Добро е што не сум единствена што мисли дека оваа Бубамара е просечна. Имало далеку подобри. Дечките што ја отворија Бубамарата беа супер според мене, за К -15 да не зборам тие си биле одлични одсекогаш. Тоа беше се она што ми остави впечаток оваа година.
Како човек што го интересираат дијалектите, сакам да кажам дека исклучив после пола минута гледање на клипот за Силванева Бонева. Слушнав штипски, валандовско-гевгелиски, ама никаде струмички. Убаво рече @Mishela само Игор Џамбазов знае да имитира ептен струмички, другите фаќаат акценти од пола Исток. Тоа е како некој да мисли дека зборува битолски, а цело време употребува че наместо ќе или џе наместо ѓе, или не знам воња наместо војна. Ако веќе сакаш да имитираш некого, барем потруди се добро, биди професионалец. Сум забележала и по порталите, прават некои пародии за неа на фб, и пишале уф, што е класично гевгелиско, валандовско , богданско зборче, на струмички би било само у (се мисли на во), и да не набројувам примери. Инаку вчера пуштив да ја гледам, ама не гледав се, досадно ми беше. Денес веќе имаше клипови од интересните моменти, мене танцот на Столе Стоилов ми беше смешен, не знам дали е пристрасност бидејќи сум фан на РК Вардар, ама интересен ми е Столе.
Јас ја чекав со нетрпение а верувајте не го дочекав крајот си легнав. Многу работи се измешаа во Бубамарава,прво со странскиве пеачи кои ја добија наградата,и кои беа тука чинам само да ја пополнат програмата.И стварно не знам зошто да добијат награда,ако не одржале некој концерт за паметење?Па и тоа ќе дадат на еден а не половина Буба мара беше со нив.Песни до бескрај,досадни скечеви.Заменскиве водители треба уште многу да го печат занаетот ,за да дојдат до некое пристојно ниво,имав впечаток дека се губат,премногу време имаат меѓу дијалозите,не ми беа синхронизирани. Сашко не го препознав,го имам гледано на претстави и Сашко синоќа не беше свој.Имам впечаток дека се замериле со Ранко,па Сашко во стил колку пари толку музика. Не да беше бледо туку беше аматерско...Жално што не можат да го додржат нивото.
Дефинитивно манифестацијава едвај ја чекам и ја гледам само поради Сашко Коцев којшто е хајлајт на целото шоу. Се` друго е секоја година некако се` попросечно, доделувањето награди и пеењево (што бај д уеј како до бескрај да го имаше овојпат) ми се како измеѓу скечевите, како досадни реклами што ти ги пуштаат уз филм што го гледаш на телевизија. Стенд ап комедијата е единственото што вреди, убаво си кажа Хипстерка. Што се тиче наградите и музиката, ќе искоментирам за Тамара само... и мене ми е иритантно нејзиното понашање и не сум ѝ којзнае каков обожавател, ама мора да се признае дека за пеење ја бива и имаше навистина добри песни годинава. Не знам дали сум единствена, ама двајцава заменски водители не ми беа толку лоши... онака симпатични како за освежување ми беа, колку за минутажата што ја збореа. Сашко стандард легенда, ма не знам после колку години да го гледам нема да ми здосади стилот во скечевите и неговата смисла за хумор. Она со најавата преку телефонски разговор на почеток, па танцот со Стоилов, па имитацијата на Силвана Бонева (не се разбирам нешто многу во дијалекти, уште помалку во разликување на истите, ама било струмички, гевгелиски, есперанто, уатевeр... смеење до солзи беше и точка! )... Не може да се добројат смешни моменти.
секоја година со нетрпение чекам златна бубамара.. оваа година не можев никако да ја најдам онлајн дека не живеам во мк ... сега на јутуб чекам да ја стават .. само за сашко ја гледам
Тамара пеела убаво, боже сачувај. едит Немате поим од музика и квалитетна вокална интерпретација. Спојлер Да не слушнам дека ова е убаво лице дури и со шминка.
Негирајте колку сакате, ама факт е дека Тамара има квалитетен вокал. Тоа што е распрдена лигла е друг муабет, понашањето и те како влијае за оформување на сликата за неа во целост. Одвратна е, умислена и егоистична, не можам да ја слушам ако не ми е денот и вртам радио станици ако ја начекам случајно, ама фактите во врска со нејзините гласовни способности зборуваат друго.
Факт е дека немаме добри вокали на поп сцената во земјава, (кога мислам добри мислам на натпросечни а не просек и испод просек такви има да ги ринеш со лопата) ниту пак такви кои во целост како индивидуа можат да остават впечаток, и со стил и со музика и со стас и со глас. За Тамара логички е ако дипломирала на музичка академија да има добри вокални способноси, а ствар на укус кој може да ја слуша, сепак за поп изведувач целосна слика треба да оправда а не само вокал, мене лично не ми се допаѓа, посебно нејзината боја на глас, иритантен вокал има.
so netrpenie ja ocekuyvam sekoja godina ama godinava me razocara...dosadno,dosadno dosadno...duri i sasko kocev ne me nasmea ...treba da si smislat drug koncept .im se izgubi sarmot cinam....za zal.
Овие изгледа озбилни беа со најавата "годинава нема многу да мрсиме". Слабо ремет јадеа политичариве, а и ги немаше во сала како други години. Штрајк и кај нив изгледа. Слабо, многу слабо... и јас може да се каже дека ја гледам манифестацијава највеќе поради Сашко ама годинава не му дадоа многу простор за стенд-ап. Битно Мерлин и дамите на почеток концерти си одржаа. А се сложувам со муабетов за Тамара. Убаво пее (го извади Кајмак на дуетот вчера) ама понашањето... "Дај олабавете со песната... не ја слушајте едно 4-5 месеци па после коа ќе ја пуштите ќе ви биде уаауу... " Еве ја прегоревме од слушање! Самата си прави да биде одбивна...
Морам да признам дека кога се појавија двајцата аматерски водители на почетокот на манифестацијата јас бев многу разочарана бидејќи ја гледам само поради мојот сограѓанин Сашко Коцев којшто многу си го сакам и мислев дека нема ни да се појави до крајот на манифестацијата,за да подоцна многу да се израдувам кога ,,царот на стенд ап комедијата,, се појави на сцената!Не дека ми беа сосема одбивни и не дека не ми беа воопшто смешни,но сепак мораат уште многу да се усовршуваат,а Сашко си е Сашко и многу ме изнасмеа со имитацијата на Силвана Бонева и на струмичкиот дијалект!Буквално се патосирав од смеење!И Игор Џамбазов ми беше интересен со вицот што го кажа татко му што му го кажал,така што сега знам уште еден виц плус и со неговиот талент за играње и пеење!Мислам дека е послаба во однос на другите години и дека требале да поработат уште на организацијата,но сепак ќе продолжам и понатаму да ја гледам Бубамара поради мојот идол Сашко Коцев којшто е навистина талентиран за стенд ап комедијата и знае секогаш да ме насмее,да ме орасположи,да ми ја разубави вечерта и да направи убаво и позитивно да се чувствувам!
Не дека беше врвот, ама мене оваа година ми беше поинтересна од ланската. Лани многу беше твитер стајл, годинава не толку. И морам еден момент да кажам овде Се качува Даниел на сцена и викам: Абе лани Кајмакоски доби откритие на годината, годинава пејач на годината. А дечко ми: Следната година за животно дело и доста му е. Стварно едни те исти гледаме секоја Бубамара, ама што да правиме, толку ни е голема сцената
Не сме толку оскудни за да бидат секоја година едни па исти. Имаме личности ама секогаш се вртат истите. До душа не знам кој воопшто Бубамарата ја гледа за наградите. Според мене настанов го чини Сашко. Пишав претходно и пак ќе нагласам дека човекот е легенда. Според мојот вкус, го надминува Џамбазов... Ма и Џим Кери може вода да му носи Морав да искоментирам за Тамара Можеби пее добро по учебник ама нејзиниот глас и она завивањето на крај на секој стих, не чини за моето уво . Не морам да ја видам за да одлучам да не ја слушам Не знам како да се изразам ама ми ја нема таа милина која ја има Каролина, на пример. Премногу груб глас. И Калиопи има моќен глас и не сакам да ја гледам ама уживам да ја слушам. Се тоа е до вкусот и нема потреба од расправање на таа тема. Во однос на нејзиното однесување. Влегла во некој филм ама уште не знам во кој Ма Бијонсе не се занесува колку нашава.
Не ни се толку активни естрадниве уметници, затоа истите се вртат. Колку пејачи не извадиле ништо ново со години, како во земја да пропаднале, никаде ги нема. Па не бива и туку така да им се тупне награда. Не забележав кој зема концерт на годината, јас мислев Каролина ќе земе, растур направи со Македонско девојче 2. Порано памтам имаше и повеќе награди, на пример за текстописец на годината во моментов ми текнува. Сега веќе нема ни тоа. Награди делат колку да се рече, повеќе е за самото шоу.