Не мораш да гледаш ништо што не ти држи внимание, но апатијата е пасивна форма на критика. Ти го сфаќам моментот, не ми се свиѓа - не гледам. Мојот момент е, не ми се свиѓа - критикувам и кажувам зошто, затоа што сакам да се подобри. Само ако има кој да слушне.
Мислам дека секој сака да се подобри. Зошто некој не би сакал да гледа филмови, слуша музика и следи манифестации кои се домашни и полесно достапни? Проблемот е во тоа што до сега со години се кажувани критиките, не дека не се запознаени со нив. Едноставно никогаш не биле слушани. И тоа води до луѓето да имаат 2 опции: или ќе продолжиш да критикуваш и ќе си дочекан/а со стандардот "само да се плука по нашето" или едноставно нема да коментираш и следиш. И сега ниту една опција опција не е добра. Верувај јас радо би седнала да критикувам, баш обожавам да критикувам. Ама знам дека е за џабе.
Дај му бре награда на Четкар каков уметник, со невидена пасија и енергија, растура низ цел свет да не зборам за Пајак кое освежување на мкд сцена
За тоа девојчето Ана синоќа првпат слушнав, а кажаа нешто во стил светско во најавата. Сликарот не ми се допадна што запали цигара на сцена? Да не беше пијан? Чудно зборуваше и не ми делуваше стабилно. Бубамара ја гледам поради Сашко.
Ана не знам како ја ископаа, многу специфичен и несвојствен глас за пејачка. Па уште и говорот дека го чекала моментот(?). Мислам, повеќе од очигледна е разликата меѓу неа и Дарио (од аспект на однесување на сцена). Тој сликарот и во прв ред си пушеше на моменти. Ужас и брука за цел настан. Исто и Вера, разголена ко да е некоја евтина манифестација. Невкусно скроз.
За девојчето Ана изгледа никој не знаеше се до вчера. Сликарот издрогиран максимум. Плус цигара запали. Култура компир 0. Тино зацепа со политика, се надмина себеси. Катастрофа беше. Единствено добро во ЗБ беше Сашко Коцев.
Златна Бубамара обично ја гледав само кога се појавуваше Сашко Коцев со хуморот, исто и Тино и Атанас. Ама оваа година тотална утка ми беа, еј на толку материјал што ни се случуваше низ државичево, слабо срцки*поздрав и mwah* @FriendOfDorothy. После ми текна дека секогаш е слаб хуморот кога се ВМРО на власт. И така. А не сум северџанка инаку
Имам некое претчувство за титулата ,,Пејачка на годината", една наша ѕвезда имаше огромен солистички концерт годинава, со околу 500 роднини и пријатели. Нека стои ова овде за да се самоцитирам и да проверам дали интуицијата ми е добра.
Песна на годината ќе биде - Маааксим Димитриевски Група на годината, постхумно-ДНК За животно дело - Наум Петревски или Блага Петревска или Миле Кузмановски За најпопуларен од екс-ју- Аца Лукас
Бубамара за пејачка - Антониа Гиговска, неколку песни издаде девојката лани, се труди, интересни стајлинзи, Калиопи, Каролина и Тамара не беа нешто продуктивни, само тие три добиваат. Нема да добие Антониа секако, не е блиска со Ранко. Бубамара за пејач (артист) - Пајак, не знам дали ќе даваат оваква статуетка, после смртта на Тоше мислам дека категоријава е замрзната, ова го сметам веќе за апсурд, светот ги загуби Принц, Мајкл Џексон, Џорџ Мајкл, па никој не ги укина овие категории, оваа награда би била мотивација за доста млади. Бубамара за концерт - Слаткар и Тони Зен. Бубамара за најинтимен концерт со најширока фамилија и пријатели - Бојана Скендеровски. Хитче на годината, мене ми беше она на Дупер (Некажано), али песната на Антониа и Пајак е најзапазена на јутуб, преку 3 000 000 прегледи, заразна е и хитче е. Албум на годината - оној на 2Бона или на Слаткар (а и само тие два албуми беа издадени лани). Група (ДУО) - Дупер. Камбек на годината - Елвир Меќич. Бубамара за спот - ,,Нема, нема" од Бојана Скендеровски. Или најсеминарска презентација на PowerPoint.