Super smeejne pada... Edinstvena nagrada koja go imase vistinskoto znacejne e za pejcinoski deteto od Ohrid
Нај мерак ми направи наградата за поп пејач, па и хит на годината, за Лозано. Преемотивно ми беше кога Петар Грашо го спомна Оливер Драгоевич и моментот со ѕвезденото небо, исто и кога Игор Џамбазов ги спомна починатите па им оддадоа почит. Секогаш Џамбазов е тој што ги спомнува пријателите кои ги загубил, секоја година. А онаа Вера, досега не сум ја знаела ни која е ни што е, си беше така малку (повеќе) самобендисана и умислена, но убава жена, мора да се признае. А да, исто ме трогна и моментот со детето што го преплива Охридското езеро, не ми текнува како се вика... Добро е што му доделија награда, баш заслужи. Хорот на Мирче Ацев ме воодушеви, а и Агушеви беа интересни, прв пат ги слушнав. Сашко како и обично, ме насмеа, но може тој и подобро. Можеби нешто прескокнав, не го спомнав, но воглавно ништо повеќе и ништо помалку од очекуваното не видов.
Мене ми напрај кејф што дојдоа 193 и 194 и ги испоштуваа. Само не мораа баш у мантили, сепак не се на работа.
За разлика од лани, овај пат супер беше. Сашко е талент за комедии,нема тука што, ме изнасмеа со пенкалото.Време беше и Влатко да добие некоја награда, кој извади летово повеќе хитови незнам. Тамара нели на породилно беше, и да зошто нема пејачка на годината? Детенцето од Охрид,сонце мило,Господ да го чува. И јас приметив дека секогаш Игор ги спомнува сите оние кои заминале, незнам зошто. И оваа Вера,пред некој ден ја открив на една емисија за деца беше со дечињата. Таму беше супер нормално облечена и нашминкана. Убава жена, ама фустанот крш беше. Мислам дека ќе заврши кај Сергеј
Шо се напраил бе Владо Јаневски со тоа шишките и со тоа пополнување брчки и уста ко од Hunger Games да го исфрлиле..
Даааа Леле не ли знаеше Долго одат сигурно година, мислам од неговиот спот каде главна звезда е Дунето.
Лани беше подобро, но не беше толку лошо и годинава. Имаше многу технички грешки кои вчера на ТВ не ги дадоа. Најголемата беше со Жељко Самарџиќ. Беше целосно збунет, не знаеше на кого наградата да ја даде па се сврте кон Коцев за да го праша. Па потоа му го птомаши презимето на Влатко. На Дупер исто така им се случи техничка грешка па чекавме 10 минути за да почнат да пеат. Потоа и на Влатко Стефановски. Сето ова не беше прикажано вчера на ТВ. Браво за продуцентот на Преспав за тоа што им го кажа на публиката. Многу лоша публика сме. Џамбо исто побара поддршка од публиката, а таа ништо. Затоа па Пеце убаво им го лупна. А секоја чест и за Ирена Ристиќ.
Секоја чест на Ранко Бубамара и цела организација. Ако не се они, тешко кој ќе оддаде почита на луѓе битни за државата, луѓе кои придонеле на ваков или таков начин во текот на годината. Богами, едни од единствените се можеби, што убаво и сочно ги плескаат и презентираат гадотиите и гомнениците на Владава и нејзините функционери. Секоја чест, за Марко, спасувачката екипа од кобниот 13ти, јас ова не го видов, покасно кога седеа во бели мантили, му викам на мм абе кој припаднал што дошла Брза помош во сала па човекот цела вечер ме зезаше за мојот гаф Секоја чест и за Влатче(фала Богу некој и за тоа да придаде значење на вредностите на МАКЕДОСНКАТА музика),Игор... Сашко, како и секоја година, професионален и најзабавен во својата улога.
Во живо малку здосади јас не го дочекав крајот. Но сепак како и да е премногу сме слаби со вакви манифестации па треба да ја цениме оваа повеќе. Сашко закон, плескање во фаца, а Тино и Атанас ми фалеа повеќе да зборат, мене ми се интересни дечките. Оваа година посебно впечаток ми остави бината и перформансите, многу убаво осветлување и ефекти имаше. Настапот на Влатко Стефановски со хорот беше светски, за мерак.
Сто пати го спомнав Влатко Стефановски и пак ќе го спомнам настапот. Прекрасно, преемотивно со сонцето во позадина и тоа што заборавив да испофалам..хорот. Батката кога излезе да зборува за наградата за Преслав и мрчот што и го удри на публиката оти не станала на Влатко Стефановски, туку седела) прво ме изиритира, али коа спомна за сопругата негова и ракот, скроз заборавив и јасно ми беше оти се надоврза и мрчна. Ми се свиѓаше и сцената за Дупер...Сашко, цар.. за Жељко цел збунет коа не знаеше кого да најави се изнасмеав. Помислив дека му оставиле картичка со текст на мк и не сфатил шо како))) безвезно шо нокаут беа на крај, и само шо почнаа да свират почна да се празни салата. И така. Наградите шо знам...повеќе за смеењето со Сашко ми беше )
Врска немав, не ми е нешто интересантен, па не сум се заинтересирала да научам.. Едно време му ги сакав и слушав песните, после ми стана антипатичен од кога разбрав каков скот бил.. А Фчерашни растурија, се утепав од смеење на тоа: “.. кажувај ги имињата”