Умрев со ова Субрата Рој песнава И со тоа овој што вика Јас сум Субрата Рој,со бркот мој Незнам од кога вака не сум се смеела,хух
Во споредба со лани мислам дека лани беше кај кај појако ама и ова не беше лошо.....Самуил пред очна болница а Триумфална порта во порта Влае Почекајте И поздрав до денсот на Сашко со песната за Субрата Рој Инаку кога Сашко ги правеше склековите нешо со Игор Џамбазов си пребација и Игор му рече нешто ај и оанак ти е последна година ова во случај да не беше дека другата година друг ќе ја води Бубамара а не Сашко
^ Јас мислам дека беше заради склековите. Дека секоја година го малтретира и доста му е више. А за содржината, не беше воопшто лошо. Мене ми се допадна. Танцот беше врв, стомак ме здоболе дури
Со оглед дека ланската бубамара според мене беше врв, оваа година не ни очекував нешто посебно. Некако Сашко ги врти истие фори, како да ги исцрпи сите теми и сега онака, колку да се каже нешто. Игор е веќе прочитана книга, јас би ја оценила со 3че.
Пхаа...Лоба беше препрепреубава ...ама пеењето ... Фрајлите беа ТтоопП Смешките на Коцев , штосовите ..леле кога рече Се занел еден мој пријател глуми во представа , глуми..кога слуша од четврти ред ..ох-ох-ох ...леле умрев значи ... Замислете јас и жена ми во кревет и доле под кревет некој ни прави ох-ох-ох -здраво јас сум Сашко. Мене тоа ми беше најјјј.И тоа со споменициве. Требаше политичар на годината од власт ... од опозиција ... Годинава пројде без врвни имиња како што се Владо Јанески , Есма , Влатко Лозаноски Каролинче... И најмногу ми беше од се што Тошки ама баш не го ни спомнаја ни песна ..ништо .. И да не заборавам ...јако беше и тоа ...Ентер-бујрум канцел-пишман стенд бај-раат
И јас очекував повеќе.. Сашко не беше лош, но можеше и подобро.. Смешен ми беше кога збореше за спомениците и за ендемските видови во Македонија Настапите на сите скоро ми беа досадни како и говорите на наградените. Лоба и Калиопи како и секогаш ми се одвратни.. А врвот беше ќерката на Тинекс кога рече дека ќе продолжеле да работат како до сега Што ќе продолжите мор? Да крадете како до сега? Малце ли ви се трите куќи на Водно?! Живко Мукаетов мора да престане да трепери пред камери! Срамота е за таков бизнисмен како него, да се тресе дур држи говор.. То је то људи.. следната година поише. И едно прашање. Бројот за донација важеше само за корисниците на Т-мобајл? Зошто пробав од Вип и неможеше..
Не добиле никакви пари од градот шега беше пародија на политички говор кога даваат отчет како се потрошиле парите
Не знам, не приметив, јас цел говор го сватив како зафрканција, зашто и Ранко беше така театрален како на митинг да збори а не во Универзална. Нешто не ми штима Град Скопје да дава спонзорства а, секоја година ги ‘‘исмеваат‘‘ скулптурите и проектите. Не знам можда грешам.
Па може баш затоа им пуштиле некоја денар. Годинава само за спомениците збореше, ама и тоа во многу блага форма. Не би го пишувало во спонзори да не беше така. А и рече човекот дека мора да спомне.
Златна бубамара оваа годинан ја промашиле дефинитивно.Сашко секако како и секоја година прекрасен и комичен,ама се гледа дека му снемува теми за комичарење.Се друго беше кичесто,почнувајќи од онаа Лоба,која упорно ја туркаат а девојкава фрла фалшеви и дистонантни тонови ко луда
Сашко како и секогаш беше закон! Тие негови пародии, па и спотот за Субрата Рој Иако се согласувам дека претходните години беше подобар. Лоба Која е таа? Мислам, дајте, што бараше таа на „Златна Бубамара“? Ниту направи нешто годинава (не дека претходните имаше нешто големо) за да ја паметиме, ниту пак кажа нешто да се насмееме па да кажеме „Добро е што ја нашле“. Најтоталната утка годинава! Па и оној Емил Арсов кога го видов Толку одвратен ми е! Али, ај, ќе го прогледаме низ прсти, г-нот Тончи го донесе. Игор некако остаре. Калиопи секогаш со истиот говор на сите манифестации, само во извртена варијанта. Фрајлите дефинитивно ја разубавија вечерта. Генерално, едно јако 3че им е доста за оваа година.