А да не знаете од колку е Златна бубамара утре? Еден другар ми ги дава неговите карти, ама не знам дали ми одговара времето...
Не ги давам на никој, им се радувам како детенце на чоколадо, туку така да си знам на време што треба да откажам за да стигнам
Ептен романтично беше. Сашко и неговите шеги, демек цело време се врти околу тоа дека не може да си најде девојка. Па да не е таква, да не е онаква (ај да не го цитирам баш, редеше професии и кажуваше зошто не, а сите се газевме од смеење). И одеднаш стана озбилен, кажува каква сака, ама се беше толку убаво сколпено, толку романтично. И после почна песната, и остатокот е на видеото. Браво за Сашко и нека им е со среќа
Какви негативни коментари прочитав по разни сајтови, глава да те заболи. Што има лошо во тоа што јавно ја побарал за жена? Баш ми е мило, нека им е со среќа. Мора кај нас за секој УБАВ настан да се каже нешто што не треба. На крај, ако не им се допаѓа ова поради било која причина, може да си се воздржат од коментари, ама нее. Се извинувам што тука се испукав, ама ја видов темава и морав да си кажам.
Гледам секоја година, ама вечер нема да можам да гледам па знае ли некој дали ќе има реприза на Канал 5? Другиве години колку што се сеќавам во недела на пладне даваа реприза, ама на сајтот не пишува ништо за утре. Можно е следната недела да репризираат или тешко? И на нет негде може да се најде снимка?
Знам за вечер, ама затоа што нема да можам да гледам прашувам уште еднаш дали ќе го даваат. Мене се ми се чини дека го даваа уште еднаш во недела, само не знам дали утре или следната. Барем изминативе години мислам беше така. Ај не е битно, ќе си ја проверувам јас програмата на Канал 5 и на 5 Плус
Пффф, Сакам да кажам на Горан Михајловски, јас мислев ќе рече Сакам да кажам на форум Фемина. Интересен е Сашко годинава.
"Во моментов сите попови се зафатени" "Е-матично: По звучниот сигнал, бакнете ја невестата." Ќе се смеам долго за цел тој дел со апликациите.
оддамна не сум се смеела волку Да си ми жив и здрав уште многу години Сашко Коцев хаххаххаааааааа Па и со ова бароков хаххахаааааа Ааај да го гласаме по Бадентер хаххааа
Богами ме иснасмеа Сашко, кома е. Две години по ред велам ќе одам ќе одам и се нешто ми излегува.Наредна година обавезно. Добро ќе ми дојде доза хумор во живо.
Aх,прекрасно за наградите на кошаркарската и ракометарната репрезентација Боже аман им текна на овие од публика да станат и да аплаудираат!! -Не се сеќирајте,Солунско поле,барем во моментот е наше..ах Каролинке.
Публиката едно 5-6 пати најмалку стануваше и аплаудираше, почнувајќи од "Еден бакнеж", па се до запросувањето. Тоа што не го даваат на телевизија не значи дека не се случило.