Катастрофа беше годинава, посебно хуморот на Сашко. Не знам дали никогаш не бил по cringe или со мојата смисла за хумор нешто сериозно не било во ред што ми беше пресмешен само до пред некоја година Само екипата на Медена земја беше освежување и вредеше, па и поубаво биле примени и поголема инспирација им било ова кај нас отколку Оскарите рекоа, колку се само скромни и приземјени...
Мене не ми беше интересна Бубамарата. А и немаше многу смешно од Коцев. Како да паднал со форма ми беше. Тино и Атанас ги немаше на оваа Бубамара. Треба да освежат со нив за наредната.
Катастрофа годинава. Всушност...години уназад е ужас. Пола саат гледав и баталив. Сашко Коцев ич не ми е интересен.
Сашко ептен ме разочара. Делуваше како да го фатила Корона годинава. Ептен аматерски т.е под просечно направено. Пцуењето и вулгарностите пак се само показател колку само беше лоша таа вечер. Со еден збор недозволиво за глумец од ранг на Сашко Коцев.
Овај актеров Јордан Симонов што доби златна бубамара за најдобар актер биваше ли да се појави во дукс на ваква манифестација? Дно дна
Оваа Бубамара со сила ја догледав.. Не дека другите години многу ми беше смешен Сашко ама оваа година го отупе со "смешките".. Не за џабе салата како идеше половината од бубамарата се повеќе се празнеше..па на крај беше дури и смешно празна..
Па добро далеку сме од оскарите ама една единствена манифестација што ја имаме во годината, јавна личност е каде со маицата извадена и дукс излитен. Иако од година во година истото плуќање демек се полоша и полоша бубамара, ама пак салата е преполна, а и пред малите екрани гледаноста е голема, не за друго, за пак да се плука.
Вечерва на Канал 5 во 20 часот Златна Бубамара 2021 Баш ме интересира што и како смислиле да биде оваа година Со оглед на тоа што е пандемија и ќе нема публика, не верувам да има доделување на награди и слични такви работи
За Ковидов ќе зборат сигурно ама за политичариве не верувам дека ќе смеат, како што ја цензурираа предходната бубамара.
Како што не беше нешто посебно минатата година. Сам Сашко кажа дека се цензурирани ниеднаш не спомнаа за владата нешто.