толку неинтересни и банални и вештачки) засекогаш ке ја заебеа Буба марата. Ова е мое мислење. Немора да го делите.
Па за Македонија де ,за внатресноста на нашата држава или и за надвор од нашата држава се одржува Буба мара
Се сложувам со мнозинството од муабетите, ова издание некако како да ми беше „набрзина“ склопено, направено, приплескано, се забележуваа многу пропусти од организациски карактер, кој кога сака си се шетка си излегува на сцена, си свири... Сцената ќе треба да се менува. Тесно е човече, тесно е. Не се бара којзнае каков гламур не се Оскари, меѓутоа, да биде привлечно за око. И што е со кадриве, и текнало на камера два опни у ќош кога се зборува нешто... Најрадосен момент на вечерта беше муабетот за патните трошоци на Бонева Останатиот муабет, и ти се смее и ти се плаче. Двајцата од театар комедија воопшто не ми беа природни, можеби би биле интересни на ниво на десетгодишниците во публика што сите ги видовме Имаше два-три кадри кога првите редови после нивните штосови беа со реакции- what the f... Како што рече Коцев, се гледаме наредната година. Има простор и за музика, и за смеа, и за награди, дуге ноге, препаѓања...ама да се организира како што треба.
Силвето Бонето му е алтер его на Сашко, како ја имитира свака му част. Може не е сто посто струмчкиот погоден да, ама добар е, смешен бре до солзи. Најдобри ми се сите скечови поврзани со неа. Се освен тоа беше просечно, не ми беа лоши дечките на почетокот, ама некако ми изгледа дека многу малку скечеви имаше годинава. Се претепаа од пеење. Шта се тиче мене да не е шоуво на Сашко целава церемонија никој нема да ја гледа. Ако не е Тамара ќе биде Каролина, или Калиопи или ако не е Кајмак ќе биде Ламбе или не знам кој друг. 2 милиони луѓе сме, не може секоја година некој нов да излегува и да прави бум. Така ќе се појави некој нов па 4 години по ред ќе го наградуваат се додека не дојте некој трет па пак иста песна, И тие што ги имаме, бољи и да ги немаме де, напувани мислиш оскари или греми зимаат. А за картите, мислам така е со години луѓе, не се трудете воопшто. Ранко така си ја замислил така си ја тера. Фер не фер негова манифестација си е, вајда сака само луѓе од естрадата. Освен комедијава друго се е сосема небитно за нас смртниците, барем мене толку ми е сеедно кој ќе земе награда. Си се етаблира шоуво како Сашко стенд ау комеди и јас така го перцепирам со години. Зашто за останатиот дел од доделувањето награди на пример не можам да кажам дека вреди да се гледа. Мислам сериосли Слаткар.....и како да го сфаќаме после озбилно и за почит, нека брка работа Ранко.