1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Златна Бубамара на популарноста

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од alisa222, 9 февруари 2011.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    15.104
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle дали си била на најмалку две претстави и кажи што не ти се допаѓаше? Дека еве, прашање на вкус е.
     
    На christinnn и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.621
    Пол:
    Женски
    Кој точно е Тино а кој Атанас од двајцава? :D Ги имам и во театар гледано ама никогаш не научив кој е кој.
    Овој што имаше подолга коса и гледам ја скратил, со кратка баш е мммаче. :wasntme:
     
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.797
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам дали зема, ама еве и минатата година Mакедонка победи Славица. Какво, такво, гледано музичко шоу е што опстојува со години.
     
    На Splendor. и Кена Рис им се допаѓа ова.
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    5.632
    Пол:
    Женски
    Прво да разграничиме, добар глумец не значи по дифолт добар стенд ап комичар. Комедија во театар и стенд ап не е исто. Чисто информативно.

    Млади се и имаат потенцијал, не сакам да кажам дека не можат да бидат добри стенд ап комичари ама сценариото на Бубамара годинава им беше тапа.
     
    На Sielo❤️, Ajronmen, Purpleheart и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Жими се' , најлошо поминати 4 часа |( останав до крај со надеж дека добриот дел допрва доаѓа :fubar:

    Не ми е јасен делот со Рамбо Амадеус?!?! Само јас не го знам типацов?!? Дотолку е битен,да не удостои со ца. пола саат настап,и тоа со песни што се состојат од ДВА збора?
     
    На FridaodaMk и violetblue им се допаѓа ова.
  6. Filip N

    Filip N Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Преку Бубамарава може да ја дијагностицираме клиничката смрт на клутурата во МК. Ако се сеќавам немаше награда ни за најдобар пејач/пејачка, спот, песна, филм.. сите награди беа за животно дело.

    Али и покрај тоа секоја чест за организаторите што си го фураат филмот на Златна Бубамара. ЗБ сеуште е единствена манифестација што може да ја седне Македонците пред ТВ.
     
    На Limonka93, christinnn, FreeToGo и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.263
    Пол:
    Машки
    Никогаш не сум сакал „Оскари“, „Златни палми“„ Лавови“, Лисици, итн. . Сум ги сметал за парада на претенциозност, суета, „гламур“ за парање очи, и капиталистичка „логика“ на квантифициран „вкус“. „Златна Бубамара“ е како сите овие само во даунгрејдувана верзија, како андроид апликација без претплата, ама со висока влезница (за македонски стандард). Никогаш не сум гледал и нема да гледам. Од тоа што случајно сум „фатил“, не, по моја волја, ми останала многу, многу, многу лошата сценографија и многу, многу, многу лошиот „хумор“ на водителите. Ми се плаче кога го гледам Сашко Коцев, во некаков обид за политички инспириран хумор, а сум го гледал како го глуми Макбет во МНТ, и знам дека е добар актер. Имам разбирање дека од нешто мора да се живее, ама сепак, изгледа тажно. Најтежно од сѐ е мислам обидот да се претстави „ова“ за „настан“, во кој ни самите „добитници“ не веруваат, но, мора да се појават за да одржат некаква си „популарност“, да ја “играат играта“ на видливост за по години кога ќе ги снема, зашто уште потажна кохорта од „јавни личности“ ги заменила, да се повикаат ретроградно на : „Еве освоив толку и толку статутки, бев НЕКОЈ, вредев“.
     
    Последна измена: 10 март 2024
    На SummerGirl и theunforgiven им се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.047
    Пол:
    Машки
    Има гледаност ради тоа што веќе имаше фан база која секако ќе го следи шо и да прави.

    Инаку далеку од тоа дека е првиот поткаст во мк.
    Не е ниту првиот јутубер.
     
  9. bik93

    bik93 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ова уште постои???
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    5.632
    Пол:
    Женски
    Добро од сите песни што излегоа годинава од млади артисти, стварно Некст Тајм требаше да земат награда за хит на годината?!

    Честитки за Калиопи и Синиша. Макар што пејачка на годината можеби не требаше да оди кај Калиопи покрај другите две награди ама ај…

    да се едитирам
    Зошто ја саботираат Антониа? Не памтам дека има добиено награда, а девојката растури со работа.
     
    На elimkd, FriendOfDorothy, awkey и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Немам гледано со години, ама ако мора да погодам, би рекла дека е ради тоа кој има врски. Како и се друго кај нас во државата.
    Исто така сум фасцинирана дека ова уште постои и луѓе го гледаат. :D
     
    На Splendor., Компир Манџа и lovely91 им се допаѓа ова.
  12. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    5.632
    Пол:
    Женски
    Па треба да постои и не само ова туку да има уште многу други културни манифестации. Ама во право си, не остана многу народ во државава што следи и почитува култура.
     
    На Bitter-Sweet, elimkd, Splendor. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    Затоа што награди добиваат тие што се блиски до Ранко. Одамна е веќе така. Луѓето почнаа да приметуваат, па затоа имаше многу непродадени карти (баш го проверував ова). Јас до пред 3-4 години одев често на ЗБ, ама веќе не одам. На ТВ ако не заборавам да гледам и тоа е. ЗБ не е веќе тоа што беше.

    Не знам дали К-15 добија награда, бидејќи пред настанот на профилот на ЗБ ставаа видеа од 1998 година кога им дадоа награда, па претпоставував дека пак ќе им дадат. Но за што награда? Имаа нов скеч? -не.
    Постигнале нешто оваа година? -не.
    На Калиопи зошто награда?
    Имала некој хит годинава? Направила нешто позначајно во музичката кариера? Се натпреварувала негде? -Не!
    Наградиве на ЗБ онака одат како од рака. На кого му текне на Ранко во сон, на тој ќе му даде. А во соновите често му се другарчињата.
    Имаш прабо, на многу млади артисти, како Лара Иванова, 2 Бона, Јосиф, Антониа, Пајак (растури дечково претходнава година) и тн. наместо да им дадат некоја награда за да ги поттикнат и им дадат мотив да работат уште повеќе, они им даваат првенство на другарчињата на Ранко.

    Можеше оваа манифестација да стане многу голема, а и да се прошири на Балканско ниво, ама од година во година пропаѓа.

    Грешка си. Ако ти текнува, до пред 3-4 години картите за ЗБ се продаваа за 20-30 минути откако ќе беа пуштени онлајн. Ја пишуваа сите медиуми таа вест. И јас бев еден од тие што играше ,,брзи прсти" за картите. Но како и јас, кој сум голем и чедт посетител на културни фестивали, така и другите, се откажав да одам на вакви настани од неколку причини.

    Прва причина:
    -Цените на картите енормно пораснаа, а не понудија никакво подобрување (дури ни греење нема, па мора со бунда да седиш)
    Втора причина:
    -Начинот на кои се бираат добитниците на наградите е многу лош и доколку сакаат поголема популарност и посетеност, начинот мора да го променат со воведување со специјално жири кое нема да има претензии кон некого и ќе биде независно.
    Трета причина:
    -Нема атмосфера, освен ако се погоди некој добар музичар како Некст Тајм, Влатко Стефановски и тн. за да ја направи, а тоа трае колку што им трае настапот.
    Четврта причина:
    -Лош избор на стед ап комичари. Иако ги почитувам Тино и Атанас, сепак тие не се за стенд ап комедија. Просто не ги бива во тоа. Најдобро е да го земат Бојан Велевски (за кој не знам и дали му дале воопшто награда, а во 2023 година растури со настапите низ Македонија) или Никола Тодоровски. Баркли исто така е добар, но исто така е изоставен, бидејќи Тино и Атанас му се другарчиња на Ранко.

    Се на се, кога ќе собереш се, ќе видиш дека манифестацијава оди во удолница.
     
    На Sielo❤️, elimkd, Bebce1 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Твојот почит кон култура е евидентен преку твојот обид за индиректна навреда.
     
  15. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    6.460
    Пол:
    Женски
    @Компир Манџа Како не направила Калиопи ништо годинава??? Сериозен си??? Извади нов албум со хитови цело лето се слушаа, концерт имаше и растури. Дај бидете објективни малку. Тоа што не ви се допаѓа артистот не значи дека треба да не му се признава работата.
    Антониа заслужува почит реално девојката каква таква не застана со хитови.
     
    На L.i.n.a.a, LiquidLuna, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    Калиопи е во години. Не дека не треба да прими награда за постигнувањето, но има многу артисти што чекаат пред неа. Она и порано имала вакви успешни години, но дали тоа треба да значи дека секоја година треба да и даваат награда на ЗБ?

    Види, јас не сум против неа како музичар, туку како личност. Како музичар е една од најдобрите на мак сцената, не го спорам тоа, но на 50-60 години да им ги земаш наградите на младите надежи? -не е во ред тоа.
     
    На elimkd и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    15.104
    Пол:
    Женски
    Да немаше местенки, до сега Фолц ќе земеше една награда на Бубамарата.
     
    На FriendOfDorothy и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    Еве ја листата на добитниците за награда:

    Screenshot_20250220_125416_All PDF Reader.jpg

    Искрено не се сложувам баш со добитниците, ама па кој ме прашал мене. Ранко си знае. :D
    На Калиопи можеле уште 2-3 награди да и дадат.
    За Ана Петановска првпат слушам, ама ете, најперспективна млада пејачка е (иначе пратам мак музика).
    За театарска претстава врска нема.
    Илија Најдоски требаше многу години порано да земе награда, а не сега.
    Има и од другите за коментирање, ама ај да не ја правиме големата. :D

    Секоја година нови награди измислуваат. (facepalm)
     

    Прикачени фајлови:

    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.901
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. Јас сериозно не знам која е оваа Петановска прв пат ја слушам. Ние сериозно имаме многу малди дечки кои ни се свиѓале или не ама заслужуваат да бидат на таа сцена… ова веќе не е бубамара на популарноста туку на другарчињата на ранко
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Машки
    Веќе јавна тајна е, а и народот збори дека другарчињата на Ранко ги зимаат наградите.

    Нема никаква програма ЗБ. Не знаат кај тераат. Една година еден тип на наградата, после друг тип, па трет и така до недоглед.

    Паѓа гледаноста и посетеноста, но тоа ќе го прикријат. Камерите намерно не ги фаќаат празните столчиња.

    Еднаш ќе се израдуваш и ќе речеш еве и Македонија се носи со регионот, имаме добри манифестации, и на крај буниште.
    ,,Македонските Оскари" in my ass :rofl:

    Штета. :(;(
     
    На Pham и awkey им се допаѓа ова.