За златна бубамара еуфорија нема од пред 10 години… сите чекаат на тв да го гледаат од онака, од навика што останала не од што е добро.
Па добро, не ја следам до толку. Само моменти гледам некои. Кога ќе почнат досадните, одам тањири да мијам во кујна. Знам дека порано кога ќе се кажеше Златна Бубамара, се наежуваа луѓе. Карти снемуваше за 20 минути. А сега не можат да наполнат сала и даваат гратиси.
Се знае кои добиваат награди, се е врз основа колку си близок со Ранко. За што да одам на вештачки награди. Катастрофа, глума лоша.
Дааа, ова е вистина. На сите „златни бубамари“ сум одела со гага карти. Не само јас, туку сите што ги познавам. Инаку никогаш не би се наполнила салата.
Јас нема ни да ја гледам оваа година. Од година во година е се полоша. Другар што бил, ми кажа дека беше катастрофа. На 2:45 часа седејќи, си заминал дома разочаран. Не чекал ни да заврши. Иначе траела 3,5 часа. Џоа мислиш Оскари се.
КА ТА СТРО ФА! Не знам што се заебав да ја гледам, а реков нема. Единствено добро нешто беше првиот пат на Тино и Атанас, Игор Џамбазов и тие од Америка што пееја џез и соул. Другото тиња. Ќе речев греота за луѓето што си платиле карта, ама кога ќе видиш дека 90% се со гратиси, тогаш и не е баш греота. Тие 10% што си платиле карта се посебен случај. И другарчињата на Ранко пак тука. Истите луѓе на секоја Бубамара се. Најдобро е да го продаде настанот, дур не паднал у провалија. А моментално виси.
Цело време се истите ликови, преочигледно е дека е селективно. Кога би го тргнал Ранко егото и би ги земал предвид сите уметници и ликови од јавниот живот во Мк би било многу подобро. Супер е ко манифестација, треба да ја има, ама барем на забавно шоу да нема филтер и врски
Ако е ваква каква што е, не треба да ја има. Денес зборев со неколку луѓе за Бубамара и ако ми веруваш, сите ми кажаа дека се разочарани. Оваа разочараност од година во година ќе расте и на крај ќе мора да ја продаде манифестацијата или да ја прекине да се емитува. Мене искрено ми е жал што немаме ваква добра манифестација. Зошто би делел гратиси ако не е добра. Имаат луѓето пари да си купат карта, ама не сакаат. Скопскиот фестивал го укинаа, Макфест го унаказија (а од таму излегоа многу познати пејачи), М2 исто го укинаа. Значи ништо не знаеме да задржиме како што треба. Една Бубамара исто ја унакази Ранко. Штета. Стварно штета. Не знам каква била на почетоците, ама ова не е тоа што треба да биде. Еххх порано кога ја викаа ,,Македонските оскари", а сега...
И мене ми беше најдосадна оваа година, без веза млака. Веќе неколку години е вака некаде 5 години, ама досега најлошо издание. До пред 5 години беше и интересна и се со содржина хумур и овие години се јадеше некако, ама оваа година катастрофа… Не знам за гратиси прв пат слушам, знам тепачки за карти имаше пред 2/3 години, тоа беше и тема по медиуми како одма ги снема.. Ама оваа година ако ги купувале ме интересира како им се дава пари за оваа досада многу досадна беше..