Во право се што ја критикуваат Златна Бубамара, мене ми личи на еден огромен аматерски циркус, каде награди добиваат фаци што последно се имаат појавено на тв или имаат направено нешто пред минимум 10 години. Истите луѓе цело време во круг, досадно е. Ете пример, најаматерски потег е што лани за песната Бела награда добила само Лара, а Пајак не, а песната е авторско дело негово. Аматеризам и ништо повеќе.
Менди кој да добие? Имаме сцена? Па само фолк сцената ни постои во државава, па и тие се со настапи по свадби и по странство. Арно рекоа Тино и Атанас, многу плодна беше годината, Тамара избаци дури две песни и тоа на српски. Скоро сите награди од областа на музиката беа за животно дело. Немаме ние естрада.
Па не, тоа ми е поентата. Нема ни сцена, ни естрада, ништо, загреота А даваат НАГРАДИ. Не знам, цела манифестација е тотален mindfuck.
Прочтав еден неубав пост кај една инфлуенсерка за Златна Бубамара..кај ништо нема па и ова ли?? Па можеби е потсетник да се види до каде сме ретроактивно низ цела година?? Што знам, немам конкретен став ама па и не е до толку лошо како манифестација да се одржи..
Синиша од театар Комедија сам сношти си кажа дека ова му е 6та бубамара, а и годинава за најдобра претстава и за најдобри млади актери- и Наталија и Сергеј глумат во Комедија. Ниту само Синиша Евтимов режира, ниту само Комедија е театар во државава, секоја година награди зема истиот театар, а го имаме и МНТ, го имаме и драмски, и други градови после Скопје имаат театри. Велес функционира театарот, можеби не секој ден ама редовно се игра по некоја претстава, исто и Битолскиот народен театар. Андријана Јаневска пејачка на годината. Точно е дека жената пее растура, ама мислам и лани се појави, сега буквално ми дојде ко реприза. Башка од кога нема нејзина песна или албум излезено (а да не е препев ко Векови) и кога последен пат имала концерт и со што се издвоила баш во 2023 не знам. Од тој аспект некако ми е нелогично да е пејачка на *годината*, пошто знае да пее (што е точно), ама 25 години уназад знае да пее и не знам што е она специфично за неа во 2023 баш. А инаку мене од целиов настан она што ме изнервира, е што и Владо Јаневски, и Андријана и Жељко Самарџик и скоро сите други си испеаја поштено по една песна, а Рамбо Амадеус на крај цел концерт си направи, 4 песни испеа, за тој половина час дур пееше пола сала се испразни, за на крајот за ДНК и Врчак, двајца без тројца дали останаа. Немам ништо против Рамбо, ама ако сите наградени пеат по песна или две, толку е ради реда да се испее нешто, и онака Бубамара трае 5ипол саати. Ми се бендиса што Сашко се појави, Тино и Атанас не беа толку лоши со хехенца за разлика од годиниве, и ми се допадна тој кумановскиот актер (не ми текнува името) што имитираше политичари. Пак имав впечаток дека голем акцент се стави на патриотизам и македонизам со Македоникејшн и Т'га за југ со Игор, статистики за иселеници и со дечкото што доби награда за етно песна, некако сите тие моменти едноподруго имаа "вечна" вајб, си реков уште Некст Тајм ако ги ископаат од некаде оваа година по не знам кој пат, станувам и си одам (среќа па не се појавија). Шехтанска беше посебно арогантна, пет пати потенцира дека во 5 до 12 била поканета, па што не одби бе, туку јади трици ко демек на шала. Резил. За разлика од неа, Миланка Рашиќ на пример, на почетокот сосема културна, концизна, си зборуваше и ја додели наградата, онака баш како што доликува на манифестација. Се на се, ко и секоја година имаше и бош и интересни моменти.
Јас ништо грди ни срамно не видов. Сум гледала поголи девојки во долна облека ( ако може така да се рече). Ова баш ми е ок.
Јаневска во 2023 зема награда за најдобра пејачка во светот. Настрана дали со пријавување било, од колку пријавени и сл. Миланка ми е жена госпоѓа, од редот на Билјана Дебарлиева, Билјана Беличанец... на ниво.
Да да, па баш дека нема ништо срамно и грдо, супер се сликите... Можете како пример за сите кои имаат ќерки да им покажете како треба да се сликаат утре ден
Па уште 100 нови категории може да извади, не се исти времињата од пред 25 години. Најбољи ЈуТубер, ТикТокер, па некои инстаграм профили, рапер, а не ги врти истите награди 100 години, никој нит се сеќава, нит ги знае луѓево, нит па се нешо релевантни. Нарочито кај младиве генерации. Врчак земал награда. За шо? Животно дело ли? Па не е умрен чоекот. Ако немаш на кого награди да даваш, однак немој да ги даваш. И онака никој не глеа за тоа, него ли за скечевите измеѓу. Излагаат таму и причаат тужни причи 10 минути, ко мислиш Нобелова награда добиле. Прави еднаш годишно некој стенд ап демек Рекапитулација на изминатата година, некој музички настап измеѓу, и ајт.
Мора ли да умрат за да им се даде награда за животно дело? Не, награди го додека е жив. И за што да ги награди јутуберите и инфлуенсерите? Оти многу придонесуваат за културата? Ака Бака Прасе? Гледам во публиката па се млади генерации беа, па не ги знаат луѓево.
Ова ми е однесување за во трето одделение. Не сум јас крива, другите се. Глумица е, би требало да се снајде на сцена. А и да направи некоја грешка, многу е посимпатично да се нашали на своја сметка отколку арогантно да се правда.
Па тоа е награда за животно дело, а не за средовечовно. Врчак пример има 40се години, и има уште толку да живее, и да твори. Затоа и многу награди за животно дело се даваат постхумно. Друго, ЈуТубери и Инстаграмаши не се само Баби Свињи, Лазаревци и ОнлиФенс мамички. Има пример многу квалитетни српски јутубери, па дел од нив и само на англиски праат видеа. Кај нас тоа не е многу активно, и ако он дава награда, ќе земат елан младите, ќе творат нешто квалитетно за да рече некој еј добил Буба Мара, браво, и баба му ќе се фали по комшии. Друго, пример може да водеде награда профил што ја претставил Македонија во позитивно светло во светот, и ете може на Гонев да му даде признание. Чоекот има 100 илјади и кусур следачи од цел свет, и милионски прегледи на видеата. Или па она девојчено плаво што во едно видео што збори на десет јазици и дијалекти, што прави комични видеа. Исто милионски аудиториум. Знаете дека е Македонка? Па дури може и за моден профил да даде, па и на некоја мамичка која не си ги продава децата тамо, него едуцира. Па тогаш може младите ќе се заинтересираат, па ќе следат Златна Буба Мара, па ќе се полни и уште поголема сала,па ќе му дојдат и поголеми пејачки имиња да земат награда и да испеат некоја песна, од овие екс ју рокерите од на дедо ми генерацијата...
Чекај чекај, малку ти се смешани брзините. Беше ти присутна таму? Врчак на 40 години не зема награда за животно дело, зема татко му Миодраг Врчаковски. Човекот е текстописец. Еве стварно не знам како српските квалитетни јутубери придонесуваат за македонската култура. Почекајте, на тв ќе ја видите наградата за инстаграм фаците. Има манифестација кај што доделуваат награди на инфлуенсери, не мора и на Бубамара да ги гледаме. Не можеш во ист кош да ги ставиш Александар Џамбазов, на пример, Кире Костов, Драган Мијалковски и сличните на нив кои цел живот создавале, со некој си јутубер што почнал да снима од досада. Едноставно, не се на исто рамниште.
Не, најјако ми е Андријана Јаневска шо добива секоја година награда за пејачка на годината, а жената последно песна/албум/концерт во 99та. Имаш млади пејачки Лара Иванова, Антонија Гиговска - дај им на нив, млади, перспективни, мотивирај ги малце. Ама не, бумерска работа - отпор кон се што е ново.
Антонија не била ни поканета, а издаде и албум и неколку песни. Срамота. Кај е Пајак? Истото му го правеа и на Тоше. Награда за најдобар пејач на Ѓоко Ѓорчев, а Тоше ѕвезда. После па со години постојано постхумано го наградуваа. Ама како секоја година Игор ќе рецетира и Адријана ќе зима награди. Адријана!
И ја нее ја сакам многу многу, ама што правиме за предходните песни? Башка во 2023 беше бремена, па одморала од промоции за албум/снимања. За Адријана ја немам слушнато песна очигледно луѓе над 35+ години само ја слушале на времето.