Сашко е закон го обожавам! Се пресмеав вчера за се од паркинзите, од делот ,,алооооо мамо пушти А1 и јас брчам со кола пред влада" па до дипломатите, па викиликс, па униформите на Ношпал, па одење во војска за љубов, па песната на крај џоа Борис Трајанов итн. Али 4 години полн ли беше фрижидерот... е тука умрев од смеење Наградите благе везе немаат на бубамара, ни знам кој освои, ни ме интересира. Ама од друга работа сум разочарана се едни исти секоја година настапуваат аман од Кили, Калиопи секоја година пее, Танец ова она си ги сакам тие ако е стандардно ама добри се. Повеќе настапи да има, поинтересно да е, некако во тој поглед потвфрлија годинава
^Орце Николов беа не Танец И јас вчера се изнасмеав за цел месец Мислам дека на Сашко оваа му беше најдобра Бубамара! Мој фаворит...бракот да биде на 4 години со избори и предизборна кампања
Се согласувам, мислам дека лани беше по богато во поглед на настапи. Ама ако, интересно е Сашко да се слуша, макар цела вечер дрдорел И јас се изнасмеав за 4 години полн ли беше фрижидерот и за делот кога кажуваше дека треба да се изгласа закон бракот да има мандат 4 години, а кога има предизборни кампањи он да смее да биде со повеќе жени
Добро ми ги размрда стомачните мускули Сашко HP- Хилта Перо, абе душата му ја извади на човекот. Ама како се смеев за војската, кога му рекол аНал нека ти е бе Некои велат поубава им била Бубамарата со Тони, мене искрено Сашко повеќе ми се свиѓа дека не се смее на се што ќе каже, а Тони колку и да (н)е смешно тоа што го збори абе се кине од смеење. Сашко Коцев FTW!
Еве и од мене плус еден глас за Сашко Коцев, сите скечеви му беа добри, а посебно ме насмеа делот за дворното земјипште кое си го купуваш за 1 евро по м2, демек поевтино од паркинг во Скопје да платиш и на крајот пресметано површински, за 25.000 евра цела Македонија да ја купиш. Скроз е брлив. И оној дел кога на мајка му се јави А1 да вклучи за да го види како возел по скопските улици. А и новото брендирано име “македониан„ по кое ke биде препознатливо македончето во светот.
Не гледав нешто многу (заспав ), ама Сашко, епа алал му вера на човекот. Од тоа што гледав - се пресмеав
Закон е човекот, таков сериозен збори... а на сите солзи им течат од смеење. Кога рече мамо пушти а1.... не можев да се смирам од смеење, "не сум за една порака земи јави се", за бесплатниот паркинг со коњи на Гоце и Даме... и тоа кога им кажа дека се поскапи од цела Македонија хехехехехехе го обожавам
Абе луѓе никој ли незнае репризата кога ќе биде???Јас не бев тука и неможев да гледам а баш го чекав настанов...anyone?!
Абе Кумановац е Сашко ( попознат кај нас како Белото циганче ) цар е! И ја се пресмеав Добар шоу мен е И лани и сега умрев
се јавив во канал 5 ми кажаа дека неделава ке давале на канал 5+ а кој ден не кажаа...во програма да сум видела и така веќе се јавив, можеа конкретно да одговорат ама добро..
http://www.youtube.com/watch?v=u5Qbrc7N ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=SSPnPk6uIWo ЦАР!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Дали знае некој како најдам делчето кога зборува Сашко Коцев за призимињата , за животинско царство? го немам гледано а многу сакам, ми кажуваа многу бИло јАко.. фала однапред
сеуште го нема! http://www.youtube.com/watch?v=_WIoP8QM02s леле луд ееееееееее! до солзи се изнасмеав.
Јас не ја сфатив фората со бабата Ај кој знае нека ми подобјасни пошто подолго време го тупеше со бабата а мене не ми беше јасно за каква баба зборува човекот