Батката е Пеце Талевски,негова идеа е Преспав,реализација,текстови све,и Трчај Петко 5+,човекот е многу голем мозок,но за жал од болеста на женаму,е цело време под голем притисок.
Леле и јас сум убедена дека Владо Јаневски е геј (или би) и муабетов го верглам со години. Не одрекувам дека имал и женски, ама мислам дека игра и за другиот тим Особено ако го видите во живо ќе ви стане јасно, со движењата, начинот на изразување, манирот. А и повеќе сакам да верувам во ова отколку дека е стварно со Дунавка Бубамара, како и секоја година, ја гледавме фамилијарно. Во последниве години не ми беше баш смешна, дури ми одеше накај патетична, но годинава беше добра. Настапот на Влатко Стефановски беше врв, Агушеви исто беа супер. Дупер ми беа некако збунети, дали немаат свирено многу во живо, дали тоа што имале технички проблеми, очекував да бидат поенергични. Стенд-ап делот беше океј, се изнасмеав на тоа за комарците. Не ми се верува дека ќе го кажам ова, но добро што ги немаше толку Тино и Атанас, само ги доделија театарските награди. Порано ми беа освежување, пресмешни, презабавни, ама последнава година-две ми се тапа. Исто и што им се дешава со изгледот? И двајцата ми беа симпатии, особено Атанас, а сега ми личи на грофот Дракула. Нова симпатија - Талат! Пофалби и за сцената, осветлувањето, визуелните ефекти, мислам дека годинава беа најпрофи.
Да да тоа со кажувај ги имињата беше јако Иначе,тие двајцата треба сами да си прават скечеви, најсмешни ми се, другите не баш ,,од фчерашни мислам..
Не ја обвинив за ништо. Само прашав најкултурно. Искрено, ме заинтересира од каде произлегол тој муабет, бидејќи јас првпат слушам и сум изненаден.
Постои нешто наречено метросексуалност.Тоа е присутно и кај стрејт и кај геј мажи.Тие се мажи кои секогаш се дотерани и негувани,со еден збор,средени.И однесувањето им е поинакво од мажите кои не се метросексуалци. Па,освен ако некој не го видел Владо каков е во приватноста,не треба да се коментира за тоа.
Моја лична претпоставка е, не е никаков муабет излезен од негде. Знам дека изгледот и движењата не мора да значат ништо, но ете, мене таков вајб ми има.
Дури сега ја изгледав...и имам позитивни впечатоци, со оглед на тоа дека е ова една и единствена ваква манифестација кај нас која опстојува со години наназад. Се израдував што ги немаше сестрите Тамара и Тијана (доста беше), а најголем кејф ми направи што награда за поп пејач зема Влатко Лозановски. Алал му вера на човеков, константно е присутен, додека другите како под земја да пропаднале (на нашата музичка сцена). И секоја песна му е хит. Влатко Стефановски и син му Јан, маестрална изведба. Светско, а наше.
Не знам колку некој е запознаен за Ирена Ристиќ и нејзините активности, но за мене приметна стана кога ја затворија пред година-две кога собираше отпад пред Собрание (ако грешам, поправете ме) и ја притворија заради тоа. Потоа нејзиниот говор на Златна Бубамара кој би рекол дека беше и најдобриот на оваа Бубамара, а и еден од најдобрите што се случиле некогаш на Бубамара. Не ми е јасно зошто публиката не изреагира по бурно и не стана да и аплаудира и да и даде поголема поччит за тоа што го кажа и им го "шлапна во фаца" на сите политичари. Од А до Ш се и беше на место од тоа што го кажа. Само што за жал малкумина го сфатија тоа сериозно.
Оваа златна буба мара и те како има инспирација од ситуацијава во нашава држава да биде една од најинтересните буба мари.