Само знам дека Мужде ќе остане со Азис Еве линк каде може да ги видите сите епизоди http://www.femina.mk/out/?id=fc1e96b6be ... p_720.html
Случајно некоја од вас да не знае како можам да ја најдам една песна од серијава. Станува збор за песната од минатата епизода што му ја пееше таа пејачката на Азис - балада беше - ... Ајде ама ви објаснив ама се надевам ме разбравте ...
Незнам дали на оваа мислиш.Само неможам да го најдам името и мене ми е убава, па ако некој знај како се вика нека пиши https://www.youtube.com/watch?v=Ow_2lc9nCvs Еве ја ја најдов цела http://www.youtube.com/watch?v=00OpUADLGSc
Jас како што ги разбрав, Виждан остави на сите по малку пари за во иднина да им се најдат а останатите пари ги вратила во хуманитарни цели,Така и кажа тој братот на Мужде (не ми текнува како се вика) на тоа трудното жениште и таа му рече : од тие пари не смееш да вадиш оти тие се за нашето дете а не да ја раниш баба ти,сестрати и брат ти. И затоа тој сега бара работа. Мужде ја продаде колата за да го изнајми дуќанот ама дуќант се запали и сега таа се врати сега кај брат и оти и чантата со пари и изгоре внатре. Ke се појави уште една женска, претпоставувам дека тоа е полусестрата на Азис по татко.Брат и на Мужде живее со таа Јилдиз, ке му роди дете ама уште ке го мафта со тој што ја уценуваше за пари.Мужде и Азис ке се земат ама на крајот ке се раделат и ке треба да се разведат.Последната сцена е, се среќаваат поред судот , Азис како да ја моли нешто да му прости, телефонот звони, он збори со некого и толку. Останува како недоречено, недовршена серија.
Песната е од Емрах Ипек, тој што го глуми Азис во серијава бил и пеач https://www.youtube.com/watch?v=lqkVHE08qqk
Боже мили... како ќе заврши, глупости. Како Бунтовничка ако се сеќавате.. Засега ми е убава серијата, и си ја гледам вечерно време, ете сега игра, ама не ми се гледа нешто. Амо после гледам ќе се скарале Азис и Мужде..
интересна ми е сеусте ама нема несто како на поЧетокот сто бесе ииии мислам дека кажува комедија која ке стане трагедија мислам дека така кажа на тв тогас кога ке поЧнесе
Можеби некој ќе рече дека Азис е предобар и дека многу е вљубен во Мужде и дека многу ја сака, но да беше така како прво не ќе можеше Асли да остане бремена од него, а како второ каква ли е таа љубов кога Азис не и ја кажува на Мужде вистината за неговото минато, зарем Мужде за Зелиш требаше да дознае од Асли, сега па Азис кога гледа дека Мужде е љубоморна зошто не и каже јасно дека Мелек му е сестра, а не девојка во која е вљубен. И да ја сакаше вистински Мужде, немаше да си замине со месеци, без никој да знае каде е, бидејќи ако навистина ја сакаше Мужде, а не Зелиш која ја гледаше во Мужде ќе се бореше за неа и ќе и докажеше на било кој начин дека вистински ја сака. Можеби некоја вина има и Мужде, бидејќи не го сослушува до крај, но сепак Азис е највише виновен за ситуацијата во која што се наоѓаат и двајцата. За Мелек немам што да кажам, освен тоа дека е толку многу добра која што се заљуби во погрешен човек-Тарик, тој не е за нејзе, тој е оженет човек кој сеуште е во брак и дури има и мало слатко бебенце. Без разлика каква и да била во минатото Јилдиз таа сега му е жена и мајка на неговото дете, таа откако е со него го нема изневерено Тарик за сега тој да ја изневерува и понижува со некоја друга. Мелек е личност која може многу лесно да биде повредена, бидејќи има добар карактер, само едно не ми се допадна кај нејзе, но можеби и она беше во право кога не го ислуша Азис што има да и каже, сепак од каде да му ги знае намерите на Азис, особено така сами во неговата куќа, а тој почна да и зборува за љубовни чувства.
Oколку бременоста на Асли. Таа остана бремена онаа вечер кога му ја растури венчавката на Азис.Нели имаа закажано ,Мужде имаше и венчаница, азис ,костим и ја чекаше Мужде тајно да се венчаат и одпосле да му кажат на брат и и на незиното семејство кое не и даваше да се мажи за него.азис се опијани од секирација и Асли го собра пијан и го однесе кај незе во соба и тогаш Азис демен на незнаено, односно на пијано ја затрудне Инаку азис никогаш не ја сакал, ниту пак сега ја сака, дури на Мелек и рече пополека да оди на рецепција па да се запознае со сите работи и да го земе местото на Асли. На асли посебно и е лут со сликата од зелиш што и кажа на Мужде и баш и рече. миго уништи животот, ама ја држи затоа што е стручна во хотелиерството и затоа што многу и помогна на Мелек инаку до сега ке ја откачеше.Којзнае колку ке се лути кога ке дознае дека забременила без он да знае водела љубов со него на пијано
Дали Асли ќе го роди детето или ќе го абортира? Како ли ќе реагира Мужде дека Асли е бремена од Азис? Дали Мелек ќе биде среќна кога ќе дознае дека Азис и е брат?