Не е на Кили, на жена му на Кили е. А татко и со семејството живее во Србија. Сеедно, мислам имаше некое интервју кај што кажува дека е среќна со двајца татковци и има одличен однос со Кили. А мајка и е танчерка и кореограф. Сепак, има огромен талент. Слатка е, поубаво пее од пејачките наши, има стил... Колку само убаво и стоеше фустанчето срцкаста е ептен
Најлоша бубамара до сега. Сашко го забораваше текстот, Тамара и Тијана аман веќе секоја година, досадно досадно. Кили пола емисија се глупираше. Само српски песни среќа Ој Вардаре ја имаше. Дани за дома си направила албум никој не го знае не заслужи ништо. Фчерашни не знам кој ги гледа. Шегите познати од твитер. Дефинитивно подосадно нешто не сум гледала.
Само зошто црниве салонки со крем би била перфектна. Него што е со тој клипот на инста што кружи каде Боки 13 плука нешто по Ранко и Бубамара, нешто вика, пцуе, ама како сечен е клипот на неколку моменти и не можам да сфатам за што станува збор.... Го видел некој? Дека е од инста па не можам да ги симнам и прикачам, ама кој го интересира нека види под #zlatnabubamara хаштаг и го има таму Кој ретард е човече....
А за што станува збор, ваков револт не ќе да е само од досадна бубамара Во право или не, со тој начин на изразување и карактер мене секако ми е ретард
Се нервираше дека сите тие луѓе платиле 1500 ден карта, а за хуманитарни цели не може да им се извлече ни 100 ден. Мене Боки ми е скроз ок лик затоа што не глуми и не се фолира. Ама тоа не е муабетот тука .
Јас не разбирам како не ве мрзи да пишете досадна ЗБМ,катастрофи итн. Реално што очекувате Оскари доделување во Р.М.? ЗБМ е приватна забава на Ранко и компанија и сосем нормално е наградите да се нати ми го дај ми го. Актерка на год. Нина Деан? Кај е Драгана-Зана која бдв глуми и во многу претстави,кај е еве Ангела-Ивана наградена? Трајни вредности на Нови фосили и овие велат 28год.не сме дошле. 28год.цела млада личност оформување. Инаку Ранко се со Кили пријатели и нормално Кили да замоли за поќерката Нина,па и се изрдува девојчето на крај,залужено или не па зошто да не ја израдуваат кога си можат? Друго за плукањето на БОКИ13 најде кој да плука затоа што завидува дека неговата Величенствени13 не заживеа. Ко прво вип,џет сетот,јавни фаци не купуваат карти по 1500,гратиси им се.Дури по фирми гратиси делат. Видовте колку црвени столчиња залепени со знак Макпетрол беа празни? Така да Боки нека не дига џева овие нит плаќаат за карти нит за добротворни цели,тоа е тоа,штедат.
Сум била на неколку бубамари досега,ги имам гледано повеќето,оваа беше добра,ама не и најдобра.Единствена манифестација од овој вид која се уште како-така трае. Лани беше една од подобрите,имаше многу материјал. Пеач и пејачка немаше од причина што никој ништо ни испеал ни направил нешто ново или забавно.Концерт,Меморија. Од две серии,двете добија награди.Еден мјузикал и тој зема награда.Еден филм и тој доби награда. Изборот не е тежок,зашто избор нема. Со должна почит,но повеќето беа ѕвезди на кои кариерата им е во залез. Нашата сцена нема што да понуди.Исто како и нашата држава.Ова е реалната слика во земјата отсликана преку естрадата. Порано постоеја 12 Величествени,Лице на годината организирано од Екран и сл вакви манифестации.Сега се радуваме некој странец да дојде и концерт да одржи,зашто од нашиве ништо нема.
Само ми засмета што Преспав и На терапија не ги споменаа никаде.али треба да разбереме дека приватна манифестација е така да се губи донекаде објективноста и вредноста на наградите..
Тијана доби за "Преспав", а "На терапија", мислам дека не беше толку многу гледана. Немаме ние менталитет за такви серии, плус терминот беше катастрофа. Ретко кој возрасен ја гледаше, кај со мали деца ќе успееш