Та тоа некако ама го кажа не сврзано само се пресмеав кога говореше Сашко за каква женска да земел со професиите, правничка, економистка...сите ги кажа
Сите жени се како Васко Ефтов, поставуваат 400 прашања во секунда. Сите жени имаат научено историја. Ау Ау, Сашко
Јас за правничките ептен се пронајдов Па и за ова 400 прашања у секунда Еве ми го и Горазд, ептен го обожавам, цар. А за Сашо нема потреба од зборови нели
А за докторката. Она сака само секс навечер, нели дежурна И се на набрзина. Ајде побрзо побрзо. МИнистерот само шета, како е напален и двајцата ќе не поебе хахахах мислам дека се подмочав
На почетокот кога почна да води Сашко воопшто не ми се допаѓаше и воопшто не ми беше интересен. Но денес се надмина себеси дефинитивно! Сеуште не ми се допаѓа и не мислам дека е најзгоден и наубав актер во оваа наша мала и мила државичка (има и поубави пр. Дејан Лилиќ, Игор факинг Стојчевски ...) но, стварно беше добар! Како и да е, смешна и интересна Бубамара, може и да ги немаше глупостите на Грујо во текот на годината, немаше да биде волку смешна. А запросувањето мислам дека беше многу убаво и искрено. Повозбуден беше Сашко отколку девојка му.
Сашко, ми го продолжи животот! Се тркалав од смеење, тешко на комшиите!! Оваа година ја погодија скроз Бубамарава!
Омилено шоу ми е Бубамарата! Секоја година со задоволство го гледам. А оваа, беше прекрасно! Од учесниците, преку коментарите, до запросувањето, оригинални се, нема што! Браво за Игор и песната со Тоше, се наежив додека ја слушав. Браво и за Сашко, и Каролина, и сите кои учествуваа!
Не дека е последна до сега,ама мене дефинитивно ми беше најинтересна.Ме заболеа мускулите на лицето од толку смеење. ,Сашко со оваа бубамара се надмина себе си,иако јас мислам дека пред мене го гледам Зумбуљ Ага, додека Кили беше шлаг на јаготката. Каролина за прв пат ми се допадна, А суперхикс ги сакам најмногу на свет. И да Сашко беше возбуден мнооогу
Секоја година ја гледам Златна Бубамара и секоја година ми е се поинтересна и гледам никогаш да не ја пропуштам зошто такво смеење никаде нема! Му се на Сашко
Сашко го обожавам, неговиот напредок се гледаше по тоа што беше далеку поспонтан и по тоа што не држеше никакви листови за разлика од претходните години, дури и Тони Михајловски секогаш имаше листови со сценариото, но овој пат Сашко максимално спремен сеедно што ова може му беше и најстресна година А да не сакам јавни побарувања, но срцето ми се исполно кога го видов со поднасолзени очиња откако ја побара, со среќа нека им е навистина од се срце. А омилени од шалите делот со жените и првата тура на шеги нормално владини. Ах да и кога излезе Игор Џамбазов и склековите И да одличен е изборот на сцената т.е тарасата, па нормално тоа и ја обележа годинава. Наградите нималку не се битни, убаво е човек да се смее 3 часа без престан. Ова и к-15 се единствените шоуа каде може да видиш политичари да ги ругаат а тие да се смејат. Нека продолжи традицијата и само има една голема желба. Да ги видам некоја година и Тони и Сашко заедно на сцена па да се помочам во буквална смисла
Вториот фустан на Каролина воопшто не ми се свиѓаше како и стоеше, нема воопшто задник, рамна е, а фустанот е за истакнување облини. Јана едвај ја ја препознав, ништо не си одговараше, ниту фризурата, а посебно не шминката на таков фустан. Тоа што забележав, а многу ме нервира зашто е знак на некултура е тоа што додека луѓето што примиле награда зборуваат, ги гледаш другиве во позадина како муабет си прават. Пример, Лоба со Митевски додека коментаторот збореше. На што личи тоа? Не ми остави некој спектакуларен впечаток Бубамарава, не се каам што не бев и онака за тие три саАти ќе збеснев. Тие 10тина минути додека Џамбазов беше на сцена се имаше некаков посебен шмек. Факт е дека моментално немаме премногу талентирани водители и познати што ќе успеат да ти го задржат вниманието 3 саати, а ти да мислиш поминале 10 минути. Не сум против Сашко, ама сепак по мое, има уште многу векни леб да јаде Битно публиката се смее и ракоплеска буквално на секој збор
Кирил Поп Лап Топ Христов. Прво пљукав по синхронизација, а после си легнав на брашно. А убаво ми викаа, кај што плукаш, не лижи.. И од сите улоги, мене најпедерската ми ја дадоа. Па за Султанот.. Он Султан, а мајка му му кажува што да прави. И секогаш ќе се најде некоја жена, што ќе го замара. Бегај километри од неа. Ќе има ли фасада? Ле ле ле ле. Ќе биде ли плава? Не не не не. Барокот, барокот.. кома комерц. Со кочија, кљок, кљок, кљок. Луј двес четврти, кроз седми. Па пантомимичарите. Па, па, па. Предизборен молк... Лопатите.. Конечно и се исполни желбата на владата, секој граѓанин со лопата во рака. Абе само да го гледаш.. доволно е. Кога збореше за девојките.. економистка.. Си легнуваш навечер, и викаш: Дај стотче. Фацата, фацата.. абе неам коментар. Историчарка.. памтиш она лето? Тв новинарка.. Почекајте после рекламите. А Васко Ефтов, е тоа ти е посебна прича. И тоа на почетокот, незнам како рече.. Танговски народ, му се упикаваме у г* на секој. А тоа па за црквата, поповите.. За христијански, притиснете 1, а за муслимански притиснете 2, а за сите останати, притиснете 3... И ве прогласувам за маж и жена, можете да го бакнете мобилниот. Па и е-матично. Каков ајвар, какви зимници. Е-банка.. само неможеш да се испокараш ко што треба на шалтер.. И за исповедите.. Ќе ви донесам узб од 4 гига.. Не, не. Тоа остај им го на политичарите.. И уште оноа последното, за магистри, за насловите.. И се среќаваат директор, и чистач, и се поздравуваат.. Добар ден, директоре, на вмро, на восочни, на.. Па додека да праша дали е дојден оној механички директор. Па роботат ли тие? А коментарчето на Каролина, и вриштеше. Она иде со гркче, а.. Едит: Златна буба мара ќе се емитува утре, сабота, во 21.30 а реприза ќе има следниот викенд. Поздрав. Ова го прочитав од тука: http://www.kanal5.com.mk/(S(12mxdmzcxl3fsf55gkiunn45))/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87493
Според мене Златна Бубамара ги исполни сите очекувања, прекрасно организирана организација. Не се секавам од кога се немам така слатко насмејано, благодарение на Сашко, Каролина уште еднаш докажа дека има вонсериски глас, никој не може мана да и најде за испејаното. Игор оригинален како и секогаш. Ние немаме друга манифестација од овој тип, како без конкуренција опранизацијата навистина беше на ниво.
Одлична манифестација или што и да е, и една од ретките работи што секоја година не обединува. Сценариото и годинава им беше одлично, опфатија баш се. Барокот, врв над врвовите ми беше, се утепав од смеење. Сашко според мене е една од највредните celebrity кај нас, талентиран глумец, водител и шоумен. Мислам дека стилот му е доста различен со оној на Тони Михајловски и дека добро направи ја што го смени ја водителот. Тони беше одличен, ама премногу ќе беше толку долго да се задржеше како водител. Како росоњерка и јас не сум фан на јавни запросувања, ама неговово навистина не допре, цела вечер си имав една блажена насмевка. Секоја чест за идејата и успешната реализација. Од аспект на модата, мислам дека не им е дефиниран баш и ова го забележувам секоја година. Имаше некои ултра свечени вариjанти до некои сосем обични. И морам да прокоментирам, Викторија Лоба ми беше одвратна на ништо не ми личеше. Исто и Јана Бурческа, уште не ми се верува дека тоа беше она. Гласот и е прекрасен а и она е многу убава девојка но воопшто не личеше на себе или барем стилот позади кој стоеше на Идол.
После колку време не знам синоќа се смеев од срце и со солзи ... Задоволна легнав. Манифестација една и единствена со која секој е насмеан до солзи. Сашко е перфектна замена за Игор и Тони, може и да е подобар со оглед дека само да го погледне човек насмевка му се создава, а плус е милина од човек. Одлична манифестација!Не претенциозна, не кичерајска, не усилена ... едноставна, спонтана и полна изненадувања.
Годинава одлично беше осмислен целиот концепт на манифестацијата. Имаа многу добра организација, интересна комбинација на стенд ап, доделување награди и настапи во живо. Во ниту еден момент не ми беше досадно додека гледав и апсолутно ја прогласувам за најдобра Бубамара до сега. Се беше одлично осмислено, а како јаготка на шлагот беше запросувањето кое мене ми беше крајно симпатично. Морам да признаам дека кога се појави Сашко Коцев како водител на Бубамара пред неколку години, не го сакав толку многу. Жалев што веќе не води Тони или Игор, затоа што Сашко ми делуваше многу стегнато. Некако немаше спонтаност, како секој збор и движење да му беше однапред испланирано. Ама, еве го повлекувам тоа и кажувам дека дефинитивно си ја заслужил улогата за водител на Бубамара. Одличен беше!
Оваа година беше најдобро организирана, Сашко ме скина од смеа. Тоа за Ipop апликацијата за Iphone, лелеле и она е-матично, сега можете да го бакнете телефонот, за развод пратете смс со текст Р, 40 денари без ддв