Таа од Љубојна пее стари македонски песни, а деколтето плус косата пола избричена, пола шишана, пола црвена, пола плава...ко рокерка да е во стајлингот повеќе личи Порано во народни носии пееле, а сега
Таман мислев дека годинава, бубамарава ќе пркне, НИШО!!! Тино ака „Јордан Плевнеш“,Тања,музичкиот дел со влатко стефановски и нормално - маестро Џамбазов е највпечатливото (барем според мене ) од годинешнава бубамара. На почетокот тргнаа амбициозно и мислев ќе се подобри од ланската, али нишо - до крај тиња! Повеќе Среќа наредната година
Што беше со Ван Гог и што му се дешаваше на Џуле??????? Цела сала ја испразни, се раскрвари, мислев ќе припадне секој момент. Јесте да пивнал малце појќе ама дали и друго е во прашање хм?? Ме разочара, ја упропасти вечерта
Koj gi samo forsira deckive Tino i Atanas stvarno ne mi e jasno, tolku se ne harizmaticini, dosadni, duri i antipaticni, kako so sila da se turnati na bina.Strasen promasaj. Iskreno Zlatna bubamara gledam samo radi Sasko Kocev, tolku e harizmaticen, interesen so smisla za humor, sekogas me smee do soli. Nezamenliv e zatoa i bese tapa ovaa godina, se pojavi poslednite sat vreme.
Тие дечките работат кај Јелена во Театар Комедија, па затоа се форсирани...Јелена најголема вмровка, тие автоматски вмровци и ете ти. Не смее на друг да се помисли.
Бубамарава секоја година сѐ повеќе и повеќе е... мех. Хуморот просечен, последниве години на манифестацијата да не е Сашко не би ѝ дала ни просечна оценка, ама овојпат дури и неговиве смешки... не ми беше тоа - тоа Музиката прееелоша, освен Фрајле што ми се онака симпатични отсекогаш. За Љубојна шта речи, врв на катастрофата ми беше... бодење уши бре, а за стилот на пејачката ич да не коментирам
Бубамарава катастрофа Едино овие дечкиве на почетокот ме расположиа и тек там сашо Многу лошо оваа година
Еднаш само имам фатено дел од шоуво од пред некоја година Тони кога збореше како сами налетувале на копјето. Мислам дека беше на златна бубамара монологов, поправете ме ако грешам. Тамара земала три награди еј, се соблече за на календар и зема награда. Доволно за да видиш на кое ниво ни е естрадава па и културава. Па и ДНК добиле со онаа не знам ни како да ја наречам, музика. Страшно. Сеа го гледав она еден на еден, само ради гостинот Горан Михајловски и 1000 пати беше посмешен и поинтересен од водителот. Муабетот ми е, нека си тераат, oнака за тепање време можда е интересно, али можат поиновативни да бидат у стилу сите изведувачи у публика насмеани и чекаат награда и ненајавено излегува некој критичар и почнува да ги критикува, па свирежи, па дерење. Па излегува Дунафка од некоја страна Само идеја e oва
Овие двајцава што ја водеа бубамара пола и поише време се о ч а ј н и. Не ми е гајле на кој сака нека се деца или преку која партија да се примени ептен беа за греота. Значи воопшто немаат талент за стенд ап комичари. Сашко е број еден за овие работи ама темите му беа скроз промашени, не е тој виновен. Се форсираат само политички шеги со слаб хумор. Инаку сфатив дека е предосадно затоа што се едни исти луѓе земаат награди. Извинете ама мене ми е веќе преку глава од Игор, Тамара итн и воопшто не ми се интересни. За останатите пејачи и наградени артисти како Љубојна немам коментар. Поголемиот дел од вечерта бев во стилот: убила ме туџа срамота. И не е криво шоуто, сепак е единствено од ваков вид што остана во Македонија, туку во тоа што ништо ново со години не се случува на нашата сцена. Јас, а верувам и повеќето не знаат ниедна македонска песна што излегла минатава година а да ви останала во глава. И сите што добија награди се пофалија кај биле надвор и кои градови посетиле и работеле. Што е нормално затоа што ние овде немаме како прво никакви пејачи кои ги следат светските трендови на музика и спотови, ниту па некоја забавна емисија каде што ќе се промовираат. Се на се џабе изгубени четири часа, а бев фан на бубамара низ годините.
Подосадна бубамара немам гледано до сега, а од лани ја чекам. Значи Сашко како издишан, со сила колку да каже нешто. Ни сам не се трудеше да биде смешен, ниту фаци ниту гримаси ништо. Мене искрено оние двајцата ми беа позабавни од него. Во суштина цела манифестација оваа година беше неинтересна, награди добиваа или истите или некои безвеза, награда за најдобра емисија бе свашта.
Јас не ја догледав ни до пола. Кога видов дека на Игор Џамбазов му дадоа за трајни вредности на града си викам отиде ова.. Кои бре трајни вредности? Што има направено он , која улога, кој филм кое достигнување? Освен што пишува кнги за тоа како се лечел од зависности па ајде пак паднал па пак се лечел. Јас освен Трајче дрварчето и сомнително лице во театар него не го знам по некоја улога по некој опус!! За Дај му на човекот, Натали, за тоа трајни вредности ? ма дајте ве молам. Толку од бубамарата за мене. Стерилно.
Бубамарава почна да станува досадна како мува Секоја година исто па исто ако не и полошо од претходната. Единствено позитивно нешто од оваа е Тања Кочовска. Жената е ЅВЕР во најпозитивна смисла.
Да му пишиме на Сашко Коцев наредна година ако е вака ни пола од половината нема да дојдат,незнам што беше финатат ама ај...
Топ беше Златна Бубамара годинава. Сашко не е на ниво кое што беше лани и преклани, но добар беше. А и тие двајцата Атанас и другар му беа супер. Песничката за Ван Хојт беше многу интересна и смешна. Џамбазов исто така беше добар. А и редно беше да добие награда.
Имам впечаток дека Сашко полека се повлекува од манифестацијата и дека им отстапува место на Атанас и Тино и дека тие ќе бидат новите водители. Што според мене не е паметен потег,зошто луѓето се навикнати на Коцев и самата Бубамара ја поврзуваат со него.
Одма купвам карта и одам, девојките ми се предобри милина за слушање, а и за Тино и Атанас истото мислење го делиме...
Тино и Атанас-освежување, Цедевита, што сакаат нека се, но не може една Златна Бубамара тие да ја отвараат. Океј е да бидат во средина на програмата едно 5 минути како почетници, но причина зошто оваа Бубамара беше преголем промашај е затоа што Сашко Коцев го ставија на крај на 10 минути, мислам wtf? Која е логиката? Тој е заштитниот знак на ова шоу. A oваа година беше како потиснат од сите нив, затоа и не беше во своето најдобро светло. Тие 10 минути, Џамбазов и инструменталното при крајот со 3 различни инструменти беа единственото добро. А наредната година, нека кажат во која минута ќе излезе Сашко, за да седнам тогаш да гледам. Вака, изгубени беа 2 саати за ништо.
Јас седнав 2 мин пред Сашко да се појави,што значи сум имала среќа.Се согласувам дека тој е срцето на шоуто,ама разбирам што сакаат да го сменат,уствари можеби и он сака.Манифестација е,мора да биде малку различна,да има шаренило.Се исти фаци гледаме секоја година,Игор,Цацко,Сашко.Новите не се интересни,ама ќе се најдат такви ако се копа подлабоко Како за Оскарите менат водители секоја година? Лоша споредба,ама сепак.Пример Елен и Нил беа феноменални,другите not so much Инаку на Бубамарата годинава најмногу се смеев на онаа жената што доби најдобра актерка,Билјана,циркуси беше