Снимал некој филм во Словенија, па бил на премиера ли или снимал нешто така беше од него изјавено па не успеал да стигне. Овие двајцава мене не ми се ништо посебно. Сашко си е Сашко, фацата кога му ја гледаш, гримасите и како се вложува во сето тоа самото тоа е шоу, па тек да го слушаш
Ааа па лани си кажа дека му е последна бубамара. Ај да се надеваме до година пак ќе ја води. Гледам бубамара уште Тони Михајловски кога ја водеше. Своевремено и тој беше интересен, а и дечкиве се млади и надежни, допрва доаѓа нивното време.
Дизајнот на картите предобар! Едвај чекам да ја даваат на тв. Ако бил некој вечерва нека сподели впечатоци.
секогаш се емитува во недела само не знам дали ќе биде оваа или тек следната видов слики и од него и од Тино и Атанас
За што бе чекаат овие да им дадат награда? За дует на годината? Гледајте во недела, интересен беше делот за инфлуенсерите и јавните фацки. Каша попара ги направија. Не се раскажува тоа И Врчак се појави на крај, земаа награда со ДНК.
Многу многу бедно звучи и го отупе со тоа дека нема награда. Има интересни гости , амааа е самобендисан, он е најдобар, па она буквално молење за донации, па сега наврадата. Многу многу му треба на дечково за да биде барем ок. Во една емисија па кога се налути дека му пишуваа дека не му се слушаат микрофоните…тој однос еднаков на дете од 5 години што се лути зошто нема лижавче.
Многу беше добра Бубамарата, да гледате задолжително. Не знам Шехтанска дали ќе ја сецнат, али тоа ти е глумец што не знае да се наметне како што треба и се лути за нејзиното незнаење. Срамота, ја расипа цела манифестација на крај со коментарите. Каша попара. А за ДНК јас да сум ко нив ќе се налутам и не одам веќе, втора или трета година по ред ги оставаат на крај на заминување да пеат. Однесувањето недоквакано на Лазаров е дефинитивно такво, ама има големо подобрување, дечкото научил како да води интервју кое трае 3+ч и да не биде досадно. За неговата непромислена постапка си има поравни последици, бил на суд, ама дека се направи големата од тоа, се направи, нит силувал, нит бил таму, се насмеал ко што се смее на се што ќе кажат луѓево, на пар пати на приказната на Весна за разводот се насмеа недоквакано, тоа не значи дека варал или бил тој што изневерил. Премногу питачи, машка верзија на Спенџарска ми е, ама па тоа не е којзнае колку страшно според мене бидејќи не допира до мене, гледам заради гостите.
Му се избаци на Ранко зошто у 5 за 12 и дал сценарио да најавува награди и испомеша нешто награди изгледа, како излезе она сите се напикаа позади и едвај искачаа да најават кој доделува и за што доделува. Да се извади на микрофон рече дека Не е она крива, криви биле тие што со месеци со него работеле, во тој стил. Едно време Ранко по телефон им ѕвонеше да излезат на сцена, ги бараше, празна беше сцената може цела минута.
Никад не ми била симпа, ама па сеа ептен ми се одмили. Онака арогантно и дрско. Ранко каков домаќин излезе, сите ги поздрави, одеше меѓу луѓе поздравуваше, сам разнесуваше гости. Каков сака нека е, нека е готован што зима идеи и слично, ама се труди за ова многу и не е фер вака да го зезаат.
Стварно беше добра, прв пат гледам во живо и ме воодушеви. Атмосферата е сто пати боља него ли на тв, само не знам ако не кратат доста колку ова на тв ќе трае, кога во живо траеше 4ипол саати ако не и јаче.