-Двајцата водители ми беа ко дебилчиња демек освежување, па што не освежиа со нови артисти како врвниот гитарист Дамјан Пејчиноски, Горан Папаз, Ај Кју и мн други не истите па истите Мене Жаре Димитриоски ми е топ со одлична смисла за хумор би се снашол за водител Највпечатливи Љубојна уживав само стајлингот нејзин ме разочара, публиката да се чудиш ни да заиграат ко заковани за столче па уште на Ван Гог пола си заминаа... Мене незгодно ми се падна
Оваа година штеделе на шеги.Не беше интересна како до лани,уште на пола ми стана досадна. Освен тоа,се едни те исти,па не е интересно,дури и здодевни се веќе.Тамара па Тамара,аман бе доста,освен Тамара нема ли друг женски вокал во Мк,од секаде само таа излегува.Еве претходно некој пишувал за освежување со нови ликови,не е дека до толку ги немаме,само изгледа нема кој да ги форсира. Сума сумарум-здодевна бубамара 2016та.
Истото го прокоментирав кога сфатив дека цели два часа не излезе Сашко,туку дечките беа ко на генерална проба.
Злaтнa Бубaмaрa нa глупoстa. Се едни исти фaци се вртaт секoјa гoдинa и се едни исти зимaaт нaгрaдa. Мaрјaнa слoбoднo мoжеше гoлa дa испaдне, тaa не е живa aкo не се рaзгoли. Имaм впечaтoк декa тере некoј си Јеленa Кaрлеушa стил. Тaa Љубoјнa сo цицки нa мегдaн? Пее и негувa мaкедoнскa нaрoднa музикa, a сo сaмoтo тoa и мaкедoнскaтa женa кoјa сигурнo тaкa не се oблекувa. И шo е сo еднaтa стрaнa ишишaнa? Фурa некoј си Ријaнa стил кoгa беше шишaнa тaкa пред некoлку гoдини. И секaкo, пo дифoлт сите нaгрaди oтидoa зa Кaнaл 5. Мене дури не ми е ни смешнo oвa. Дечките ептен сaкaa дa се нaпрaвaт смешни, aмa тешкo им oдеше.
Буба Мара ми изгледа како приватна забава на Ранко Петровиќ, само што се емитува на тв. Ги собрал блиските пријатели за да им подели по некоја награда. Океј си се водителите, дури и повеке ми се допаднаа Атанас и Тино од Сашко, не дека не е добар тој. АЛи тие 3ца се едини светли точки у сето шоу. Најгледана емисија ,,Зевзекманија,,?? Стварно? Де кажете кога последен пат сте глеале зевзекманија па сте с.еделе со пријатели и сте коментирале што било кажано. Тамара пејачка на годината. Де еден рефрен од Тамара?? Има некоја песна што и била ама стварно хит, сите што сме го пееле? Џамбазов Која пропалица... Ако секој што знае да кажува вицеви на тв добива награда за живото дело не знам кој не би добил. По која улога го памтиме ние освен што старите генерации го паметат по Трајче дрварчето ама нас Игор не ни е асицијација за Трајче, за Бинго ни е. Дац има на пример многу повеке и тв и театарски улоги, па и одлично води емисии ама Игор па Игор. И да не редам натаму...
Игoр зa живoтнo делo? Тaмaрa зa пејaчкa нa гoдинaтa? Сесил, и мене не ми е јaснo штo тoлку се кревa прaшинa oкoлу негo, демек цaр е чoвекoт. И тoчнo тaкa, Дaц е тoј штo требa дa јa дoбие oвaa нaгрaдa нaместo негo.
Не само за пејачка и за концерт и за албум на годината. А и наградата за прва труба на Македонија не ми е јасна???
ја има како не .. ,,најдобра е,, Ова се добитниците на наградите од 19. „Златна бубамара на популарноста“: Најпопуларна ТВ серија 2015 5+ фамилија – ОХО продукција ТВ Телма Телевизиско музички проект 2015 5 + фамилија – ОХО продукција ТВ Телма Награда за животно дело-Селимова Желчевски Млад актер на годината 2015 - Жарко Димоски Театар комедија ТВ забавна емисија за 2015 Неделно попладне – Томато Награда за Интернационален успех -Браќа Тавитијан ТВ Емисија на годината 2015 Визита – Канал 5 Општествено одговорна компанија- Зегин Група на годината 2015 ДНК Подвиг на годината 2015 Араунд Гаиа – Ивана Чолаковска Најпопуларна балканска вокална група - Фрајле Концерт на годината 2015 - Тамара Тодевска Пејачка на годината 2015 - Тамара Тодевска Албум на годината 2015 - Тамара Тодевска Трајни вредности Игор Џамбазов ТВ Емисија на годината 2015 Зевзекманија – ТВ Канал 5 Спортист на годината 2015 Евгениј Поп Ацев Актерка на годината 2015 Тања Кочовска Актер на годината 2015 Петар Мирчевски Театарска претстава на годината 2015 Мајсторот и Маргарита Музички видео спот 2015 Љубојна Излего да се рашета Етно група на годината Љубојна Прва труба на Македонија Џамбо Агушев Музички маестро на годината 2015 Исмаил Лумановски Трајни музички вредности Ван Гог
Група на годината - ДНК, seriously? А и за Тамарчето претерале.. ни знаеме албум дека издала, ни концерт дека правела..
Јас искрено па не знам која пејачка беше поангажирана од Тамара минатата година. И албум, и концерт, и спотови, и еден куп настапи, не за џабе ја зафркаваат дека ќе се породи на сцена Цело време викаме дека едни те исти земаат награди, ама па на кој да му дадеш награда во случајов? На Тамара можеби не требаше да и' тупнат три награди, ама оваа за Пејачка на годината реално не знам кој повеќе од неа ја заслужи. Што се однесува до самата манифестација, мене лично ми беше за мааала нијанса подобра од минатата, некако повеќе се смеев годинава Па дури и Тино и Атанас не ми беа толку лоши како лани, иако останува тоа дека не ми се симпатични ликови. Ама подобри беа од минатата година.
Не знам зошто толку ги мразите Тино и Атанас, интересни се, прават шеги на своја сметка и воошто не се занесуваат дека се нешто којзнае што. Можеби не им е толку јак хуморот, ама втора година им е уште, сигурно ќе се подобрат.
Каролина ми се чини изминатата година повеќе одмараше, макар што полани мислам дека заслужи награда за Концерт на годината, ги зареди со Македонско девојче 2
Да, ама и измината година не доби награда мисламДа не имаат нешто лично против неа бидејќи квалитетот и е неспорен? Исто и Елена Ристеска не памтам да има добиено награда