Неможам да ја заборавам ланската бубамара!! Пресмешно беше!! Сашко е еден многу добар (читај убав ) актер!! Најјак ми беше делот со ајпоп уфф пред некој ден го даваа на канал 5 и се потсетив на сите и уште се смеам Сега едвај чекам наредната!! И имам некакво чувство дека ќе биде и подобра зошто од година во година се подобруваат!!
Јас го обожавам овој настан,а посебно ми е омилен поради Сашко Коцев,се што се дешава тука низ државава,ќе го каже низ хумор ем ќе не' изнасмее,ем ќе си признаеме што е како е
Јас го обожавам овој настан,а посебно ми е омилен поради Сашко Коцев,се што се дешава тука низ државава,ќе го каже низ хумор ем ќе не' изнасмее,ем ќе си признаеме што е како е
Вчера бев и си поминав одлично не дека сум толку голем љубител на нашиве изведувачи, најдобро нешто во целото шоу е хуморот и да ви кажам се изнасмејав слатко затоа и сакав да појдам! Једина мана е тоа што беше неудобно за седење па јас со стомаков до заби одвај ме собра И да, слушнав дека универзална штала ќе ја реновираат само е прашање кога?! А дали ќе биде барокна или не е тоа незнам
Лани единствено беше глупава реакцијата кога ја побара за жена, друго се супер беше лудо се смеев дури и на репризата па едвај чекам утре да ја гледам
Супер беше Бубамара, одлично часовно шоу како и секоја година. Оваа година хит беше индискиот настап на Сашко, како и групата од Нови Сад кои направија супер атмосфера. Не откривам повеќе со цел утре да ви биде интересно
предходните години само на тв сум гледала и неколку видеа на јутуб.. оваа година имав чест да идам и да гледам ви живо.. Вeлам имав чест заради тоа што многу добро си поминав, браво за организаторите, за креативноста, за целото шоу.. Прво, сашко коцев е незаменлив, алал да му е на човекот, се згазивме од смеење, немам никакви замерки, не знам што ке беше бубамара без него.. Второ, групата од нови сад беа извонредни! не кренаа на нозе, буквално.. Тумбао салса бенд, бравоооо браво, најдобри!! Алал да им е на целиот бенд.. Биљана беше извонредна имам замерки се разбира (не сме балканци ако не најдеме замерка) многу многу тесно беше.. вистина е дека универзална ке се реновира но сеуште немаат распишано тендер, информација од прва рака зошто моите се пријавија за тендер меѓутоа уште нема одговор.. и ако го направат тоа, браво, добра работа ке биде.. Послем, наградите.. ужас!!очекував тамара да добие некоја награда, бидејки реално во последно време работи многу, очекував каролина барем за концерт на годината (иако не знам каков и бил концерот), очекував најозборувана личност во годината!! што знам, барем во делот на наградите да беа малку покреативни, па и награди на мајтап да даваа интересно ке беше. се едно исто..И би било добро да има барем номинации на неколку луѓе, за да биде по интересно да не се очекува или знае однапред (како што и е инаку) и така би се собрале поголеми артисти.. ИИИИИИИИИИИИ ФАЛШИРАЊЕ НА ГОДИНАТА СЕ ДОДЕЛУВА НА ВИКТОРИЈА ЛОБА (не дека ме изненадува ама тоа што го слушнав беше beyond everything) Иначе одлично шоу, успеа Коцев да не задржи 4 саата седнати.. браво големо за него
Епа конечно го дочекав денов каде што ќе можам да се изнасмејам и да му се воодушевувам на Коцев Прајте што ќе праите вечер во 20:00 саат бидете пред Канал 5 за смеа и забава
Мене годивана во споредба со лани не ми е ништо посебно. Што знам, лани подобри фори ми имаше Сашко.. Епетн стегнато е сега некако.. Тоа е, ќе продолжам да го гледам, ама чисто онака без големи очекувања.