Секоја година ја следам Златна бубамара, ми се допаѓа како манифестација, забавна ми е. И оваа година не беше лошо. Си се изнасмеав со Сашко, тоа беше одлично смислено, значи буквално на земја легнав од смеење. Заради барокот најмногу. Малку оној дел со запросувањето ми беше излишен, не ми беше по вкус, незнам зошто. Дали дека јас не сум фан на јавни запросувања... Џамбазов беше одличен како што и очекував, посебно оној дел со Нокаут ми се допадна. Во врска со облеката, Каролина ми се допадна најмногу. Прекрасен фустан, убава фризура. 10че.
Еве неколку дела за тие што не гледале http://www.youtube.com/watch?v=BiZo7iTtOpI http://www.youtube.com/watch?v=LYNTWOfnqQc http://www.youtube.com/watch?v=xNWbug7gtxk http://www.youtube.com/watch?v=wwcTN_abvks Фалат уште 2.
да не излезам мрчатор, ама мене поинтересна ми беше бубамарата лани. Не викам дека оваа не беше добра. Годинава се изнасмеав само на фората со латас и ефтов, другото ми беше онака просечно, знаеме дека сашко може и повеќе. За разлика од годинава лани беше со паркингот, со колите (баба ја возела), со скулптурите далку далеку покомично од сега. Немам приговор за запросувањето секоја чест!
Еве јас само набрзина, на паузата од учење, да се надоврзам со Дафи.. Еве ги доставиле и двата дела, нека се редат еден по друг. Можете да ги гледате на јутуб, немора да чекате до другиот викнед. http://www.youtube.com/watch?v=BiZo7iTt ... ature=plcp
http://www.youtube.com/watch?v=q2pHIOYvI4o На оваа најмногу се смеев Посебно делот кога вика дека сите жени личат на Васко Ефтов Во Прилеп ако има студирано сигурно е со врски, lol Секоја чест
Ја гледав репризата...уфф се расплакав кога видов како сашко ја побара за жена неговата девојка...но исто така ме изнасмеа со неговите мајтапи...за се го бива човеков
Навистина годинава беше посебно,добро организирано и навистина романтично. Сашко е одличен,како изведе се,навистина е за почит.
Секоја чест за Сашко Коцев, без неговите слободни минути предвидени за шеги, оваа Бубамара ќе беше утка. Наградите разочараа, не се доделија некои награди како на пример за машки пејач, некако се на се многу пуст ми изгедаше делот со доделувања. Неговите смешки, начинот на глумење и изведување на тоа сценарио е за чиста 10ка, се изнасмеав, а до година ќе одам и во живо да ја гледам обавезно, ако ништо друго наше шоу еднаш во годината.
хахахаха и мене исто цела емисија неможев да станам од смеење ама закон беше кога ја запроси девојката...
Јас ја гледав репризата и значи стварно се изнасмеав. Едно големо браво за Сашко Коцев, човекот е стварно ѕвер. Исто така и тоа со просидбата беше многу јако :up: и следниот пат сакам во живо да ја гледам Златна Бубамара. Патем мое мислење е дека без Сашко Коцев ништо не би била златна бубамара затоа што ќе биде многу тапа само делење на награди итн. Поздравче од мене со едно видео. http://www.youtube.com/watch?v=RGUObGJ7 ... re=related Каква фасада? Лелелеле Ќе биде ли плава? Не,не,не,не... Каква фасада? Лелелеле... Барокна ли е? Да,да,да,да... Кажи ти да кажи ти да хахахаха!
Јас искрено оваа година првпат го гледав онака цело и да разберам и да плачеш од смеење Оваа година беше стварно феноменална + запросувањето и Сашко Коцев ни е стандард кумановец си кажува се така даааа се надевам и следниве години ќе бидат добри како оваа.
Абе јас би сакала да одам да ја гледам во живо... ама изгледа карти во продажба нема ни да има... А толку неверојатно е чувството да бидеш таму, незаменливо е...